Fantasy Premier League 2015/16

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не е битно на која позиција игра играчот.
Ќе влезе првата измена. Смолинг.
Мислам дека ако Синклер денес играше за Вила, ќе влезеше он иако не е прва измена. Ми се има случено неколку пати таква ситуација. Сега за Смолинг ме интересираше, не сум бил во ваква ситуација.

@dragonsky
Минатото коло требаше да бидеш во топ 2 милиони за да влезеш во купот.
 
Исклучок се прави само за дефанзивата за да се избегне 2-5-3 формација, како што кажа squirrel.
 
Кажувајте салам средњак место Деулофеу за наредно коло. Варди планирам на клупа да го оставам, повреден е.
 
Кажувајте салам средњак место Деулофеу за наредно коло. Варди планирам на клупа да го оставам, повреден е.

За средина еден од Тадиќ или Вајналдум. Со оглед на тоа што Њукасл игра со Вила, а и фатија некаква форма, ваљда попаметно ќе ти биде да го извадиш Србинот. Гледам го имаш Баркли веќе, па нема потреба и Деулофеу да го носиш. Најсигурна опција би требало да ти е Озил, ама не знам колку пари имаш за него. А уствари кој ти е филмот што го немаш Марез во тим? Дали си ти нормален? :D Јас искрено би те советувал да си го лапнеш Марез ова коло или евентуално да ризикуваш со Депај. Само имај во предвид оти Јунајтед се ептен мртви во напад, па ако го земеш веќе Марсијал попаметно ти е да не ризикуваш и со Депај оти комотно може 1-0 да победиме со гол на Бортвик-Џонсон. :D
[DOUBLEPOST=1451166216][/DOUBLEPOST]Ају бато
 
[DOUBLEPOST=1451166216][/DOUBLEPOST]Ају бато
Абе може и од Деулофеу да испадне нешто наредно коло, ама мислам дека доволно ризик имам во Марез против Сити и слабодушниот Кутињо во средина.

Се мислам за Баркли, ама сите го имате Баркли. Може и Ремзи, Арсенал игра со Борнмут.[DOUBLEPOST=1451167402][/DOUBLEPOST]Ќе одам со Депај сепак, таман и после тоа играме против Свонси. :kuracc:
 
Последно уредено:

Аааа па ти и пари си имал. Размисли за Мането.[DOUBLEPOST=1451167522][/DOUBLEPOST]Депај бе :facepalm:

Најдов и јас на кого совети да делам
 
Аааа па ти и пари си имал. Размисли за Мането.[DOUBLEPOST=1451167522][/DOUBLEPOST]Депај бе :facepalm:

Најдов и јас на кого совети да делам
Мането некни го продадов, не го земам пак сеа за без пари ако треба. :D

Чех место Де Геа, се посравме од примење голови, и Депај место Деулофеу. Пак на коцка, ама само така може да напредувам. Никој го нема Мемфисов, башка и цената му е многу падната, па ако се разигра сега ќе бидам во дебел ќар. :)

Ми останаа 0.7 за втората вајлд карта. Секако ако во меѓувреме не го продадам Кутињо за некој поефтин. (Вилијан)

Чемберлејн е само 5.5, ама гледам сезонава не ни го играат многу многу.
 
Арно што не го стави Агуеро изгледа..капитен ќе ми е сега Де Брујн :D па и Боласи повреден да ти бил..
 
Само 17то коло.....кој гениј го измислил ова? :facepalm:

Планот е последното коло (38мо) да се добие и победник од купот.
Моментално има 3,620,913 играчи. Логаритам од 3,620,913 со основа 2 е 21,нешто.
38-21=17
Затоа 17 коло.

2,097,152 играчи се земаат за да може да се делат по двојки и на крај да остане еден победник.

Пример да беа над 4,194,304 играчи купот ќе почнеше од 16то коло

Мислам сега е појасно :D
 
А бе види, тоа мене ми е јасно......ама зашто САМО 17то коло а не "сите до 17то коло" што биле у топ 2милиони? :D
 
Зa дa им се дaде шaнсa нa сите дa учествувaaт вaљдa. Имa тимoви штo се пoдицнa регистрирaни.
 
Пројдов во купот во наредно коло. Пеџа што ми се курчеше некни го лапнал за едно поенче. :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom