Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Зашто да мора? Пред 5 дена докажаа дека можат да ја победат Будуќност, и тоа на неутрален терен. Индира рече дека ќе одмара најголем дел од првата постава, а и пред почетокот на сезоната се знаеше дека во Регионалната лига ќе добиваат шанса Пецевска, Црвенкоска, Штериова, Лојпур, Костјукова, Дмитровиќ...Нема потреба да се форсираат другите на 10 дена пред ЛШ.
да се врати победничкиот ритам :D инаку влезот за утрешниот натпревар е слободен,и будуќност ќе настапи со комбиниран состав,ќе биде интересно.
:
 
ЖРК Вардар СЦБТ — ЖРК Будуќност 20:24 (6:13)
Се наполни Кале,мислам цела сала беше исполнета само мал дел беше празен . Крилото од Будуќност најдобро изигра
 
Greska si, salata bese polu prazna...za zal sea za sea bar vo ovaa liga Zrk ne privlekuvaat mnogu publika. Da se nadevame deka vo LS ke bide poinaku zasto podrska im e poveke od potrebna.
 
Влезници за натпреварите на ЖРК Вардар СЦБТ во Лигата на шампионите

Првиот натпревар од Лигата на шампионите на домашен терен во СЦ Борис Трајковски во Скопје, ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ ќе го одиграат на 11 октомври (18.30 ч.) против норешкиот претставник Ларвик. Влезниците за овој натпревар како и сезонските влезници за сите натпревари од Лигата на шампионите кои ЖРК Вардар СЦБТ ќе ги одигра на домашен терен ќе бидат пуштени во продажба на 2 октомври 2013, во продажните места на МКтикетс.

Влезниците за натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ – Ларвик ќе се продаваат по цена од 100 и од 200 денари, а сезонската влезница е 600 денари.

- по цена од 100 денари се влезниците за блоковите Б1, Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б7, Б8, Б9, Б10, Б11, Б14 и Б15).

- по цена од 200 денари се влезниците за блоковите М1, М2, М7, М8, М9, М15..

- сезонски влезници по цена од 600 денари за блоковите М3, М4, М12 и М13.

Влезниците ќе бидат достапни во продажната мрежа на МКтикетс:

-Продажни салони на ONE во : Скопје (Рамстор, ТВ Бисер, ГТЦ, Веро Центар, Скопје Сити Мол), Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

-Продажни салони на Office Plus во : Рамстор, Скопје Сити Мол, ГТЦ, Палома Бјанка.

-Југотон (ГТЦ, 1.кат)

Сезонските билети со кои се обезбедува место за сите натпревари во централните М-блокови покрај теренот, може да се купат само во Југотон (ГТЦ, 1.кат) и онлајн преку www.mktickets.mk. Важна напомена за сите кои ќе се одлучат за овие билети е дека по купувањето на сезонскиот билет, ќе треба да ја сочуваат влезницата која ќе ја добијат за натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ – Ларвик и истата по натпреварот да ја заменат со сезонска картичка. Сите детали за спроведувањето на замената ќе бидат објавени дополнително.



Во својата прва сезона во Лигата на шампионите, ЖРК Вардар СЦБТ ќе игра во Групата Д заедно со екипите на Ларвик (Норвешка), Балонмано Бера Бера (Шпанија) и Подравка (Хрватска). Првиот натпревар во новата сезона, вардарки ќе го одиграат на гостински терен против екипата на Бера Бера на 6 октомври (12:15 ч.) со директен пренос на Алфа ТВ
 
ЖРК Вардар СЦБТ 43 Жито Прилеп 11 (24:9)
Жито Прилеп даде само 2 голови во второ полуврме :pos:
Суслина и Лејно фатија 60 топки
Утре со почеток од 16:00 часот во СРЦ Кале вториот тим на Вардар ќе игра против ЖРК Металург
 
Блок картиве важат и за евентуална нокаут фаза на ЛШ т.е. за 600 денари ќе може да го гледаш и мечот во нокаут фаза (дај боже да влезат) или ?
 
Блок картиве важат и за евентуална нокаут фаза на ЛШ т.е. за 600 денари ќе може да го гледаш и мечот во нокаут фаза (дај боже да влезат) или ?


Нокаут фаза има дури во полуфинале...Пред тоа две групни фази има...И мислам дека блок картите важат само за трите натпревари од првата фаза.
 
Утре т.е веќе денеска Вардарки на гостински терен во Шпанија ќе го започнат својот настап во ЛШ, прв противник ќе е Бера Бера, не толку силна екипа, но треба да се игра претпазливо.
Мечот е со почеток од 12.15 часот, некоја минута порано директен пренос на Алфа.
 
4 разлика на полувреме за ЖРК Вардар, премија се овие 4 гола предност, за тоа како играат, некако без концепт, среќа што овие Бера Бера некако делуваат како аматерски тим, или на ниво на ЖРК Металург моментално. Ако се гледа по прво полувреме, не би требало да имаат проблеми, и да го добијат овој меч.

Е сега за со Ларвик нареден меч многу работи треба да се сменат ако сакаат да ги совладаат.
 
Лш ли е ова бе ?
Едит...Види фотос напишал, уште поспан сум.
 
Бајаги слаб натпревар гледаме...
За нијанса сме подобри, ама сепак преслаб меч. Ние имаме цели 14 технички грешки, а Бера Бера имаат и повеќе ако не се лажам...
Еден куп стативи и пречки погодија и двете екипи, затоа и има толку малку голоови. Имавме среќа што неколку контри по ред утнаа Шпанкиве на почетоков на вториот дел. Имавме катастрофално отварање во второ полувреме, 1 гол за 12 минути :eek:
Индира и Зоки со иста одбрана :tapp:
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 13:38 ---
Готово е готово :icon_mrgr:
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 13:44 ---
На крај 19-23 за Вардар :)
Ни дадоа гол од 9 метра со удар после 60-те минути :pos:
Конфузен прв меч, но битното е дека тепавме на дебитантскиот настап и тоа на гости.
 
Фернандез намерно ја спушти раката при ударот од 9 метри! :icon_lol:

Иначе, од сите Шпанкињи кај ја најдоа оваа Бегоња Фернандез? Ем најнеубава ем ништо асално не видов да направи на терен. Требало место неа пикерката на Бера Бера многу посимпатична беше, а и пограмадна, и одговара за позицијата. Или Пињедо. :D Инаку Хмирова... :love:

Ептен е опаднат квалитетов на женскиов ракоемт глобално, катастрофална игра, двата тима преку 15 грешки...
 
Mnogu bezidejno igrame. Plus imame slaba tranzicija, slaba realizacija na polukontri, 14 tehnicki greski na vakvi igracici.. Ne znam do koj e.. Izgleda ke da e do Indira. So vakva igra go jademe od Lavrik u petok sigurno.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom