Во првите две кола Вардар ја совлада Бера Бера на гости и одигра реми со Ларвик на домашен терен. Во сабота ви претстои дуелот со Подравка. Кратка анализа на досегашните два меча и она што не очекува во сабота?
Андреа: „Секој прв натпревар на почетокот на така големо натпреварување е тежок. Не ја прикажавме нашата најдобра игра, но најважно е што освоивме два бода. Веќе во натпреварот со Ларвик прикажавме далеку подобра игра. Ако се има предвид дека екипа која е составена пред три месеци одигра нерешено со вицешампионот на Европа е навистина убав резултат! Сакаме така да продолжиме и во сабота. Ние сме нова екипа, вистинските игри допрва претстојат“.
Јованка: „Јас не сум задоволна како игравме на двата меча, има многу простор за напредување. Она што ме радува е што и покрај лошите игри успеавме да одиграме нерешено со вицешампионот Ларвик кој има исклучителна екипа и кои се многу уиграни. Тоа само ни дава дополнителен мотив да знаеме дека можеме многу многу подобро да играме. За сабота очекувам победа, ништо друго не доаѓа во предвид. Знаеме дека Подравка е квалитетна, но се надевам дека на поддршка од полни трибини, затоа што навистина очекувам да не поддржат бидејќи тоа ни е потребно, а и слушнав и видов на машкиот ракомет какви навивачи има Македонија, па се надевам дека ќе ни помогнат да освоиме два бода“.
Колку имате слободно време за приватниот живот, излегување со пријателите, за хоби?
Андреа: „Искрено немавме многу време за излегување. Имавме голем број на натпревари. Се на се Скопје ми се допаѓа и задоволна сум со животот кој го водам овде. Секојдневното кафе е нешто обавезно

!Многу се дружиме внатре во екипата, па поголемиот дел од времето сме заедно.“
Јованка: „Немаме премногу слободно време, но секогаш го користиме да прошетаме низ Скопје кое е многу убаво.“
Во Македонија владее ракометна еуфорија. Покрај женскиот тим на Вардар, во оваа сезона Скопје е домаќин на натпреварите на Вардар и Металург во машката Лига на шампиони. Имате ли време да ги следите дуелите на ракометарите на двете екипи?
Андреа: „Можам да кажам дека сум воодушевена што играм во земја во која ракометот е број 1. Чуството е исклучително. Луѓето го познаваат ракометот и тоа се чуствува на секој чекор. Имавме можност да ги гледаме натпреварите на
машките екипи и самата атмосфера на тие натпревари е прекрасна!“
Јованка: „Имав можност да ги гледам и Металург и Вардар против ПСЖ на домашен терен и она што ме воодушевува е публиката, која морам да бидам искрена на нас ни недостасува, како и навивачите Комити, кои ги повикувам во сабота да дојдат и да ни дадат поддршка, а ние ќе им вратиме со борбена игра на теренот.Мислам дека за Македонија е голем успех што три екипи играат во Лигата на шампиони. Оваа земја треба да биде горда на своите екипи.“
http://on.net.mk/sportal/rakomet/rakometot-vo-makedonija-e-sport-broj-1
