Немој да живеете во илузии дека Комити ОРГАНИЗИРАНО ќе навиваат за ЖРК Вардар.
Знам дека за вас е несфатливо, така да на кого и да сум му го кажал објаснувањето се чудел.
Има едно правило во навивачки свет дека во еден спорт можеш само една екипа да поддржуваш. Комити веќе го имаат поддржувано Кометал. Огромна грешка е што иако за Кометал го бодреше цело Скопје, само Комити како предводници на групата фанови на Кометал имаа транспаренти во зелено-жолтите бои.
Па сега дочекавме за тоа да не дупат сите во МКД, па дури и членовите на групите кои истотака навивале за Кометал но немале трансови во тие бои.
Па уште да навиваме за друг тим во истиот спорт, па макар што тоа е Вардар (грешката е направена тогаш, правилно ќе беше сега без проблеми да се бодри Вардар) ќе биде уште поголем резил на навивачки план.
И онака на ЛШ мечевите на ЖРК Вардар во публика има бар 400 членови на Комити, но барем засега не сме се решиле да се групираме некаде и да навиваме. Тоа би му дошло спонтано, и ниту во тој случај нема да се носат реквизити од групата, а најмалку да се носат транспаренти и слично.
Така да не очекувајте некоја магична атмосфера на дуелите на девојките