Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Па ајде бе да направиме една Кајгана собиранка :) ем дружба, забава ем да ги бодриме Вардарки.. :) Иначе мислам ќе крца Борис сега од следнава фаза, рана фаза беше, луѓево изгубија навика за женски ракомет, па и не можеше да се очекува да биде полн Борис, понатаму мислам дека не само што ќе биде полн, туку и ќе се бара карта вишок, здравје од следна година би требало подруго да биде. :)
 
Аууууу давајте го одма Ѓеррррррррррррр :drk::drk:

Браво за Инди очигледно дека добро се спремила за мечов.Одлична анализа на сите акции на Ларвик и секоја чест за неа огромен мотиватор е во текот на играта :cuc:

Нели не ви беше добра Тата бе а??:D
цццццц одма менувате мислења :D

Во првиот меч прогнозирав дека опасноста доаѓа од Бланко така и на овој меч се испостави дека повторно преку неа ќе ги играат поголемиот дел од акциите.Едноставно Индира побара само еден тајмаут за да им укаже дека треба да се затвори Бланко.Ми падна жал за Дембеле ако во претходните мечеви играше маестрална одбрана сега немаше никакви шанси против Бланко.Ама затоа тука е Бегоња која убаво ја затвори не и даде да писне :D
Секоја чест и за Кликовац прочитав дека и таа не е за големи натпреварувања.Епа повторно спротивното девојката докажа дека е спремна да игра и напад и одбрана и тоа многу квалитетно.Само незнам зошто беше сменета со Дмитровиќ, која рака на срце изигра слаб меч и при 2 напади едноподруго, направи 2 технички грешки кои за среќа не не чинеа загубен меч.

Црвенковска беспрекорна во изведувањето на пеналите браво и за неа, акумулирано едно огромно искуство во неа.Николиќ претерува со тие удари од десетина метри треба малце да се контролира.
Радичевиќ стандардно си гази последните неколку напади само она се осмелуваше да влезе и да шутне.

Добра замисла на Индира со уфрлувањето на Леќиќ во второ.Тотално го разби противникот и тука ја направивме онаа предност од 5 гола.
И на крај капитенот наш Суслина.Ете што значи да се има еден врвен светски голман од калибарот на Ина Суслина.Можам слободно да кажам дека беше играч на мечот секоја чест за неа :cuc:

Уште еднаш честитки до дамите тие можеби оваа година ќе ни го обелат образот и се надевам дека ќе стигнат далеку а зошто да не ја освојат Европа :)

Иначе сега следува ждрепка и ни се паѓа еден противник од другите групи кој е прво пласиран и две второ пласирани тимови.Се прават 2 групи и првите два тима од двете групи играат полуфиналиња.

Со среќа..
Со Срце за Вардар ;)
 
мора групно кајганџиски да појдеме на ракомет супер предлог од Незапирливи, на @leandra ќе и се јавиме преку Вајбер да осети атмосфера :ROFLMAO:
 
Е сега заслужуваат девојкиве да бидат посетени од Комити нареден натпревар во СЦБТ !
Немој да живеете во илузии дека Комити ОРГАНИЗИРАНО ќе навиваат за ЖРК Вардар.

Знам дека за вас е несфатливо, така да на кого и да сум му го кажал објаснувањето се чудел.
Има едно правило во навивачки свет дека во еден спорт можеш само една екипа да поддржуваш. Комити веќе го имаат поддржувано Кометал. Огромна грешка е што иако за Кометал го бодреше цело Скопје, само Комити како предводници на групата фанови на Кометал имаа транспаренти во зелено-жолтите бои.
Па сега дочекавме за тоа да не дупат сите во МКД, па дури и членовите на групите кои истотака навивале за Кометал но немале трансови во тие бои.
Па уште да навиваме за друг тим во истиот спорт, па макар што тоа е Вардар (грешката е направена тогаш, правилно ќе беше сега без проблеми да се бодри Вардар) ќе биде уште поголем резил на навивачки план.

И онака на ЛШ мечевите на ЖРК Вардар во публика има бар 400 членови на Комити, но барем засега не сме се решиле да се групираме некаде и да навиваме. Тоа би му дошло спонтано, и ниту во тој случај нема да се носат реквизити од групата, а најмалку да се носат транспаренти и слично.

Така да не очекувајте некоја магична атмосфера на дуелите на девојките :icon_mrgr:
 
Кој сака нека ни падне, сите ги газиме до горе.
Портјанко не е во форма и тоа се гледа, иде на сила, а тоа не ми се свиѓа.
 
Епа нека се формира навивачка група „Комитки“ :icon_mrgr:


Ќе се формира навивачка група Комити Кајгана, и така во една сезона дали 5 пати ќе се случи еден да не дојде :D и ќе си навиваме во сите спортови за Вардар :ROFLMAO:
 
мора групно кајганџиски да појдеме на ракомет супер предлог од Незапирливи, на @leandra ќе и се јавиме преку Вајбер да осети атмосфера :ROFLMAO:
Онда молете се некој Германски тим да падне да се фрлам на терен или да ме исфрлат како куфер :icon_lol:
 
Па ајде бе да направиме една Кајгана собиранка :) ем дружба, забава ем да ги бодриме Вардарки.. :) Иначе мислам ќе крца Борис сега од следнава фаза, рана фаза беше, луѓево изгубија навика за женски ракомет, па и не можеше да се очекува да биде полн Борис, понатаму мислам дека не само што ќе биде полн, туку и ќе се бара карта вишок, здравје од следна година би требало подруго да биде. :)
Идниот месец ќе се формира фан клуб на ЖРК Вардар СЦБТ,кој што е заинтересиран нека пише.значи ќе има забава,дружба со ракометарките,ланската сезона се обидевме да направиме такво нешто ама слаб интерес.
 
Немој да живеете во илузии дека Комити ОРГАНИЗИРАНО ќе навиваат за ЖРК Вардар.

Знам дека за вас е несфатливо, така да на кого и да сум му го кажал објаснувањето се чудел.
Има едно правило во навивачки свет дека во еден спорт можеш само една екипа да поддржуваш. Комити веќе го имаат поддржувано Кометал. Огромна грешка е што иако за Кометал го бодреше цело Скопје, само Комити како предводници на групата фанови на Кометал имаа транспаренти во зелено-жолтите бои.
Па сега дочекавме за тоа да не дупат сите во МКД, па дури и членовите на групите кои истотака навивале за Кометал но немале трансови во тие бои.
Па уште да навиваме за друг тим во истиот спорт, па макар што тоа е Вардар (грешката е направена тогаш, правилно ќе беше сега без проблеми да се бодри Вардар) ќе биде уште поголем резил на навивачки план.

И онака на ЛШ мечевите на ЖРК Вардар во публика има бар 400 членови на Комити, но барем засега не сме се решиле да се групираме некаде и да навиваме. Тоа би му дошло спонтано, и ниту во тој случај нема да се носат реквизити од групата, а најмалку да се носат транспаренти и слично.

Така да не очекувајте некоја магична атмосфера на дуелите на девојките :icon_mrgr:


Najmalku e vazno dali ke se nosat transovi na koi ke pisuva komiti. Vazno e da bide puna sala, a veruj mi za zenski rakomet e dovolno samo 7000 da svirat i protivnikot da se posere.
 
Онда молете се некој Германски тим да падне да се фрлам на терен или да ме исфрлат како куфер :icon_lol:
ако се деси тоа жено мораш да влезеш на терен сред игра екцес да напраиш поготово ако зезаат судиите :icon_lol:
 
ако се деси тоа жено мораш да влезеш на терен сред игра екцес да напраиш поготово ако зезаат судиите :icon_lol:
Не се толку јаки Германките за со судии да не победат. Али судејќи по тоа како се навива на нивни натпревари како збирштина на ретардирани баби и дедовци, шансите да ме приведат се големи. Среќа шо не ме разбираат како пцујам :D
 
pa vsushnosti i ja razbira. Begonja igrashe prethodno i za Zajechar pred da dojde vo Vardar taka da ova i e treta godina na Balkanov.

Inaku devojkive bea FANTASTICHNI. :cuc: . Indira isto taka izvonredna. Sekoja chest.

Не знаев, тотален дудук сум за женскиов ракомет последниве години, чат пат само глеав.

Првите 2-3 меча кога ја глеав си реков не е ништо посебно оваа, но тогаш ја форсираше Индира во напад. Сеа во одбрана се гледа какво играчиште е, таму го дава максимумот.

Потегов на Индира да игра без Лекиќ у прво беше ризик реално. Но секој шизик иде на ризик, и тоа е честа одлика на големите тренери у спортот. Сега и се исплатеше, влезе велемајсторката и им лупна 2 гола за одлепување! Иако после играше слабо за нејзини стандарди у поглед на голови, сепак од огромно значење е за тимот во напад. Откако влезе се разигра и Јованка, се изнадава асистенции и кон Хмирова! :cuc:

Неверојатен тим е ова, мислам дека индивидуално е и сега на ниво на тој на Кометал. Противникот не знае да се брани кога имаш вакви играчи, од секаде фури. Радичевиќ само еден гол (од еден шут) до 35 минута, после дава седум. :cuc:

A и за одбраните на Суслина беше многу заслужна одбраната. Ги форсираа на шутеви од надвор кои најчесто завршуваа по средина на голот. Сума сумарум, перфектен меч, доминација! :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom