Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Тоооооооооооооооо!
Таман за 8-ми март! Дрес имаш ли или треба да пуштиме еден натаму? :P

Море 18 евра карта бреј! Види држава. o_O
За 8 Март поубав поклон за мене нема. Уште да победиме и ќе се разболам од радост :D

Немам дрес пуштете ми :place:
Каква држава такви цени, таа е разликата.
 
Ајде ајде ајде Вардареееее Вардарееее Вардареееее :icon_mrgr:
Може лека полека да се слави влезот во фајнл фор, а таму не е битно со кој ќе играме :icon_lol:
Ја скинав од пцуење Инди дека не ја ставаше Ѓокиќ во игра.
Језда Бегоња се смета за една од најдобри одбранбени ракометарки, сепак не може да го пружи истото како и Ѓокиќ во нападот.
Тоа ни беше клучната замена за победа.
Плус Ина Суслина :cuc:
Какво голманиште, плус како слави по одбраните, одма ги провоцира противничките.
Нејзиниот одбранет пенал на нерешен резултат според мене беше клучен за победата. Судијата среќа што во таа ситуација досуди во наша корист иначе Пино беше печена за сдве минути. Сепак претходно имаа неколку грешки на наша сметка.
На неколку мечеви се покажува дека одбрана со Ѓокиќ, Пино и Дембеле, ни е најдобра опција. Плус Кликовац...
Така и со Ларвик ја свртевме...
Оваа Хмирова не знам што да кажам, многу јаки влезови знае да извади, ама кога ќе шутне од неизградена позиција ми иде да ја избркам од тимот :facepalm:
Многу некако несериозно влегуваме во мечевиве. Инди влегува со некои експериментални формации како во регионална лига да игра. Не гледам причина зошто не би почнала и со Пино и со Лекиќ во првиот состав...
Данкиве втор пат по ред губат добиена утакмица на гости. Слично им се случи и кај Турингер.
Грот какви додавања имаше :drk: Неколку пати проигра со криви очи до крилата нивни. Ст(Р)ине не искина, затоа што многу касно и излегуваа на блок, но се се подобри во вториот дел.
Пино колку банани им опна, повеќе отколку дечко и во цела негова кошаркарска кариера :icon_mrgr:
Радичевиќ се изглупира со пеналот. Алооо Јоке што ли мислеше во тие моменти. Језда им плесна еден таков на Подравка, ама тоа беше на +10 разлика, а не на меч во кој е тесна работата.
Сепак добро изигра денеска, една од подобрите во нашиот состав.
Лекиќ многу лошо влегува во утакмиците, среќа што имаме повеќе играчи за ротациуја, па откако ќе одмори се враќа во елемент.
И со Турингер имаше ваков старт, и денес исто. Во второ полувреме ги искина со асистенции. Севкупно гледано Грот како лидер во нејзиниот тим, денес беше подобро од Лекиќ, но сепак Андреа проработе во прав момент.

извини вака, ама еве една и критика...да поддршка имаше колку толку (40 минути театар), ама дефинитивно Вардарки нема да имаат исполнета сала..А очигледно и бесплатен да биде влезот, нема да бидат полни трибините..навивачите, вљубеници на ракометот и Комити ќе имаат уште една последна шанса оваа сезона ..со Савехоф (и тогаш ќе си биде како денеска)..домашно првенство, куп и регионална секако не се рачунаат..
 
Повторно победа на мускули :D
Добро е што увиде Инди дека Кликовац може да изигра маестрална одбрана.ГРИЗЕШЕ буквално во одбрана девојкава, како само излегуваше на Тролсен и на Јоргенсен секоја чест :cuc:

Хмирова изигра во клучните моменти.Џокиќ маестрална и со нејзина помош дојде пресвртот.Јока со пеналот :facepalm:
И кога не ја служи шутот на Лекиќ тука се маестралните асистенции до пикер :cuc:
Во одлична форма е и нашата капитенка :D немаше потреба Инди да ја менува со Лејно.

Не откостија со брз центар како и што претпоставував.Добар им беше голманот тоа го потенцирав и пред натпреварот.Сега гледам дека играла во Хипо а цело време ми беше позната.Играше и во времето на Кометал, само сега е црна па не ја познав.Германкиве имаат голманки од светска класа.

Во сала околу 4500-5000 гледачи моја проценка.

Пауза една недела па гостуваме кај овие.Не научија со пикерот веќе, па затоа Инди нека спрема нова тактика :D
 
Пак со доста осцилации, што искрено е и редовен случај во женскиот ракомет кај сите екипи, ама сепак тоа треба да се сведи на минимум. Битна е сепак на крајот победата, и после одличното второ полувреме, ја остварија. Фајнл Фор-от е многу блиску. Би рекол победа дома со Савехоф веројатно ќе биде доволна, се што ќе се освои во гости ќе биде бонус и можност за прво место. Неколку коментари:

- Џокиќ играч на натпреварот и во напад и во одбрана. Штета што ќе се пензионира може очигледно уште да игра.
- Пеналот на Радичевиќ :facepalm:. Не знам што мислеше со таков шут на нерешено во прво полувреме. Крајно недисциплинирано, јас би ја извадил да не игра до крај на натпреварот. Реално подолго време Радичевиќ не е во форма, се надевам малку ќе се среди до фајнал фор-от (се надевам нема да има некој кикс до крајот).
- Играта на Вардар очигледно комплетно зависи од Лекиќ. Кога не и оди и Вардар е слаб, кога ќе се разигра цел тим е добар. За жал не е во форма после повредата која ја имала, ама претпоставувам ќе се врати. Особено е битно да се решава почесто на шут од далеку бидејќи тоа го може а очигледно и фали на тимот.
- Пино, Хмирова, стандардно. Кога се на лев бек или среден се добри кога се на десен не можат и се гушат.
- Дембеле е најпотценет играч во тимот. Мислам дека уште од почетокот на сезоната на многу високо ниво игра во два правци но некако не се зборува за неа доволно.
- Голманите солидни. Лејно беше подобра есента, сега Суслина е подобра. Затоа е битно да се има два квалитетни голмани.
- Немам јас толку проблем со тоа кој ги започнува натпреварите. Битно е кој игра повеќе минути. Во модерниот ракомет често има вакви ротации уште на стартот. И мажите Вардар на пример, Барселона исто, често излегуваат со чудни постави на стартот.
- Инаку кажано е сто пати, нема десен бек од европска класа во тимот и голем дел од проблемите од таму почнуваат. Кликовац и Дмитровиќ одвреме на време знаат да имаат добра партија ама тоа не е доволно против најдобрите и особено не за претендент за титула.
- Митјиланд доста квалитетен во одбрана, а имаат и многу квалитетна шутерска надворешна линија и голман, но ништо надвор од тоа. Претпоставувам дека ќе стигнат до полуфинале ама тешко ќе можат да се носат со Ѓер и Будуќност (макар што и Вардар тешко со нив, ама не и невозможно).

И за крај, за жал салата пак не беше полна, ама атмосферата мислам дека беше далеку подобра отколку досега.
 
Честитки на победата! :cuc:

Многу јако беше при крајот на натпреварот, кога се кршеше резултатот, кога тренерката (така ли е женски род од тренер?) на Митјиланд почна да се буни за буквално секоја одлука на судиите и цела публика ѝ се вдаде да ја пцуе, а таа се врти и им се смее. :pos:

Како и да е, публиката овој пат имаше свој удел. Беше извонредно да се стои на нозе последните две минути и да се дава максимална поддршка и да се помогне во победата. :vozbud:

Девојки, секоја чест! :)
 
За 8 Март поубав поклон за мене нема. Уште да победиме и ќе се разболам од радост :D

Немам дрес пуштете ми :place:
Каква држава такви цени, таа е разликата.

Еве одбери си и кажи од која ракометарка сакаш. :D
Озбилна сум. :pipi:
http://rkvardar.com.mk/shop
 
Честитки на победата! :cuc:

Многу јако беше при крајот на натпреварот, кога се кршеше резултатот, кога тренерката (така ли е женски род од тренер?) на Митјиланд почна да се буни за буквално секоја одлука на судиите и цела публика ѝ се вдаде да ја пцуе, а таа се врти и им се смее. :pos:

Како и да е, публиката овој пат имаше свој удел. Беше извонредно да се стои на нозе последните две минути и да се дава максимална поддршка и да се помогне во победата. :vozbud:

Девојки, секоја чест! :)
Добро е имало многу кајганџии :D

Браво, се осети многу убава атмосфера, играч плус кога се кршеше резултатот, мислам дека публиката го понесе товарот овој пат. Страшна атмосфера имаше без коментар, јас така ве доживеав. Браво, играч плус. Трењерката нивна полуде во последни десет, кој кеиф човече :D

Ѓокич неможе сега да пензионира има плус 2 да игра во топ форма е ќе се предомисли сигурно.

Патем јас у Инди верувам, она што ќе рече така ќе биде најдобро.
 
Пино тој слободно на чело нека ја истетовира, јас му плаќам тетоважата, како игра, слободно може и со машки да игра, од Филипче е боље 100%, треба за со Париз да ја земат у состав, а Филипче да го пратат у ЖРК.
Кога запна у одбрана, не им даваше голот да го видат, 5 акции п оред, или им правеше блокада или им ја крадеше топката, и тогаш се вратија во игра. Така да играа како тие 10 минути, цела утакмица ќе ги прегазеа лесно.
А и да ја пофалам 5та на овие Митијланд. :love:
 
Еве одбери си и кажи од која ракометарка сакаш. :D
Озбилна сум. :pipi:
http://rkvardar.com.mk/shop
Ме заебаваш, нема ништо за продажба :D

Јас те частам цела вечер кафана ако добијам дрес до 8 Март од мојата прва постава, еве било кој по твој избор сите ми се драги. М бројка :D
 
публикава на театар би била поактивна се слушаа само некој дечиња :)


Сериозно??? Денес атмосферата беше убедливо најдобра до сега. Речиси цело време имаше навивање, и тоа спонтано, значи без навивачка група што ќе води или некој на микрофон што ќе вика цело време и ќе ја тера публиката да навива...Имаше и притисок кога напаѓаа гостите...Јас не знам што повеќе очекувате од обична публика...
 
Денес супер беше во сала бе, од на Метлаург утакмиците глава ставам дека имаше пожешка атмосвера.
Мене најсмешно ми беше, кога на почеток на утакмицата, спикерот ја најави таа химната на Лига шампиони, и луѓе стануваат и стојат мирно.
И после нецевилзирани сме биле, а само кај нас такво поштовање и се одава. :pos:
 
Денес супер беше во сала бе, од на Метлаург утакмиците глава ставам дека имаше пожешка атмосвера.
Мене најсмешно ми беше, кога на почеток на утакмицата, спикерот ја најави таа химната на Лига шампиони, и луѓе стануваат и стојат мирно.
И после нецевилзирани сме биле, а само кај нас такво поштовање и се одава. :pos:

Зошто да не бе?
Мене па баш ми е тоа симпатично. :)

Многу ми е драго што ракометот зема се поголем замав, здравје Боже да се повтори некогаш пак онаа спонтана хистерија на плоштад после Кометал.. аххххх....
 
Зошто да не бе?
Мене па баш ми е тоа симпатично. :)

Многу ми е драго што ракометот зема се поголем замав, здравје Боже да се повтори некогаш пак онаа спонтана хистерија на плоштад после Кометал.. аххххх....

Она што е интересно, овде во Германија незнаат ни дека имаат тим во ракомет, апсолутно само фудбал се гледа. Ракомет е само локален спорт како Ерфурт Тјуринген и слично. Затоа ме гледаат бледо кога им се траскам од земја како сме ги победиле :D

Ракомет, ракомет, али ништо? Кај сме најдобри таму треба да сме најјактивни!
 
Пино тој слободно на чело нека ја истетовира, јас му плаќам тетоважата, како игра, слободно може и со машки да игра, од Филипче е боље 100%, треба за со Париз да ја земат у состав, а Филипче да го пратат у ЖРК.
Кога запна у одбрана, не им даваше голот да го видат, 5 акции п оред, или им правеше блокада или им ја крадеше топката, и тогаш се вратија во игра. Така да играа како тие 10 минути, цела утакмица ќе ги прегазеа лесно.
А и да ја пофалам 5та на овие Митијланд. :love:

Кај ја најде оваа бе :)
Јас би со 25-та крилцето Јенсен, мало ама техничарче :D
Озбилно знае некој колку е повратна до Копенхаген?? :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom