Не си во право, еве ги калкулациите:
Динамо го пречекува германски Турингер, а на Вардар најмногу му одговара реми од овој дуел. Така во последното коло на домашен терен самите ќе решаваат на мечот со Динамо, без разлика на исходот од мечот Турингер – Лајпциг. Тогаш би бркале и победа од 8 гола.
Во случај на победа на Динамо, тогаш Русинките се сигурно второпласирани, а Вардар ќе се бори за третото место. Доколку победи Турингер, тогаш во последното коло ќе треба Лајпциг да го победи Турингер во гости, што е малку веројатно, а Вардар да го победи Динамо за вардарки да бидат втори. Во таа комбинација поверојатно е дека Вардар ќе биде третопласиран на крајот.
Доколку на крајот од главната фаза имаме ист број бодови со Турингер, тогаш предност ќе има Вардар зашто победи со 26-21 на дуелот во Скопје, иако потоа загуби со 21-20. Во меѓусебниот биланс, „црвено-црните" се подобри.