Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитај го првиот пасус од мојот претходен пост, ист е одговорот.
До тој момент Вардар никогаш се немаше распаднато како сега, две години претходно играше групна фаза ЛЕ и Самс не беше уште заминат целосно. Уште правеше оди ми, дојди ми и сите потајно се надеваа дека ќе продолжи да дава пари.
Неспоредлива е појдовната точка тогаш и во моментов.
Веќе имаме етикета на клуб кој 2 ГОДИНИ НЕРЕДОВНО ДАВАЛ ПЛАТИ ИЛИ НЕ ДАВАЛ ПЛАТИ, клуб кој во секој момент може да се врати на стари патеки. На крајот од денот, сите тие играчи си имаат менаџери кои не се од вчера, знаат кој клуб има пари за молзење, а кој нема.
Новиве генерации играчи воглавно се примадони какви што порано немало, да им го знаете барањата, немаше ни да го правиме муабетот.

За последниот дел, идејата колку што знам беше таква за до моментот кога клубот ќе застане на некакви здрави нозе. За долгорочен план, секако ќе мора да има надзор од Комити, затоа што сите претходни управи работеа недомаќински. Од сегашен аспект не можам да говорам во иднина, може сегашниве Комити ќе кренат раце од ситуацијата, може ќе се сменат структурите, во моментов е најдобро клубот да има 51% сопственост од Комити, па ако сакал и шеик од Саудиска арабија да го презеде клубот. Нормално ова е мое мислење, тешки да се најде спонзор каков што сакаме, може ќе се смени првичниот план.

Околу Каевски, дечкото е вардарец. И татко му е екс фудбалер и го сака Вардар. Сакаме да играме на Градски, ти треба решение со ПУИГ, ти треба човек од партија кој го сака клубот :) Не викам дека он ќе го реши проблемот, ама луѓето претеруваат со некои реакции. Секој што го сака Вардар е добредојден на стадион, на Дарко не му е прв пат да биде присутен на утакмиците и како функционер и после тоа. Е зошто го ставиле во "ложата", тоа е друга работа.
Автоматски споено мислење:


Помошта од градот е потребна за да се истурка сезоната, за и овие играчи кои ги имаме утре да не ни чукнат на врата и да си бараат долгови назад со камата.
СЕКОЈ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА Е ИНДИРЕКТНО ВОДЕН ОД ПАРТИЈА. Сите јаки клубови во соседството се или државни проекти ило поддржани од политичари. Се објаснив во претходниот пост, нема да се повторувам.

Џабе верглам, изгледа стварно не ви е јасно кога велам дека ниту една фирма не е заинтересирана да инвестира. На состанок те примаат трет ешалон вработени, за никаков план не се заинтересирани да слушнат. Си има групата цела стратегија, која цело лето ја изработувале некои луѓе од љубов, без надоместоци. Џабе, кога фирмите прво вртат во партија, а после те примаат колку да се каже. Македонија не е на македонците, стравот од ДУИ им е во коските. Знам дека сите дпбронамерно зборувате, од страна личи дека ништо не се прави и затоа ви кажав ако знаете детали уште повеќе ќе се разочарате и од држава и од легенди и се'.

На легендите не рачунај, историјата го покажала тоа.
Долгот во најголема мера е фиктивен, освен долговите кон екс играчи, другото е мижи асан да ти баам. Зароа државата треба да го отпише тој фиктивен дел, како што тоа го направи Мијалков во минатото :D

За УГЕ апсолутно не си во право. Стотици пати помогнале на Вардар досега, еден куп патувања организирале за Комити и помагале сп донации. Да не ја заборавиме и пријателската која тогашното раководство не знаеше да ја искористи за заработка.
Си имаат они своја борба во моментов, ниту Шалке не е во подобра ситуација од нас (за нивни услови). Се сложувам дека требаше да има поголема реклама за членските кај нив и мислам дека допрва ќе се удри на рекламирање.

Младинци од Шалке да дојдат овде?
Со што ќе ги привлечеме? Кој ќе им плаќа смештај, каде ќе се образуваат? Ќе дојде некој во задно дупче од свиралото, нема грешка. На кој терен ќе тренираат? По ниви играат младите.
Инаку, млади странци не влегуваат во У 21 играчите кои мора да настапат на натпреварите. Така што никаков ќар од нив.
А каква етикета имавме во 2020 другар!? Како клуб кој две години по ред не добива лиценца за настап во Европа поради неподмирени примања кон сопствените играчи. Вардар се распаѓа по којзнае кој пат од кога ја го пратам, па не заебавај, не сме од вчера. Ни прв, а за жал нема ни за последен да биде.
Ако сакаме да бидеме клуб на социоси/членови како што тврдат од Комити, прво треба да се запознаат со статутот на управување. Еве најблизок пример е Хајдук, а во исто време и успешен. И таму здружението Наш Хајдук го бира надзорниот одбор на клубот, на мандат од 4 години, со гласање на избори, ама за такво нешто најпрво откупија 25% од акциите по цена од 4,5 милион евра, со рок на исплата од 10 години. Здружението 35 години Вардарци за колку ги откупија акции од Цобе? Плус што Наш Хајдук има скоро 100.000 члена годинава, кои со уплата од 20 евра поединечно, придонесуваат со 2 милиони евра во клупската каса. Комити колку членски продадоа? Едвај 5.000 така, со колење, со молење.
Се залагаме за моделот еден член - еден глас, а не се држиме до начелата на истиот. Повторно една мала група луѓе носи одлуки.
А ова дека Комити ќе имаат 51 % од акциите, додека некој друг ќе има обврска да го обезбеди буџетот, заборави дека ќе се деси некогаш. У старт е осудено на пропаст.
 
Пак не кажа колку прес конференции имало во периодот, колку јавноста била запознаена со случувањата во клубот.

Еве уште ова само кажи ми, дали во тој период од две три убави години Вардар доби нешто или изгуби? Дали го сметаш тој период за добар за клубот? Што доби клубот во(по) тој период, а што изгуби?

Од оваа дистанца лесно е да се осуди дали било добро или лошо. Во тоа време никој не мислел на тоа, бевме на 7 небо, цела екс ју пишуваше басни за Вардар, се споредувавме со големата четворка, исфрливме гигант како Фенербахче, правевме калкулации за поминување група, дома бевме газди, Шкендија во наелектризирана атмосфера ја добивавме нон стоп, вакви борании како Силекс ги газевме кај и да ги видиме. Што се исподеси во меѓувреме е приказна за анали, ретко и во светски рамки има ваков случај некој да потоне толку брзо. Ама кога можеше Цобе да се брка од терен, да му се земат акции, може(ше) и на Сергеј и покрај тоа што е далеку поозбилен играч. А ние денес кај него правиме прес.
Нелогичности колку сакаш...

Инаку и многу чести пресови се контрапродуктивни. Таквите се прават кога има битна новост поврзана со клубот како денеска. Во спротивно се губи важноста на истите, и нема што многу да се каже.
 
Последно уредено:
Не сме во позиции рампи да ставаме. Секој играч кој сака да помогне и да го дигне квалитетот на тимот мислам дека би бил добредојден сега во овој момент. Бар јас така мислам.
Ова потполно истово важи и за финансиска или било каква помош од други лица, без разлика на нивниот статус во општеството.
На крај на денот било поминало, тоа време не се враќа(ако имаме среќа да се врати некако).

Како и да е, сега треба фокусот да биде да се најде некој инвеститор кој ќе вложува во Вардар, да се исплати долгот и да се пласираме во групна фаза барем во конференциската лига.
Најбитно е да го преживееме периодов до полусезона, да се зголеми продажбата на сезонски и институциите да соработуваат. Без тоа, не го гледам ова што си го пишал о наредни 10 години.( Дај Боже да грешам).
Од оваа дистанца лесно е да се осуди дали било добро или лошо. Во тоа време никој не мислел на тоа, бевме на 7 небо, цела екс ју пишуваше басни за Вардар, се споредувавме со големата четворка, исфрливме гигант како Фенербахче, правевме калкулации за поминување група, дома бевме газди, Шкендија во наелектризирана атмосфера ја добивавме нон стоп, вакви борании како Силекс ги газевме кај и да ги видиме. Што се исподеси во меѓувреме е приказна за анали, ретко и во светски рамки има ваков случај некој да потоне толку брзо. Ама кога можеше Цобе да се брка од терен, да му се земат акции, може(ше) и на Сергеј и покрај тоа што е далеку поозбилен играч. А ние денес кај него правиме прес.
Нелогичности колку сакаш...

Инаку и многу чести пресови се контрапродуктивни. Таквите се прават кога има битна новост поврзана со клубот како денеска. Во спротивно се губи важноста на истите, и нема што многу да се каже.
Салата е на МОК дадена колку што знам, не е на сергеј. Да он ја изгради, ама исто како и цобе двајцата се политички играчи и немаат некој голем удел во било што околу клубот.
Мое мислење зошто сергеј не се бркал како што е сега со цобе, е поради тоа што он беше сменет со смената на власт. Сите мислеа дека политички го тргаат. Не верувам дека некој тогаш знаеше што се случува ни со академијата, ни со тренинг центарот.
Инаку во неколку наврати е спомнато дека градот и иституциите треба да го гонат сергеј за неисполнување на договорот.
 
Гостивар избрка 5-6 играчи, а вчера потпишале репрезентативец на Бурунди. Фудбалска логика и има и нема во овој потег, ама како што беше пишано во пост погоре ваквите трансфери имаат финансиска логика поради компензациите од ФИФА/УЕФА. Додадена вредност ќе биде ако се погоди играчот, за Андорецот чекаме да видиме што ќе биде. Треба да се размислува и во овој правец.
 
А зашто Андорецот не игра? Четири утакмици поминаа а он не е ни на клупата за резерви. Знае некој нешто во врска со ова?
 
Постираше некој погоре дека тој и Вецевски имале вирус и затоа не беа ниту во состав со Силекс.
 
Постираше некој погоре дека тој и Вецевски имале вирус и затоа не беа ниту во состав со Силекс.
Аман бе. Ај да се надеваме дека ќе му пројде брзо и да го видиме на терен што може да покаже. Инаку во врска со играчите што си заминаа од Гостивар треба да се побрза и да се земат неколку ако имаме некој денар бидејќи мислам за брзо време ќе заврши тоа за купување на играчи и ќе треба да чекаме после до јануари за купување на нови играчи.
 
А зашто Андорецот не игра? Четири утакмици поминаа а он не е ни на клупата за резерви. Знае некој нешто во врска со ова?

Прво коло беше повреден, второ остана на клупата,,трето играше 45 минути, и сега со Силекс го немаше поради вирус
 
Како што разбрав, андорецот имаше смртен случај на најблизок роднина и некој период не тренирал со екипата. Треба да е прва опција за во одбраната во иднина, покрај Мишко.

Нема инфо што ќе биде со утакмицава со Струга. Треба да е одложена, само не знаеме за кога, дали еден ден (ко со Брера што ја одложија) или на подолг период (ко со Воска што направија).
А добро ќе ни дојдеше да ни играат со втор тим, како што направија против Брера :D
 
Како што разбрав, андорецот имаше смртен случај на најблизок роднина и некој период не тренирал со екипата. Треба да е прва опција за во одбраната во иднина, покрај Мишко.

Нема инфо што ќе биде со утакмицава со Струга. Треба да е одложена, само не знаеме за кога, дали еден ден (ко со Брера што ја одложија) или на подолг период (ко со Воска што направија).
А добро ќе ни дојдеше да ни играат со втор тим, како што направија против Брера :D
Одложена е за 1ви Ноември Ова со одложувањата за месеци е катастрофа Вардар,Работнички и други екипи играле во Европа па само како што памтам се одложување за еден ден највеќе,а не како сега.
 
Одложена е за 1ви Ноември Ова со одложувањата за месеци е катастрофа Вардар,Работнички и други екипи играле во Европа па само како што памтам се одложување за еден ден највеќе,а не како сега.
Многу сакаме фер плеј да изиграваме :D
 
Утакмицата во недела е одложена,викендов сме слободни :) .Следна утакмица е 16.09 со Тиквеш во Кавадарци, да се спремиме да го направиме едно од подобрите гостувања,забрана не би требало да има така да 350-400души може да отидеме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom