Ни Љамче Фанс не им донесоа среќа на ЖРК Вардар викендов
Пред да тргнеме за Ѓер, гледавме едно полувреме од Вардар-Јуниор Ејнџелс, па ќе почнам со нив. Каква трагедија беа Ејнџелките. Дојдов да видам како Англичанките играат ракомет, испадна да ти биле Унгарки кои живеат во Англија. Унгарски презимиња, навивачи (6 души

) кои навиваа со Унгарско знаме, на Унгарски јазик...

Колку беа слаби леле мори мајко. Не знаеа да одат. Ги избуши Митова по контри, скоро и да немаше потреба од позиционен напад, пошто во 3 од 4 нивни акции, им крадевме топка и завршувавме со гол од контра напад. Од првиот дуел не можеше да се оцени јачината на нашиве, ќе биде интересно понатаму. Лошо е што за во напад само една постава имаме, ако се повреди некоја наебале...
До Ѓер патувавме сто саати. Екипата (15 души) беше мешавина од неколку активни членови на Комити, неколку членови од далечното минато и симпатизери на ЖРК Вардар. Таму се приклучија и побројните фаланга Виена

Ѓер е антички град, со античко население

Мислам дека старосна граница на населението ми личеше дека е 70 години според тоа што го видов на улиците. Викенд, а плоштадот и центарот скоро празни. Не знаат да бекнат Англиски, најосновни работи не разбираат како хај, бај, тенк ју...

На стадионот имаше утакмица меѓу Ѓер и некој друг фудбалски клуб и најверојатно имаа некои ултрас навивачи облечени во црно

, од кои понатаму не видовме ни трага ни глас. Кога дојдоа овие од Виена, фешти се случуваа на паркингот. Одма се удри на песна, комедии беше

Језда они си беа фамилијарни луѓе, ама знаете како иселениците се палат кога ќе се соберат и треба да пеат за Македонија

На врата претходно ни јавија дека нема да ни дозволат да внесеме тапан и мегафон. Во Скопје, Комбат не смееа да внесат тапани ради тоа што наводно такви биле правилата на ЕХФ, а ваму они имаа 100 тапани на трибина, а нас не ни дозволија. Не дозволија ни вувузели да внесат некои од луѓево, па имаше малку тргање на врата. Да бевме Комитска екипа, сигурно од ваква банална работа ќе настанеше тежок инцидент со половина уапсени



Тие на врата ептен беа напети, пошто се вработени од Ѓер, а Самс не стоел добро со нивниот газда. Само ЕДЕН ЗНАЕШЕ да збори Англиски

Ни пренесе што како и си влеговме на трибина. Како што и претпоставував таму спортот си е забава. На трибина си љокаш пиво, си имаш шанкчиња курци палци

Фаланагата опна неколку тури частење за сиротињите од Македонија

Салата не беше исполнета до последно место. Одново повеќето беа старци кај кои се гледа љубовта и традицијата кон клубот. Ниту еден од нив во ниту еден момент не се сврти накај нас да не провоцира, ниту пак да покажува курови. Аплаудираа на преставувањето на нашите ракометарки, не ја свиреа химната на ЕХФ...

Па во Македонија да победевме на начин како они, со гол во последна секунда, имаше да ги помоча некој од соседна трибина

Кога дојдоа старците годинава имаше некои што им се чаталеа, па им земале шалови, па знамето го враќале обезбедувањето итн. На почеток од натпреварот се собираат играчите и ја пеат Унгарската химна, таков им е ритуалот. После имаше минута молчење за загинатите во Париз и конечно почна натпреварот. Со оглед на тоа што едвај 10-тина души навивавме, мислам дека навивањето беше супер, имаше моменти кога ептен грмевме и тотално ја надвикувавме цела сала, иако претешко беше да се носиш со 4 тапани и музика која константно ја пуштаат до даска кога нивните навивачи не пеат. И едно те исто, Ојра Ето ојра, ојра Ето ојра

Ама за секој гол скока цела сала, тука може комотно да се носат со нас. Вардарки искрено ме изненадија. Очекував некој тежок пораз и немав некои посебни надежи. Почнавме одлично, Суслина беше добра на голот, во одбрана игравме мнпогу подобро од Скопје, единствено немавме никаков лек за Горбиц. Огромно влијание имаше повредата на Алтхаус. Ања почна да игра маестрална одбрана и конечно почна да погодува и во нападот, па откако се повреди, иако се враќаше во игра, сепак не можеше да го покаже најдоброто. Пенезиќ потфрли. Иако, тука претеруваа и судиите. Какви само пробивања и судеа, какви две минути и дадоа, мајко мила. Во прво полувреме заслуживме да водиме и со повеќе од три разлика. Дембеле и Дамњановиќ одиграа маестрален меч, а Радичевиќ беше одлична во одбрана. Хмирова навистина ја раздвижува играта, ама на крај толку го изнервира Питлик што уште за малце не ја истепа. Неколку пати истите грешки ги правеше во моментите кога се кршеше резултатот. Го минува чуварот, излага пред гол и место да шутне ВРАЌА НАЗАД




Клучен момент за поразот беше промашениот пенал за 4 разлика на Сокач и примените два гола кои следуваа во ситуација кога имавме играч повеќе на теренот. Судиите почнаа со домаќинско судење, секој напад судеа пробивање од Пенезиќ, иако за воља на вистината од се што досудија само еден влез од десна страна беше пробивање. Не свирна чист фаул над Дембеле при една контра кога Киш и ја одбрани топката, а требаше да има пенал и две минути. Не досуди чисти чекори од Томори, која се падна од смеење што не и досудија ништо уште на средина од теренот. Не фатија на еуфорија, се запали публиката, направија притисок врз судии, ние скандиравме ЕХФ мафија едно добри 5 напади по ред, они си пееа за Ѓер и то је то, судијата си одбра страна

Направија серија од 8-1 ако не се лажам и тука ние почнавме да се враќаме во игра. Лејно фати добра серија на голот, ја запревме Горбиц донекаде, ама проработе Локе која не утепа и нормално Томори која освен против нас, сигурно со никој друг не дава такви важни голови. Ни луфна два гола од никаква позиција, во клучни моменти. Радичевиќ беше најслаба во вториот дел. На нерешено промаши зицер, каде што господ не знаеше што сакаше да направи, шутирајќи во мрежата крај првата статива. Па наредна акција, при влезот и испадна топката од раце, па погоди пречка, а упропасти и една контра, пошто е направена како бише и ја стигнаа уште на центар

Лекиќ доста форсираше шут во најтешките моменти, ама не ја критикувам пошто имаше муда и добро биеше, ама за жал ептен добри одбрани имаше домашната голманка во тие акции. Не ми е јасно како си дозволивме таков гол да примиме кога ни направија цепелин за нивниот претпоследен погодок

Ептен заспа нашата одбрана, ни направија цепелин двете крила во стил на Дибиров и Шишкарев против Киелце

И тогаш погаѓа Барби од нигде никаде, а во нареден напад нашиот најдобар играч на мечот, Дембеле, доаѓа до зицер, но промашува. Топката оди до Радичевиќ која конечно го покажува својот квалитет и со лобче погодува за израмнување на 30 секунди до крај. Каква еуфорија завладеа кај нас. Може серам, вештачки вакви такви, ама Вардар си е Вардар бе. Кога застанав таму, нервози ме удрија уште од први минути, ако си јадам гомна за нив

Се изгубив тоталка за голот на Радичевиќ, бидејќи од домашните навивачи не делеше плексиглас, гледам еден старец до мене се паѓа од смеа, сите други гледаат накај нас. За последниот напад стана цела сала, беше да се биде или не. Пенезиќ си направија добар старт, само што не мораше да оди толку остро за две минути. Ми се допадна што ја тресна Томори додуша

Моравме да одиме на побрз фаул откако ја исклучија Пенезиќ. Откако дојде топката до Локе, готово беше, никаков старт не помагаше, затоа што веќе си имаше позиција. А кога најдобриот пикер ќе добие таква шанса, нема промашување

Паднаа во делириум они, влетаа сите ракометарки во терен, еруптираа и трибините

И повторно ќе напонема дека сите си аплаудираа и никој не се сврте накај нас да не провоцира или да ни пука сеир. Напротив, си честитавме преку плексигласот, а они повеќе беа заинтересирани за трампање шалови
Ептен ми беше криво за поразот, неколку минути седевме како попарени на трибина. Дојдоа девојките и ги испоштуавме за играта иако и они беа скршени и разочарани. Играта оди во нагорна линија, се надевам ова ќе им биде дополнителна мотивација. Бод ќе сменеше многу работи, ама тоа е...
п.с го испоштувавме Љамче и на ова гостување

Кога одевме накај сала ја пеевме песната само за Вардар пееме ние и нормално неизбежно беше на крајот да загрме играј Љамче ти за нас, ЉАМЧЕ ФАНС. Ниеден од остатокот од екипата немаа ни слушнато за Љамче


