Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Ете каде ја гледаме женската страна во секој човек. Победи со сто разлика не чини, изгуби пак не чини. Баш така функционира некако женскиот мозок особено во период. Барем малку од малку да сфатите што се случува :)

Фала димче за примерот :D
Остај тоа, кажи ми, поштуеш мршник велешка снаа? :coffee:
 
Денес највеќе ни одговара победа на Динамо, и во последно коло да дојдат растеретени во Скопје, па без проблеми да го осигураме третото место.
Второто место е далечно светлосни години од нас. Турингер во последно коло игра со Лајпциг дома и сто посто ќе ги тепаат. Тие на гости ги прегазија, камоли на домашен терен.
Така да ако тепа Турингер денес, 99% они ќе бидат втори на крај...
Дури и да заврши нерешено, и ако во последно коло ние го добиеме Динамо, а Турингер го добие Лајпциг, пак би биле трети бидејќи во кругот од три тима, Динамо е најдобар, па после сме ние.
За ние да бидеме втори, покрај тоа што не треба да тепа Динамо денес, треба Турингер да не го тепа Лајпциг во последно коло што е рамно на научна фантастика.
 
Не е мршник додека малоно не потврди. :D
Велешанец е Дејан, само одамна киднат :) Честитки :D

Турингер заслужено си се пред нас, нема што да се мешаме, дури и глупо би ми било да испаднеме втори иако ракомет е ова, се бива.
 
Велешанец е Дејан, само одамна киднат :) Честитки :D

Турингер заслужено си се пред нас, нема што да се мешаме, дури и глупо би ми било да испаднеме втори иако ракомет е ова, се бива.
Ние сме две класи над нив. Али од кога ни ја шитнаа нацисткава им тргна. Знаеш тоа кога некој ти е малер и кога за инат го среќаваш секој ден на улица.
 
:pos: Не е можно да се толку среќлии ЖРК, на крај го добија нерешениот резултат во Волгоград :) Сега со победа се на второ место?
 
Pobeda od +8 im treba za da bidat vtori toa ke bide malku tesko.....
 
Тешко ама не неизводливо :) На домашен терен, сега е се во нивни раце.
 
:pos: Не е можно да се толку среќлии ЖРК, на крај го добија нерешениот резултат во Волгоград :) Сега со победа се на второ место?
Не. Треба Лајпциг да го тепа Турингер што е скоро невозможно.
 
Не. Треба Лајпциг да го тепа Турингер што е скоро невозможно.

Не си во право, еве ги калкулациите:

Динамо го пречекува германски Турингер, а на Вардар најмногу му одговара реми од овој дуел. Така во последното коло на домашен терен самите ќе решаваат на мечот со Динамо, без разлика на исходот од мечот Турингер – Лајпциг. Тогаш би бркале и победа од 8 гола.

Во случај на победа на Динамо, тогаш Русинките се сигурно второпласирани, а Вардар ќе се бори за третото место. Доколку победи Турингер, тогаш во последното коло ќе треба Лајпциг да го победи Турингер во гости, што е малку веројатно, а Вардар да го победи Динамо за вардарки да бидат втори. Во таа комбинација поверојатно е дека Вардар ќе биде третопласиран на крајот.

Доколку на крајот од главната фаза имаме ист број бодови со Турингер, тогаш предност ќе има Вардар зашто победи со 26-21 на дуелот во Скопје, иако потоа загуби со 21-20. Во меѓусебниот биланс, „црвено-црните" се подобри.
 
Па не знам, @Colt Willcox погоре имаше објаснето дека нема да сме второ место во таа ситуација.
 
Динамо Волгоград-Турингер 30-30 :pos:

Ситуацијата на табелата е:
2. Динамо 11
3. Вардар 9
4. Турингер 9

За да бидеме втори треба да го совладаме Динамо со над 8 гола, а Турингер да не победи со Лајпциг.

Со победа над Динамо, а ТУрингер да го тепа Лајпциг, ќе бидеме ТРЕТИ, затоа што се прави минигрупа во која се гледаат мечевите во меѓусебните дуели на овие три тима кои би завршиле со по 11 поени.
Во нејзе:

1. Динамо 5
2. Вардар 4
3 Турингер 3

:)
 
Последно уредено:
И јас мислам дека кругот што се прави при пресметките се зимаат резултатите само од 3те екипи што имаат исто бодови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom