Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Страшна дефанзивна партија на Вардар.
Лејно, машина, класа е над сите голманки, страшен рефлекс.
Нападот очај, само Лекиќ на ниво, се друго статисти со повремени блесоци на Јока, Барбика и Човиќ,
Страшно голем број на технички грешки, нетипичен за Вардар.
Под 10 одбрани беа двете вратарки на Ѓер, статистиката со бројот на упатени шутеви кажува се, 6,7 шута помалку имаше Вардар.
Цела лева страна отсечена, Цвијиќ во напад невидлива, во одбрана пренервозна иако затвори голем дел од нападот на Ѓер бркаше работа, но во офанзива ја изедоа, се изгуби сестрата, и тие шанси шо и се укажаа ги упропасти, се уби од промашување, пренервозна.
Настрана последното исклучување, без потреба.
Пенезиќ иста приказна.
Се изгуби сестрата.
Кузњецова, која беше оваа?
Лакрабер исто, само од оваа не се очекуваше толку многу како од Пенезиќ.
Ѓер безидеен, во најголем дел од мечот, но се извадија на искуство и пред се на среќа.
Последната шанса на Човиќ, хмммм, тежок агол.
Кога е во отворен трк кон гол, а овде секунди беа во прашање играчот шо е во контра кој нема отворен преглед кон гол и пред се без скок шут, со оглед дека последни секунди беа обично оди со шут на прва статива, или втора голманска, со оглед дека си го скратуваат аголот за шут и прегледот на голот, исто беше со Столе со Силвио во Хеватска.
Пикери се, немаат таква техника да извадат којзнае какви шутеви, зглоб, сув лист итн, посебно не под притисок.
По инерција се движеше Киш, голема голманка, распон на раце огромен, прочита страна, се отвори, затвори агол, тоа е.
Како и да е, Човиќ двојно подобро изигра во напад од Цвијиќ далеку поопасно делуваше нападот со неа.
Заслужи Вардар денес триумф, повеќе од лани.
Да изиграа посконцентрирано во напад барем за 10% ќе добиеа сигурно, очаен беше Ѓер во напад, немоќни беа.
Одбраната на Вардар страшна, нападот под ниво, далеку под ниво, посебно техничките грешки.
 
Да беше Раул,подруго ќе беше...
 
на вардар му фалеа играчи како кастратовиќ и радуловиќ,, да излезат без респект,, и секоја чест за голманот, што се скина во финалево ,,,
 
Toa e...Se ona sto gospod im dade na maskata ekipa...Sreka i dva gola vo posledni sekundi, golot na Makeda godinava od aut...Eve im go zema na zenite...Ni lani ni godinava ja nemaa taa potrebna sreka da se iskacat na vrvot...
 
Требаше Хмирова да ја игра во продолжение.
 
Македонска работа, колку и да е незамисливо, ќе се најде начин да се изгуби.
 
Македонска работа, колку и да е незамисливо, ќе се најде начин да се изгуби.
Оди бре лапај муви. Македонска работа било.. Името че го менувале.. Во цел колектив на Вардар двајца ако се македонци, ех. :lut:
Да имаше Вардар асолен тренер - маж со авторитет - титулата че беше нивна. Девојките си се класа, единствено му недостасуваше el comandante.
 
Што сакате зборете ама утакмицата ја решија две работи:

1. Очајно одработените последни 2 напади, едниот на Ѓер, а вториот на Вардар со меч топка во рацете
2. Физичката спремност, односно поголемата ротација на Ѓер

Не знам колку приметивте ама умреа во продолженијата Вардарки, Лекиќ нарочито, немаше снага за ништо. Јебига, ова се работи за кои се спремаш уште пред почеток на сезона, односно работи кои не можат да се предвидат и треба да бидеш спремен на нив во секој момент. 2331231 голови примивме во продолженијата од брз центар, односно Ѓер ги даде на ненаместена одбрана на Вардар.

Мака ми е што не шутнаа воопшто на гол во последниот напад од регуларниот дел, дефинитивно најочајниот напад на Вардар на мечот. Друга ствар, одбраната при еден гол за нас и 15тина секунди до крајот, ги оставија да се прошетаат Ѓер до голот, па ако ништо друго прави фаул, нека пуцаат пенал и нек си ебат матер, битно лесен гол да нема.

Пенезиќ потфрли тотално, мада и беше преагресивно чувана, цело време фаулите над неа беа на граница на исклучување. Лакрабер одигра многу слабо, не ради пеналите него општо, очајна партија до коска.

Тоа е тоа, не се лутам за зицерот на крај, спорт е ова и се е можно, едноставно не влезе и нема назад веќе. Греота е што не ја затворија оваа ера во Вардар со титула, супер генерација беа али што е тука, нека им е со среќа на сите во натамошниот дел од кариерите.
 
Оди бре лапај муви. Македонска работа било.. Името че го менувале.. Во цел колектив на Вардар двајца ако се македонци, ех. :lut:
Да имаше Вардар асолен тренер - маж со авторитет - титулата че беше нивна. Девојките си се класа, единствено му недостасуваше el comandante.

Абе ајде ти тоа дома продавај магла. Колку зицери и пенали се промашија? Леино 20 одбрани имаше, некои у пет утакмици не прават толку. Пола тим статисти беа, ради бројка да се пополни.
 
Убедливо најкретенска и најнефер одлука е фајнл-форот секоја година да се игра во Будимпешта, што мислам дека е клучен фактор што оваа генерација на ЖРК Вардар остана без Европска круна.

Замислете сите овие години завршниот турнир да се играше во Скопје.
100% минимум еднаш ќе се освоеше и баш ме интересира како Ѓер би се носел во таква подредена улога како гостин во финале.

Не ми е јасно како никој од останатите клубови го нема кренато гласот и се нема побунето на оваа одлука на EHF.
 
Убедливо најкретенска и најнефер одлука е фајнл-форот секоја година да се игра во Будимпешта, што мислам дека е клучен фактор што оваа генерација на ЖРК Вардар остана без Европска круна.

Замислете сите овие годии завршниот турнир да се играше во Скопје.
100% минимум еднаш ќе се освоеше и баш ме интересира како Ѓер би се носел во таква подредена улога како гостин во финале.

Не ми е јасно како никој од останатите клубови го нема кренато гласот и се нема побунето на оваа одлука на EHF.
Унгарија и Германија се главни спонзори на EHF, кај ќе се побунат :icon_lol:
 
Ама и никој не се замара со женски ракомет у принцип, нема интерес. Затоа и никој не се буни. ЛШ е се послаба и послаба, се изгубија (или барем на се нивото на кое што беа) тимови како Ларвик, Кометал, Шлагелсе, Виборг, Хипо, Вардар, Крим, Сагунто итн. Кога лигата што треба да биде најсилна се сведува на три-четири клуба што останува за послабите купови под капата на ЕХФ како и националните првенства...
 
Исто беше и претходно, само ние бевме помали па веројатно не приметувавме. Да кажеме дека овие пет години имавме среќа да гледаме врвен ракомет од македонски клуб, во наредните неколку години ќе биде некој друг и така се врти тоа. Штета што не креиравме наши млади играчи, или можеби сме креирале, а уште не знаеме.
Искрено мислам дека добивме лошо судење и лани и оваа година, потоа огромна предност е тоа што Ѓер игра на домашен терен, посебно ако се има предвид дека во последниве две години нема пораз дома, со победи од 7-8 гола по натперавар. Ама тоа да се бара во некој нормален спорт. Единствено еднаш не играа Ѓер на Final 4, кога беше елинимиран од Вардар (дуели дома-гости) и тоа би требало да биде доказ дека системот не им чини. Ама пак ќе кажам, во нормален спорт, тука ќе си продолжат по старо. Веројатно нас тоа и нема многу да не интересира.
Сепак, најголема причина за ова треба да си ја бараме кај нас, проблемот не е оваа сезона, треба да го бараме години наназад. Прво Кастратовиќ остана премногу долго, сите тренери кои беа донесени (данци, шпанци...) беа бојкотирани од ракометарките, премногу игри топло ладно. Веројатно беа најсилниот тим во сите пет години наназад, ама им фалеше цврста рака. Девојки и заслуживте и не заслуживте злато, заслуживте со игрите во финале во последните две години, ама тоа е казна поради сите глупости што се правеа во некои изминати периоди. Зарем требаше спонзорот да каже дека си оди, за да се покаже најдоброто? Секоја чест за изиграното, последната сезона ја изигравте на врвно ниво, со среќа понатаму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom