Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа клуб на народот не се сфати баш како што треба.
Клуб на народот во смисла дека ниту еден спонзор во иднина не треба да добие целосна контрола врз клубот и да си прави што сака, туку Комити како глас на народот секогаш да држат бар 51% од клубот.

ova moze samo komiti davaat 51% od budzetot sekoja godina i se najde budala sto ke dava 49% a drug da mu odlucuva... totalno ne e realno ova i ako na ova stvarno se insistira togas komiti na kraj moze da ispadnat najgolema precka klubot da odi napred.
 
Абе тој Грне го направивте како душман на Вардар да бил. Срамота. Ебави Вардарците.

Ја не видов некој да го направи Грне душман, нити ги избрка некој, нити ги навреди. Они си поднесоа оставки, клубот се заблагодари и толку. Да ја затвориме оваа тема веќе доста е.
Не очекуваш ваљда било каква помош од лик што го снима жена му додека пие ракија со салата по дома за ручек време, и праи бреинсторминг за состојбата во Вардар!? Човекот е диносаурус класичен, што не сака да прифати дека одамна го има прегазено времето и се обидува да привлече внимание на секаков можен начин. Јас пре би рекол дека од вакви фаци само штета повеќе може да има Вардар, отколку некаков аир.
Зошто бе, јутубер, влогови си праи. Еве денес и за потпарол го ставиле. Зошто? Затоа што нема никој друг. Не постои друг заинтересиран за таа позиција.
Се уклапа он у визијата за европски клуб. Млад, амбициозен, работлив, модерни сфаќања.
Одвојте време, први 30 клуба што ви паѓаат на памет и видете им ги портпаролите. Све исти Мијалче...

У предходниве 10 години кој беше потпарол на клубот, и дали воопшто имаше?
Колку прес конференции имаше клубот во последните 10 години, а колку во последниве месеци од кога Комити го водат клубот.

Ако имате некој подобар слободно нека се пријави, одма ќе го смениме Мијалче.
Со задоволство би ја земале и Дилета, или таа на Звезда, стапете во контакт, понудете ги условите(платата) која ја нудиме за таа позиција и може одма да започне со работа. Па може ќе рипне и посетеноста на новинари, ако не на стадион, на прес сигурно, нема да биде само Мијалче.

Се однесува за сите :
Од ништо не сме задоволни ние, постојано само за хејтање.
Не уништувајте нешто што некој го прави од чиста љубов. Ако можете помогнете, ако не не одмагајте.Помош е добредојдена од секаде. Ви кажуваме тука дека никој не не есапи, сегде е побарано помош, 0 интерес има, вие приказни овде кажувате.

@Saber Rider грешка си со процентите. Мислам дека беше кога би дошол инвеститор би добил 50% од акциите, 25% Комити и 25% градот и Пуиг. На првата прес конференција беше ова кажано, ако не се лажам.
 
Како бе другар вака си ги фрлате годиниве и бројкиве од рукав, пред 10 години како да било пред 100. Па пред неполни 5 години Вардар играше групи на Лига Европа, функционираше како Реал Мадрид, со сопствена продукција, сајт, Јутјуб канал, сопстевени новинари, фотографи, клупски аутобус, обезбедување за играчите. Еден профил погоре пишал дека е сега донесена опрема која ја немало 10 (?!) години. Па во тој период што го споменав, играчите имаа по 20 дреса на располагање, секоја утакмица нова торба опрема, у одела идеа на утакмици. Карантини и припреми да не правам муабет. Се идеше по Анталии и Аустрии по 40 дена, се играше со Звезда, Хајдук, Динамо Киев. Па и со оној Цобе се отиде лани мислам во Анталија на скупи припреми, и лани се одеше у карантини во најскапите хотели во градот кај што се играше...
 
Васо е на добра релација со Матеј Цветаноски, ако не најде клуб ќе дојде тука сигурно.

Ја колку што знам има рампа за тој играч. Бар лани имаше, договорен беше за пролетниот дел
 
Ја колку што знам има рампа за тој играч. Бар лани имаше, договорен беше за пролетниот дел
Не сме во позиции рампи да ставаме. Секој играч кој сака да помогне и да го дигне квалитетот на тимот мислам дека би бил добредојден сега во овој момент. Бар јас така мислам.
 
Во скоро време пак да се повтори некој ваков успех
Дај Боже повторно да се повтори овој успех!
Прво да се средат работите и полека со работа ќе биде.
Еве Ѓоко Хаџиевски како спортски директор на Вардар ако може некако да донесе некој инвеститор од странство, бидејќи он работеше во повеќе земји и сигурно има доста контакти со некои бизнисмени и компании, ако успее да донесе некој инвеститор би било многу добро.
Со Господ напред ќе биде и Вардар конечно да го огрее сонце!
 
Како бе другар вака си ги фрлате годиниве и бројкиве од рукав, пред 10 години како да било пред 100. Па пред неполни 5 години Вардар играше групи на Лига Европа, функционираше како Реал Мадрид, со сопствена продукција, сајт, Јутјуб канал, сопстевени новинари, фотографи, клупски аутобус, обезбедување за играчите. Еден профил погоре пишал дека е сега донесена опрема која ја немало 10 (?!) години. Па во тој период што го споменав, играчите имаа по 20 дреса на располагање, секоја утакмица нова торба опрема, у одела идеа на утакмици. Карантини и припреми да не правам муабет. Се идеше по Анталии и Аустрии по 40 дена, се играше со Звезда, Хајдук, Динамо Киев. Па и со оној Цобе се отиде лани мислам во Анталија на скупи припреми, и лани се одеше у карантини во најскапите хотели во градот кај што се играше...
Пак не кажа колку прес конференции имало во периодот, колку јавноста била запознаена со случувањата во клубот.

Еве уште ова само кажи ми, дали во тој период од две три убави години Вардар доби нешто или изгуби? Дали го сметаш тој период за добар за клубот? Што доби клубот во(по) тој период, а што изгуби?
 
Се донесоа добри играчи(просечни за нашата лига), имаше услови по европски стандарди, се изгради тренинг центарот во Хиподром кој од политички причини не е на Вардар, дресовите беа многу добри за разлика од сега што не знаеме дали е Вардар или некој маалски клуб, се освојуваа титули во македонската лига и најбитното успеавме да отидеме во групна фаза во Лига Европа и тоа на денешен ден! Исто така имаше и прес конференции во тој период. Камо среќа да се врати тоа време.

На крај на денот било поминало, тоа време не се враќа(ако имаме среќа да се врати некако).

Како и да е, сега треба фокусот да биде да се најде некој инвеститор кој ќе вложува во Вардар, да се исплати долгот и да се пласираме во групна фаза барем во конференциската лига.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom