blue ladybug
Фанг ловер
Тоооооооооооооооо!
Таман за 8-ми март! Дрес имаш ли или треба да пуштиме еден натаму?

Море 18 евра карта бреј! Види држава.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За 8 Март поубав поклон за мене нема. Уште да победиме и ќе се разболам од радостТоооооооооооооооо!
Таман за 8-ми март! Дрес имаш ли или треба да пуштиме еден натаму?
Море 18 евра карта бреј! Види држава.![]()
Ајде ајде ајде Вардареееее Вардарееее Вардареееее
Може лека полека да се слави влезот во фајнл фор, а таму не е битно со кој ќе играме
Ја скинав од пцуење Инди дека не ја ставаше Ѓокиќ во игра.
Језда Бегоња се смета за една од најдобри одбранбени ракометарки, сепак не може да го пружи истото како и Ѓокиќ во нападот.
Тоа ни беше клучната замена за победа.
Плус Ина Суслина
Какво голманиште, плус како слави по одбраните, одма ги провоцира противничките.
Нејзиниот одбранет пенал на нерешен резултат според мене беше клучен за победата. Судијата среќа што во таа ситуација досуди во наша корист иначе Пино беше печена за сдве минути. Сепак претходно имаа неколку грешки на наша сметка.
На неколку мечеви се покажува дека одбрана со Ѓокиќ, Пино и Дембеле, ни е најдобра опција. Плус Кликовац...
Така и со Ларвик ја свртевме...
Оваа Хмирова не знам што да кажам, многу јаки влезови знае да извади, ама кога ќе шутне од неизградена позиција ми иде да ја избркам од тимот
Многу некако несериозно влегуваме во мечевиве. Инди влегува со некои експериментални формации како во регионална лига да игра. Не гледам причина зошто не би почнала и со Пино и со Лекиќ во првиот состав...
Данкиве втор пат по ред губат добиена утакмица на гости. Слично им се случи и кај Турингер.
Грот какви додавања имашеНеколку пати проигра со криви очи до крилата нивни. Ст(Р)ине не искина, затоа што многу касно и излегуваа на блок, но се се подобри во вториот дел.
Пино колку банани им опна, повеќе отколку дечко и во цела негова кошаркарска кариера
Радичевиќ се изглупира со пеналот. Алооо Јоке што ли мислеше во тие моменти. Језда им плесна еден таков на Подравка, ама тоа беше на +10 разлика, а не на меч во кој е тесна работата.
Сепак добро изигра денеска, една од подобрите во нашиот состав.
Лекиќ многу лошо влегува во утакмиците, среќа што имаме повеќе играчи за ротациуја, па откако ќе одмори се враќа во елемент.
И со Турингер имаше ваков старт, и денес исто. Во второ полувреме ги искина со асистенции. Севкупно гледано Грот како лидер во нејзиниот тим, денес беше подобро од Лекиќ, но сепак Андреа проработе во прав момент.
За 8 Март поубав поклон за мене нема. Уште да победиме и ќе се разболам од радост
Немам дрес пуштете ми
Каква држава такви цени, таа е разликата.
Добро е имало многу кајганџииЧеститки на победата!
Многу јако беше при крајот на натпреварот, кога се кршеше резултатот, кога тренерката (така ли е женски род од тренер?) на Митјиланд почна да се буни за буквално секоја одлука на судиите и цела публика ѝ се вдаде да ја пцуе, а таа се врти и им се смее.
Како и да е, публиката овој пат имаше свој удел. Беше извонредно да се стои на нозе последните две минути и да се дава максимална поддршка и да се помогне во победата.
Девојки, секоја чест!![]()
Ме заебаваш, нема ништо за продажба
публикава на театар би била поактивна се слушаа само некој дечиња![]()
Денес супер беше во сала бе, од на Метлаург утакмиците глава ставам дека имаше пожешка атмосвера.
Мене најсмешно ми беше, кога на почеток на утакмицата, спикерот ја најави таа химната на Лига шампиони, и луѓе стануваат и стојат мирно.
И после нецевилзирани сме биле, а само кај нас такво поштовање и се одава.![]()
Зошто да не бе?
Мене па баш ми е тоа симпатично.
Многу ми е драго што ракометот зема се поголем замав, здравје Боже да се повтори некогаш пак онаа спонтана хистерија на плоштад после Кометал.. аххххх....
Пино тој слободно на чело нека ја истетовира, јас му плаќам тетоважата, како игра, слободно може и со машки да игра, од Филипче е боље 100%, треба за со Париз да ја земат у состав, а Филипче да го пратат у ЖРК.
Кога запна у одбрана, не им даваше голот да го видат, 5 акции п оред, или им правеше блокада или им ја крадеше топката, и тогаш се вратија во игра. Така да играа како тие 10 минути, цела утакмица ќе ги прегазеа лесно.
А и да ја пофалам 5та на овие Митијланд.![]()