Не е толку моќен финансиски Тиквеш, ама може да се каже дека е финансиски стабилен. Нема долгови, нема доцнење плати, има колку за нормално функционирање на клубот.
Составот не им е којзнае колку јак, тука некаде сме во квалитет, може се за нијанса подобри. Сепак, играат одлично на домашен терен, имаат и многу публика. Ќе ми биде многу жал ако се бркаме со нив за отпаѓање.
За Ѓорче воопшто нема да ми биде жал. Тоа прерасна во приватна забава на местачи на утакмици на чело со Бл****. Немаат ни навивачи, ни бутур. Скоро сите натпревари во лигава им се наместени. Се надевам дека ќе отидат јабана. Нека не ги бркаат од лига, ама да си отпаднат

Нека се тргнат местачите и да си продолжат како некогаш, може и ќе ги вратат навивачите. Ама штом и Копчарот се трга, значи ќе јадат некоја дебела суспензија. Копчаревци се единствени што го одржуваа клубот константно, од љубов и локал патриотизам.
Гостивар се мачи затоа што имаат 10000 нови играчи. Си треба време да се вкомпонираат. Немаат искусен тренер, туку почетник. Цел состав го сменија. Сепак, дури и покрај слабиве резултати на почеток, тешко е да се очекува дека би отпаднале. Ќе фатат залет кога тогаш. Дополнително, за нив не е проблем да купуваат натпревари. Ако загусти, ќе им помогнат многу екипи за пари.
Јас очекував дека Брегалница да биде кандидат за отпаѓање, ама одлично почнаа. Им се погодија некои од егзотичните засилувања. Сепак, не би исклучил можност да тргне возот надолу и за нив.
Лошо е и што Воска освојува бодови без проблем.
По мене ако ние не отпаднеме директно, максимум би биле трети од позади. Ѓорче прераснува во кандидат за втора лига, а друга екипа која би можела да биде позади нас веројатно би била Воска.