Fargo

Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510


Fargo е нова серија на FX, чија прва епизода премиерно ќе биде емитувана...саат и пол од сега. Критичарите веќе имаа можност да ги изгледаат неколку епизоди, но за сега има рецензии само за премиерата - сите велат дека е одлична, а следните епизоди биле уште подобри. Ако ве интересираат тие работи, држи оценка 9.1 на IMDB и 87 на Metacritic.

Името би требало да ви е познато. Пред скоро 20 години излезе филм со исто име, под режија на браќата Coen. Епа серијава е еден вид следбеник на филмот. Нема да се појават истите ликови, но атмосферата, стилот ( па дури и постерот ) од филмот сепак се присутни и тука, делумно благодарејќи на Коеновци, кои го направија филмот, а имаа улога како продуценти на серијата.

Серијата започнува со појавувањето на мистериозниот Lorne Malvo ( Billy Bob Thornton ) во едно мало гратче во Минесота. Неговото присуство ќе предизвика големи промени во животот на граѓаните, особено на Lester Nygaard ( Martin Freeman ).
Ако овие двајца не ви се доволно, друштво ќе им прават и Bob Odenkirk, кој го игра заменик шерифот Bill Oswalt, Olvier Platt, кој го толкува локалниот бизнисмен Stavros Milos и Keith Carradine, екс-шеф на полицијата.

Ако се чудите како FX успеа да привлече ваков ансамбл во една серија, одговорот е ист како за True Detective. Серијата всушност а анталогија, чии главни ликови ќе се менуваат секоја година, но рурална Минесота ( главниот лик, според креаторот на серијата ) постојано ќе е во фокусот на приказната.

За вас не знам, ама јас едвај чекам да ја гледам серијава. Ми фалеше нешто со ваков квалитет и талент уште од кога заврши True Detective.

Ако уште ве немам убедено, еве и трејлер:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Нека цицаат бе!

Си најдоа начина за експлозивни начини за привлекување, и ајде сега..
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Нека цицаат бе!

Си најдоа начина за експлозивни начини за привлекување, и ајде сега..
Де бре, небаре оригинални цедиња купуваш или мораш да си претплатен на FX.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Супер старт, ми се свиѓаше и ќе ја гледам.
Ама на Фримен зборењето :confused:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Многу големо HD-то бре 2,6гб. Која коинциденција пред 2-3 недели го гледав филмот и отварам ImDb и го гледам трејлерот за серијата.

Не очекувам да биде од нивото на најдобрите крими/драма серии, ама ќе и да дадам шанса.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Ептен убава прва епизода. Дефинитивно вредеше да почекам да ја гледам во HD снимката беше одлична.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Одлична, немам зборови за првата епизода, особено интрото ме убиваше.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom