Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Разбирам што сакаш да кажеш, ама оваа тутуруткава не е никаков фактор во новинарството во Македонија.
Еве погоре lunatik пиша нешто што жена му на тутуруткава истрескала и да ти кажам нека ми извинат ама не знаеш кој е по малоумен.
,,Одејќи накај Кисела Вода сакавме пица да јадеме, и на семафор го видовме како Гачевски исправено поминува и оди кај пицеријата. Кој знае и него му се пријадело и он е човек". Значи Грне не чинеше нели он беше ,,Грне со дупло дно", а сега нешто Гачевски нечини што човекот буквално за безпари игра во Вардар?
Следно што ќе биде? ,,Капитенот Мицевски го видовме во тинекс како пазари, Глишиќ отиде во вц по нужда, Миле го видовме во кафана како јаде и пие" и така натаму.
После тоа инвеститорот од кај јужниот сосед само што не дошол да купи акции или да го превземе Вардар, па ќе ѓи повтори истите работи Миле што ќе ѓи каже на прес и така.
Извини ама оваа тутурутка повеќе прави глупости и шири свои измислени работи отколку што прави нешто за Вардар.
Се надевам дека се разбравме.
Поздрав и имај убава вечер! :)

Проблемот е што воопшто нема новинарство во Македонија, а уште помалку спортско, така да немаме многу избор. И лошата реклама е еден вид на реклама. Така да јас немам ништо против да се збори за Вардар.

Убава вечер и на тебе, поздрав

П.С Грне со дупло дно, се испостви вистинито иако не го открил он. Но, за ова е сеуште рано да се пишува на форум, исто како што беше и неговата најава многу рано. Најверојатно затоа и направија видео.
 
Toa e rabotata, sto Grncarov i Bajevski ne se beznacajni likovi za javnosta, sto nivniot zbor ima tezina, pogotovo posle lanskiot uspeh ramen na cudo. Toa se luge so ogromen del prijateli i privzanici po gradot i posiroko. Pa samite navivaci ne se na cisto so taa odluka, jas licno vo opkruzuvanje imam 50-tina Vardarci od koi dobar del i hard-kor koi odat so grupata, i ogromen del od niv se protiv odenjeto na niv dvajca. Sakam da kazam nit e ova ednoglasna odluka, niti moze lesno da pomine nivnoto eventualno javno ocrnuvanje.
 
Грне беше многу добар играч и прав капитен на Вардар. Он не можеше да трпи никакви судиски неправди и беше доста бунтовен, и затоа имам огромен респект за него.

Како тренер, кога ни беше најтешко бидејќи никој не сакаше да превземе таква одговорност за Вардар, он беше единствениот кој се нафати да го води Вардар и исто така да го врати во прва лига! И после се што направи Грне за Вардар некој да го нарекува ,,Грне со дупло дно" апсолутно не е прифатливо!

Бајо вака така донесе доста играчи за да не избуткаат во прва лига. Главно играчите се од Фк.Скопје меѓутоа знаеме во каква финансиска состојба сме и не можеме да бираме многу.

Во ред, секој си има свое мислење и има право да си го искаже тука на кајгана, ама па толку да се оцрнуваат Грне и Бајо не е во ред!

Е сега да видиме пресконференцијата што ќе биде што е закажана за во 11:00 и можеби ќе има објаснување за ситуацијата со Грне и Бајо. И да се надеваме дека нашле некој спонзор.
 
Toa e rabotata, sto Grncarov i Bajevski ne se beznacajni likovi za javnosta, sto nivniot zbor ima tezina, pogotovo posle lanskiot uspeh ramen na cudo. Toa se luge so ogromen del prijateli i privzanici po gradot i posiroko. Pa samite navivaci ne se na cisto so taa odluka, jas licno vo opkruzuvanje imam 50-tina Vardarci od koi dobar del i hard-kor koi odat so grupata, i ogromen del od niv se protiv odenjeto na niv dvajca. Sakam da kazam nit e ova ednoglasna odluka, niti moze lesno da pomine nivnoto eventualno javno ocrnuvanje.
Доста ширите шпекулации во темава.
Прво, Комити како група си одбраа членови кои се дел од управата на клубот. Одлуките се донесени со мнозинство на членовите од управата (скоро па апсолутно мнозинство).
Тоа што на петко и станко не им се допаѓа одлуката, нема никаква важност, затоа што пред се повеќето не се запознаени детално со ситуацијата.

Убаво кажа, Бајо и Грне се важен дел од ланската приказна, двајцата се почитувани екс фудбалери на клубот и градски фаци со многу познанства. Ама, луѓето токму од овие причини (другарство со Грне и Бајо) се пристрасни во ситуацијата и не сакаат да ја прифатат вистината која од чаршиски муабет веќе сигурно ја дознале.

И САМС Е КЛУЧНА КАРИКА ЗА УСПЕСИТЕ НА ФК И РК ВАРДАР ВО ПЕРИОДОТ 2014-2019, АМА ШТО ОСТАВИ ЗАД СЕБЕ НА КРАЈОТ???
Читај меѓу редови, што сакам да кажам.
Тоа што не се објавуваат деталните причини е токму благодарност кон Грне и Бајо за тоа што го направија за клубот низ годините.

На крај краева, никој не ги смени, сами си заминаа затоа што знаеа дека едниот од нив ќе треба да одговара кога ќе дојде време.
Да се разбереме, многу други му направиле далеку полошо на клубот, ама ни они двајца не се безгрешни во ситуацијата и управата имала целосно право да ги смени, особено што исто така доаѓаат проверени работници кои допрва ќе ги оценуваме.

Пишав и тогаш, не требаше сега да се случат промените, затоа што имаше некаква хемија во клубот од ланската сезона, но бидна. Веројатно е оценето дека ќе се донесат и нови играчи и Тетовка ќе биде подобар тренер од Грне.
Што всушност и е факт. Грне два пати заврши трет во втора лига, односно завршивме на местото на кое и реално бевме по квалитет на екипата. Да, благодарение на нив ги држевме играчите да останат, благодарение на нив потпишуваа некои играчи, ама настрана финансиите, ниту имавме некаква игра, ниту некои фантастични резултати во директните дуели со конкурентите (освен баражот).

Работава ќе излезе иста како плачењето по Мрме во репрезентација. Уште од старт сите плачеа и ја расипаа атмосферата во репрезентацијата за навек, го распнаа Боби уште од старт, на уште недобиена шанса.
А Мрме беше труп на тактички план и он си тераше шеми како сите други, ама имаше хемија во тимот и го имаше Пандев во тимот да ги држи конците.
 
Па нели "make my words" нема пари за нови играчи? Или сега магично ќе се најдат? Имало уште на Златибор и нешто пред тоа преку лична заложба и молеље на Бајевски договорено 3 играчи на позајмица, 2 од Црвена звезда и еден од Динамо. Едниот со наш пасош, другиот веќе на 3 утакмици има 9 голови во српската прва лига, а тој од Динамо веќе гравитира околу нивниот прв тим.
 
Ааа другар извини без навреда ама не си во право!

Да ѓи споредуваш Грне и сероња Боби некако не иде. Друго е клуб, а друго е репрезентација.

Да, можеби Мрме не е ,,тренериште" меѓутоа вака онака направи хемија во репрезентацијата и отидовме на европско на некој начин.

Оној коњонот сероња Боби нема никаква интелигенција да го води Фк.Кадино, а камоли репрезентацијата. Се имам изнаслушано муабети дека зима доста пари за некој ако сака да игра во репрезентација. После сите порази идиотот уште не си поднесува оставка од репрезентацијата и одозгора на тоа прави раздор во тимот! Еве капитенот Ристовски се повлече привремено од репрезентација поради несогласување со него, а мислам дека и друѓи ќе се повлечат. 7-0 изгубивме од Англија овој коњов не дава оставка! Така да во кратки црти тоа е од мене.

Поздрав и секое добро!
 
Не си ме сфатил што сакав да кажам. Луѓето со дрвја и камења фрлаа по смената на Мрме, без никаква основа, се створи негативна атмосфера уште пред да почне Боби кој е измислен за Мрме (нема да ја разглабам темава овде, може да ја продолжиме во темата за македонска репрезентација) што се преточи во целосен распад на репреземтацијата иако почетокот беше одличен.

Така е и во нашиов случај. Направена е смена, луѓето уште на невиден резултат од смената веќе коментираат тон глупости, бараат виновници за смена на некои (кои патем сами напуштија) кои ги осеќаат ко блиски, без да ги земат сите факти предвид.
Пак се враќаме на оние коментари, тоа е кога хулигани водат екипа бла бла.
Причините за заминувањето горе доле сите ги знаат, а како што кажав од почит кон двајцата засегнати, не се објавуваат јавно. И тука треба да заврши секаква дискусија.
Никој не ги напаѓа и не ги прави душмани, ама не се цвеќе за мирисање и секакво преземање мерки ќе беше заслужено.
 
Добро тоа си е твое мислење. Очигледно ако продолжиме со темава за Грне и Бајо ќе биде доста голема па би било добро вака да остане . Ајде да видиме на пресот што ќе биде тогаш па ќе видиме.
 
Па нели "make my words" нема пари за нови играчи? Или сега магично ќе се најдат? Имало уште на Златибор и нешто пред тоа преку лична заложба и молеље на Бајевски договорено 3 играчи на позајмица, 2 од Црвена звезда и еден од Динамо. Едниот со наш пасош, другиот веќе на 3 утакмици има 9 голови во српската прва лига, а тој од Динамо веќе гравитира околу нивниот прв тим.
Пари нема за нови играчи, со моменталниот буџет ;) Тука во темава се вртеа некои нереални имиња како Бобан Николов, екс репрезентативци на Македонија итн, што е нереално и невистина.
Ако даде некоја трета страна, како на пример ветените пари од Град Скопје, секако ќе се донесат нови играчи. Може новиот спортски директор ќе привлече инвестиции, останува да видиме.

Сепак, постојат други начини да се најдат играчи, а тоа се репрезентативци на други држави, особено оние од "третиот свет". Парите што ќе се добиваат за нивно играње за репрезентациите, ќе се покриваат за нивно плаќање, особено што немаат големи побарувања (како што правеше Слога). И мислам дека ќе се цели на носење на такви играчи (случајот со андорецот).

Вториот дел од твојот пасус е доказ дека луѓето лесно потпаѓаат на празни муабети. Ваљда инсинуираш дека Комити намерно не му давале пари на Бајо за засилувања, а сега магично имаат пари за Хаџиевски.
Да имало пари, немаше Омерагиќ да го носиме, ќе донесевме напаѓач што се нудеше на клубот и ќе дадеше 20 голови во сезонава.
Полесно е да поверуваат луѓето дека Комити крадат некакви пари (што со старите раководства од 90тите и јас ќе поверував во нешто такво), отколку дека ситуацијата е таа - пари нема, спонзорства од трети страни се минимални, дологовите останаа и се продадоа само 4000 сезонски карти.
 
Ништо не инсинуирам само ми падна чудно тој дел од твојот коментар дека можеби ќе се донесат нови играчи. Инаку се слагам околу нереалноста на носењето на некои играчи, иако би требало да знаеш дека Боби беше практично договорен до јануари од чист атер, почит и пријателство со Грне. Како што беа претходно донесени и Иван Николов, Дарко Мицевски, Кире Маркоски, па и Брдаровски на крајот
 
Бев отсатен последните 7-8 дена, па ќе се обидам да реплицирам во еден пост на неколкумина.
Да не ве цитирам сите, ќе пробам вака да го дадам моето мислење.

Дилетa Леота се породи пред кратко, затоа не беше денес до Миле у ложа. Да пројдат 40 дена за детето па ќе се врати да известува за ДАЗН од натпреварите на Вардар. Исто новинариве од СкајСпорт нешто проблеми имале со акредитирањето па затоа не беа присутни.
Дај бе луѓе, без никого да навредам, не се прајте луди. Постои ли зарем еден заинтересиран новинар на светов за ситуацијата со Вардар? Па бидете малце реални, не сте деца.

Кој и да бил, ако има чисти намери, ако сака да помогне на било кој начин треба да биде добредојден во Вардар. Ајде да видиме утре на прес-конференцијата колку други новинари ќе има (или колку имаше на предходните).

Истото е и за тој Каески. Не знам што функција има мометално, ама ако може да помогне нешто зошто да не биде таму. Гледам по слики со Ѓоко се заедно, сигурно он го има покането. Нов директор, ваљда нови луѓе ќе се појавуваат, и нека се појавуваат.Дајте намалете со хејтањето. Не сте ли уште свесни дека ние молиме за помош насекаде. Молиме за сезонски, молиме во дијаспора, во општините, во ујп, во пуиг, сегде молиме, сегде не одјебуваат. Не знам што си замислувате, имаме ли опција да бираме? Дали бил Мијалче, дали бил Каески или било кој друг,
секаква помош е добредојдена, и не туку пребирајте многу и не правете негативна енергија непотребно.

Се нешто не ни чини, затоа и сме дојдени таму кај што сме.

Истото важи и за играчите. Тие се, други немаме. Квалитетот е тој, со тие играчи толку, бараж за втора лига максимум. Ако некој си замислуваше нешто друго, тогаш треба да иде да си ја провери главата.
Пак ќе кажам, не сакам никого да навредам, гледајте ја реалната слика во клубот и не си фантазирајте многу за доброто на сите.
Не очекуваш ваљда било каква помош од лик што го снима жена му додека пие ракија со салата по дома за ручек време, и праи бреинсторминг за состојбата во Вардар!? Човекот е диносаурус класичен, што не сака да прифати дека одамна го има прегазено времето и се обидува да привлече внимание на секаков можен начин. Јас пре би рекол дека од вакви фаци само штета повеќе може да има Вардар, отколку некаков аир.
Штета за денес. Не знам зошто ама убеден бев дека ќе ги тепаме 2-1, цело време.
Тоа е, се покажа на дело она што го говориме во темава цело време. Немаме квалитет и физички не можеме да се носиме ео противниците.
Се обиде да смени нешто Васовски со Брда во одбрана како штопер, Велковски на десен бек. Ама Велковски одбранбено потфрли целосно, за првиот гол им ја намести откако со глава му даде топка на волеј, а и за вториот гол не покриваше никого.
Брда изигра подобро од Вецевски, али јас пак мислам дека андорецот ќе треба да стартува. Штета е Беда да го трошиме како штопер.

Силекс почна добро, ептен не притискаа, но не создаваа шанси. Тогаш направивме бесна контра со шах мат во три потези. Лука конечно покажа некаков талент, мајсторски ги летна на десно крило, додаде до Лемос, овој во фор за Омерагиќ кој беше фаулиран за чист пенал и црвњн картон.
И тука требаше да ја затвориме партијата, како што направивме до полувреме. Имаше нервоза кај нив, не играа ништо.
Сами ги вративме во игра, а за цолја на вистината се гледа дека кондициски имаме сила за едно полувреме. Што е најлошо, никогаш нема да се подобриме, бидејќи се работи за возраста на главните играчи.
Првиот гол сами им го наместивме. Велковски имаше сто опции, за на крај со глава да ја врати накај шеснаесетникот. Директно на волеј.
Јас не знам што среќа ќе имаа овие Силекс против нас, константно да постигнуваат евро голови.
Потоа повторно притиснавме. Утна Глишиќ откако украде топка и биеше крај голот. Неколку пати Лемос имаше влезови, ама нема кој да даде гол.
Лемос го искритикував погрешно, покажа дека е врв за лигава. Пустиот нема со кого да игра, инаку заслужи чиста 10ка.
Трајкоски добро проигра и за вториот гол, а Велковски мајсторски заврши.
Ептен ми падна ќеиф дека даде гол, затоа што 5 години игра без пари за Вардар. Напред беше добар, ама во одбрана преслаб.
И на 2-1 контролиравме се', ама некаде згрешивме.
Глишиќ ја утнал најголемата шанса. Јас мислев дека е Омерагиќ.
Мислам тоа да го утнеш е срамота. Сам пред гол, цел гол пред тебе и успеваш да го погодиш голманот со топка која ти оттапнува и можеш да го прашаш кај да му шутираш. Срамота...
Тука ќе ги осигуравме трите бода, ама направивме од готово вересија.
Замените не се погодија, мораше да влезе андорецот, а Брда на бековска позиција. Требаше да лета Николовски и место него да влезе Блажевски.
Ама бидна што бидна, прво подаривме корнер од никаде, за на крај да го примиме вториот гол.
Балон нафрлување, нивниот играч остана сам. Гача нем набљудувач, два дена им леташе топката крај нив.
Мишко едвај стоеше, проба да блокира на одбиената топка од статива, али доцнеше.
Му треба побрз дефанзивец до него. Пребавен е и од тромост прави многу жолти. Мислам дека веќе има 4 жолти од 4 утакмици. Велковски го немаше никаде да си го покрие играчот од таа страна.
Големо разочарување беше вториот гол и после се разгоре пола стадион против играчите.

Луѓето не сфаќаат дека ТОЈ Е КВАЛИТЕТОТ и слепци што не одат на стадион, коментираат безвезе на социјалните мрежи и се крева непотребна тензија. Уште потрагично е дека мислат дека екипата игра слабо дека Комити ги командаат, не можат да сфатат дека да не се Комити, нема да постои клубот. Играчите после 3 години земаат плата, имаат карантини пред утакмици, оброци итн.
Факт е дека и Васовски не го знае составот уште и ќе треба време да ги научи играчите. Влегувањето на Демир беше епска утка. Сега ми е јасно зошто не играл претходно, дечкото се направил 150 кила. Влезе во 90та, во 93та веќе стоеше свиткан, не можеше воздух да земе.

Ќе видиме, да се надеваме дека ќе капне некој денар, дека ќе привлече Џолета некој играч. Може Аврамовски ќе дојде во зима за атер на Тетовка.
Не се предаваме, ама без пари и со моменталниве играчи, ќе бидеме последни. Тоа е факт.
Веројатно со Струга ќе биде одложена, па одиме на три бода со Ѓорче наредна.

Убава посета на стадион, топ атмосфера направивме и заслуживме 3 бода. Но, што е тука е.
Васоски не дека не го знае овој тим, баш напротив сите поискусни играчи веќе ги има тренирано, што у суштина е најбитно за да има права слика. Искрено се надевам дека ќе го привлече Матеј назад. Он е по мене адутот за него.

Околу другото, носењето на Ѓокица е тотално промашена поента, па уште на позиција спортски директор. Ако се водиме по носталгија, би бил убедливо најбољи избор, но 2023 година сме за жал, а не 1993. Нема што ново да понуди, а да не зборуваме дека не ги ни познава добро приликите во нашиот фудбал поради долгото отсуство од него. Неговите последни епизоди во Пелистер и Беласица најубаво говорат.
Морам да кажам дека апсолутно се слагам со Кано. Па дајте бе луѓе да видиме на што сме. Имаме тотално неизбалансиран тим, од една страна Гача, Панта, Брда, Мишко, Лемос и донекаде Глишиќ, а од друга страна Веце, Велковски, Трајкоски, Пато, Педрињо, Жоглев, со кој сите сме свесни дека опстанокот е прилично невозможна мисија. Пари нема, но и во други прилики било исто, па успевало да се донесат играчи. Барем Вардар бил секогаш привлечен. Така да треба се запне, да се искористат познанствата на одредени луѓе, особено во сам финиш на преоден рок се далеку поголеми шансите.
 
Ајде денот да почне со добра вест па да продолжат и други понатака
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom