Fargo

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex Baratheon
  • Време на започнување Време на започнување
Заврши прва сезона? Поштедете ме од спојлери :)
 
Тешко дека ќе има втора сезона
 
Тешко дека ќе има втора сезона
Баш тоа и јас се прашував. Ако има, ќе треба нешто ново да биде.

Или
Лестер ќе го извадат замрзнат, ќе го одмрзнат и ќе го стават во затвор, па ќе избега од затвор и ќе биде новиот Малво :icon_lol:
 
Леле, смртта на Лестер беше толку типична за него. После толку итроштини и бегање од полицијата дури и цели две недели за да умри толку глупава смрт...умре како што живееше.

Ама сепак, тоа со стапицата беше топ! :cuc:
 
Ок финалево.
Малво умре на начин каде што физички не беше способен да врати, всушност единствениот начин да го убиеш Малво е тој.
Малво умре поради гордоста, виде предизвик во новиот Лестер и едноставно неможеше да го остави да живее, всушност Малво го уби гордоста.

Лестер стана ептен успешен лик по средбата со Малво и доби све што посакува, но па од друга страна се претвори ептен во куртон и заврши под мраз.
Ми се допадна и приказната на Моли за ракавицата, Лестер е човекот што не би ја фрлил и втората ракавица за некој да си добие пар ракавици, туку би се нервирал и би ги обвинувал другите дека му паднала и би кроел планови како да ги казни.

Додека Моли немаше амбиции за материјално богатство, нема многу пари но затоа ја има вистинската вредност а тоа е фамилијата.

Имаме клише порака, но сепак претставена на убав начин, добро финале, ок серија, би сакал втора сезона.
 
Последно уредено:
Или обожавам серија или ич не ја гледам. Очекуван завршеток до негде, иако мислев дека Малво и Лестер директно ќе се пресметаат, сепак така се наредија коцките што правдата е задоволена. Лестер имаше пофилмска смрт со музиката во позадина.
Комплексни антихерои (лестер и малво) наспрема нормални херои (моли и гас). Лестер можеше да ја реши загатката за лисицата, зајакот и зелката, но не знаеше што значи загатката на Моли со човекот кој загубил една ракавица и ја фрлил другата. За Малво и Лестер светот беше само логика и натпреварување, додека светот на Моли, Гас, Лу, Бил шерифот беше темелен на емоции и меѓучовечки односи.
А на сите нив ги спојуваше случајноста. Лестер случајно го запозна Малво, Ставрос случајно најде пари, на Гас случајно му излезе волкот во последната епизода, Бил сосема случајно го пронајде посвоениот црнец, итн...
10/10
 
Иако некои епизоди беа совршени, серијата во целина не е за 10ка.

Сепак беше супер. Од мене 9/10
 
^ шо се замараш бе ти сега, уживај во одморот. :D

Иначе еве одлична вест за да ми го подобри денов, т.е. ноќва.

Ќе фали крипов. :D
billy-bob-thornton-talks-playing-an-evil-menacing-drifter-in-fargo1.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom