Fargo

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex Baratheon
  • Време на започнување Време на започнување
Почекај 2 недели па изгледај го филмот.

Не е поврзана приказната со филмот само така серијата е инспирирана од него
 
Инаку мислам дека Били Боб Торнтон не глуми воопшто, туку навистина е онаков психопат :D
Како и да е, до 7 епизода сум и комотно можам да кажам дека серијава е чиста десетка. Ги има сите елементи што се трејдмарк на браќа Коенови. На пример сцената кога Малво се чекираше во мотелот и кога прашуваше дали рибата спаѓа во домашни миленичиња. Или кога г.Намберс и тој глувиот се степаа за да влезат во затвор и фацата на Најгард во моментот. И сцената кога Малво требаше да купи радар, а овој му нудеше розев ко за подарок за девојка. Аууу :pos:
 
Трета ја изгледав.

Ауууууу! :D

Да ти ебам серијата. Не трепнувам додека ја гледам.
 
Кое копиле значи Lester-ов. :D
И тоа само една карта за Акапулко зеде, од тогаш значи одлучи да ја жртвува жена му. До претходната епизода бев team Lester, знам и пред тоа многу лоши работи направи ама пак нешто ме тераше да навивам да се спаси на крај, најверојатно поради аутсајдерот што беше од старт, а и самата серија те наведуваше да сочувствуваш со него. Ама тоа е, сакаше да му докаже на Lorne дека сега е во негова лига, а испадна дека сеуште е истата кукавица.

Како и да е, епизодава беше Aces! (y)

ipNr6hTyYUUUn.gif
 
Ама тоа е, сакаше да му докаже на Lorne дека сега е во негова лига, а испадна дека сеуште е истата кукавица.

Уште одамна мислам дека Лестер ќе го убие Малво на крајот. Не знам, така ми се чини дека би бил типичен исход за серијава. Така мислам дека би направиле и Коеновци. Инаку, добро, Малво умира, Лестер се предава велејќи дека го уби во само-одбрана и се е супер. Ама...од полицијата ги наоѓаат касетите на Малво. Досега сто пати ни ги покажаја, сигурен сум дека ќе имаат некоја важна улгога на крајот. Чаз ќе го ослободат, Моли ќе стани шеф на полицијата...and they all lived happily ever after.

Инаку да, последната епизода беше aces. :cuc:
 
Не знам што се планира за втора сезона ама на крајот од оваа мора да умре Лестер или Малво.
Малку глуп ми беше начинот на кој повторно им се вкрстија патиштата
 
Ги изгледав деветте епизоди и топ си е серијава.
Хуморот е прејак, целиот начин на кој што е снимена ствара одлична атмосфера.
Има и глупи моменти, не е перфектна али вреди.
Мадафакерска серија во секој случај :D
 
Мислам дека ќе се спаси Лестер. Ептен се заеба што мислеше дека може да се заебава со Малво, ама пак ќе спаси гз некако сигурно.
 
Има негде податок колку луѓе досега има убиено Малво? Јас избројав 31 онака од памет :D

Инаку Лестер е многу поголем психопат од Малво. Онакви луѓе како Лестер ги има премногу и во реалниот свет, малку да им пукне жичката или да ги мотивира некој им е доволно. Уште во првата епизода се покажа кога си ја уби жената и сега кога ја пушти азијката во заседа. Него летнати му се чафките одамна... одвај ја чекам последната епизода. Инаку на твитер ги има повеќето актери, на дебелкава Моли и јадеа гомна на твитер дека била многу дебела. :tapp:
 
Има негде податок колку луѓе досега има убиено Малво? Јас избројав 31 онака од памет :D

Инаку Лестер е многу поголем психопат од Малво. Онакви луѓе како Лестер ги има премногу и во реалниот свет, малку да им пукне жичката или да ги мотивира некој им е доволно. Уште во првата епизода се покажа кога си ја уби жената и сега кога ја пушти азијката во заседа. Него летнати му се чафките одамна... одвај ја чекам последната епизода. Инаку на твитер ги има повеќето актери, на дебелкава Моли и јадеа гомна на твитер дека била многу дебела. :tapp:

само у Фарго може уби 30 :D
или кажаа бројка па ја сум ја заборавил ?
 
само у Фарго може уби 30 :D
или кажаа бројка па ја сум ја заборавил ?
Замрзнатиот од првата епизода, исто и шерифот од првата и Сем Хес - тројца.
Мр. Намберс, четворица. Во масакрот во Фарго кажаа дека убил 22, значи 26 вкупно дотогаш. Па азијката од последнава епизода, 27. Пред тоа полицаецот што го чуваше глувиот во болница, 28 (го уби во вц) и тројцата од лифтот од последната епизода 31. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom