Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Немам проблем со ништо, аргументирано пишав и горе и затоа ми е нејасно од каде побудата, индиректно да се сведе ова како "грешка на дечките кои се таму". Таман работа, секој треба да има свое мислење и МИЛИОН пати да не се сложиме е ок и добро, но сето тоа да биде аргументирано.

Десниќ си замина од лични причини, одлуката беше негова. Ферски е што искрено пристапи и го соопшти другарски тоа. Ништо спорно, ништо проблематично.

Респект кон него има и клубот и трибината, поради се што направи, но едноставно ова е ситуација на која никој освен него не може да влијае.

Поздрав :)
 
Ова е чисто професионална одлука, не го гледа тренерот во плановите и тоа му е кажано. Понудено му е да остане но како 3та или 4та опција што тој не го прифатил. Нема тука простор за мистерии, такви работи се нормални во фудбалот. Единствено може да се дискутира околу етичкиот момент и тајмингот за оваа одлука на струката на ден-два пред крај на преодниот рок. Практично може да се случи да остане без клуб до јануари...
 
Не гледам грешка кај Тетовче, бидејќи имаше 2 недели да процени најмногу. Никогаш ниту сме се мешале во одлуката на Грне, ниту ќе се мешаме во одлуката на Тетовче, ниту па на било кој друг. Целосно им ја предаваме палката во однос на избор. Се слагам дека лошо се погоди моментот, но максимумот што можевме да го понудиме, го понудивме, а тоа е да остане, но одлуката за кој ќе настапи единствено ја има тренерот.
 
Да го пуштиш Десниќ да си оди на неколку дена пред крај на преоден рок, а притоа да немаш обезбедено негова замена е тотална лудост. Сега се сведовме на Омерагиќ, кој игра исклучиво ради правилото за задолжителен играч под 21 година, и на Жоглев како опции во нападот. Се надевам знае што се прави, ама се' повеќе сум уверен во спротивното...
 
Пуштен, пуштен, а фактички го кријат работава :D

Не е избркан Десниќ, сам сакал да си оди откако му било соопштено дека Тетовка не го брои за во прв тим. Како што кажаа погоре, малку е глупо што на ден пред крај на преоден рок замина и скратени му се опциите за наоѓање тим (не знам какви се правилата, он секако е слободен играч сега, па може и нема врска што доаѓа крај на преодниот рок за трансфери на "неслободни" играчи).

Секако нема квалитет за прва лига, но од друга страна е подобар од голем дел од ланските играчи кои останаа, па можеби е и фер да си бара клуб каде што ќе има полна минутажа. Веројатно да имавме младинец на друга позиција, ќе стартуваше он место Омерагиќ.
Да се надеваме дека ќе се најде некаква замена.

Интересно ми е дека Бајо и Грне ја потпалуваат ситуацијата против луѓето што го водат клубот. Земале подбуцнуваат со коментари на фб, а од друга страна за да не се прави драма не се открија некои работи за нив.

Мене ми личи дека во клубот има класична ситуација каде што староседелците од лани и преклани не прифаќаат нови играчи или тренери и водат хајка против нив. Лани Шиков го избркаа од Тиквеш, повлече еден куп кавадарчани да бунтуваат на негова страна. На крајот клубот заврши највисоко во нивната историја.
Крајот ќе го краси делото. Нормално е дека ако се зголемат амбициите, ќе играат поквалитетни играчи.
Ги следам голем дел од клубовите и секогаш кога ќе напредуваат од трета во втора лига со локални играчи кои немаат квалитет за повисоко ниво, менуваат цела постава носејќи нелокални играчи. И секогаш староседелците и тренерите бивши и локалците почнуваат со напади подбуцнати од бившите играчи и се создава негативна енергија која на крај носи само пропаст за клубот (истово се случува во Вардар Неготино во моментов).
 
Староседелците мора да бидат свесни дека ако биле добри за втора лига не мора да значи дека се добри и за прва лига.Многу примери има и читам и по коментари на ФБ без разлика за кој клуб се работи пишуваат ги избркаа нашите деца носат од страна.Па нормално за повисока лига да носиш од страна играчи.
 
Пуштен, пуштен, а фактички го кријат работава :D

Не е избркан Десниќ, сам сакал да си оди откако му било соопштено дека Тетовка не го брои за во прв тим. Како што кажаа погоре, малку е глупо што на ден пред крај на преоден рок замина и скратени му се опциите за наоѓање тим (не знам какви се правилата, он секако е слободен играч сега, па може и нема врска што доаѓа крај на преодниот рок за трансфери на "неслободни" играчи).

Секако нема квалитет за прва лига, но од друга страна е подобар од голем дел од ланските играчи кои останаа, па можеби е и фер да си бара клуб каде што ќе има полна минутажа. Веројатно да имавме младинец на друга позиција, ќе стартуваше он место Омерагиќ.
Да се надеваме дека ќе се најде некаква замена.

Интересно ми е дека Бајо и Грне ја потпалуваат ситуацијата против луѓето што го водат клубот. Земале подбуцнуваат со коментари на фб, а од друга страна за да не се прави драма не се открија некои работи за нив.

Мене ми личи дека во клубот има класична ситуација каде што староседелците од лани и преклани не прифаќаат нови играчи или тренери и водат хајка против нив. Лани Шиков го избркаа од Тиквеш, повлече еден куп кавадарчани да бунтуваат на негова страна. На крајот клубот заврши највисоко во нивната историја.
Крајот ќе го краси делото. Нормално е дека ако се зголемат амбициите, ќе играат поквалитетни играчи.
Ги следам голем дел од клубовите и секогаш кога ќе напредуваат од трета во втора лига со локални играчи кои немаат квалитет за повисоко ниво, менуваат цела постава носејќи нелокални играчи. И секогаш староседелците и тренерите бивши и локалците почнуваат со напади подбуцнати од бившите играчи и се создава негативна енергија која на крај носи само пропаст за клубот (истово се случува во Вардар Неготино во моментов).

Злонамерен ти е другар тој дел од коментарот за Бајо и Грне. Колку што јас гледам секоја објава на клубот ја лајкнуваат и нивната љубов према клубот е искрена и нескриена. А веројатно коментирале затоа што се емотивно врзани со сите тие играчи кои покрај за клубот играа практично и за нив, и не се откажаа иако сите до еден можеа. Дел тоа и го направија. За тие што останаа до крајот се спремни на многу повеќе од еден коментар на одбрана и поддршка на ФБ...
 
Da ne bese deckoto nemase Vardar kaj da trenira cela god,toa e fala za sve i eden od naj standardnite❤️

Еве го коментарот на Грне.
Делот со "тоа е фала за се".
Алудира дека Десниќ е избркан, а не е така. Тоа што Тетовка (а богами и Грне) не го планираа за во прв состав, никако не може да се каже дека е неблагодарност за тоа што направил за Вардар. Му се посвети објава на Десниќ, Комити го сакаат, ама тоа е взаемно донесена одлука. Публиката сака резултати, а во исто време сака и да останат сите играчи од лани кои немаат квалитет за прва лига. Не оди тоа така. Никој од играчите не е избркан од ланска година, сите што си отидоа си отидоа од нивни причини (Размо и Серафимов за подобри плати, дел од младите во поперспективни екипи како Пандевци, Јаневски поради тоа што бараше преголем договор и немаше шанси да му се исплати, Величковиќ по негово барање). Е сега со тој квалитет, не може ни да очекуваат дека ќе играат 90 минути...
 
Јас погоре напишав дека тоа е нормална работа во фудбалот во која нема сентименталност и немам проблем со тоа. Јас би го одиграл тоа "не те гледам во прв план" со "остани и бори се за место" чисто ради тајмингот пред крај на преоден рок, а и не е баш дека имаме аждаји од шпицови покрај кои Десниќ не може да фати место. Мислам дека има и одбиено неколку понуди за да остане
 
Интересно ми е дека Бајо и Грне ја потпалуваат ситуацијата против луѓето што го водат клубот. Земале подбуцнуваат со коментари на фб, а од друга страна за да не се прави драма не се открија некои работи за нив.
Извини вака, од каде се овие глупости?
Знам дека сите не шокираше одклуката што си поднесоа оставки Грне и Бајо, меѓутоа дека они потпалуваат и подбуцнубаат против луѓето што го водат клубот, не знам од каде ѓи измислувате овие глупости.

И мене не ми се свиѓаше што си дадоа оставки, меѓутоа со нив е завршена работата! Им благодариме за се што направија за Вардар и се најдобро понатаму во нивната кариера!

Сега имаме нов стручен штаб, кој сите знаеме за какви луѓе се работи и треба да се фокусираме да обезбедиме бараж! Ако денес не ја победиме Македонија ЃП тогаш можеме да се пакуваме за втора лига.

Имаме толку многу побитни работи, а тука уште се зборат глупости за Грне и Бајо. За дечките максимален респект и не заслужуваат да се оцрнуваат особено Грне!
 
Конечно Алаведра стартер Демир и Дурански на клупата.
Тоа е добро. Да видиме како ќе се покаже Андорецот. А мислам дека на Жоглев треба да му се даде поголема минутажа како напаѓач.
 
На Спорт Клуб 8 има пренос? Покрај тоа ја има на МТВ?
На МТВ (1,3,5) проверено нема, спорт клуб 8 не можам да најдам, а ниту стрим.
Ако најде некој нека прати
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom