Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пред извесно време имаше напишано статус против Грне.Најавуваше и видео за истото ама на крај ништо не испадна.Дај кажете нешто повеќе за овој Мијалче. Во неколку наврати гледам го плукате тука. Кој е? Што е? Што има толку згрешено?
Периодов го запратив, и воопшто не ми изгледа лошо, споделува редовно информации околу клубот, се труди, праи некои си видеа (аматерски делуваат да) ама па од друга страна е единствен новинар што се заинтересирал за Вардар да споделува информации во овие тешки времиња и да ги величи Комити за она што мометално го прават.
Која е потребата од хејтање?
И на крај испадна во право за Грне....Пред извесно време имаше напишано статус против Грне.Најавуваше и видео за истото ама на крај ништо не испадна.
Вецевски подобро што го немаше.Реално Вардар можеби на хартија е најслаб,но ајде да сочекаме до крајот на преодниот рок па после да коментираме.Следува гостување на Струга кое може ќе биде одложено,но и да не биде одложено они најверојатно ќе комбинираат со составот и ете шанса барем за еден бод.Потоа доаѓа дуелот со Ѓорче кој мора да се добие па следува пауза од две недели во кој ќе бидат појасни многу работи околу шансите за опстанокИ на крај испадна во право за Грне....
Лани бевме зад воска и гостивар во втора лига , сега годинава со едно ново засилување(Лемос) сакаме да бидеме пред нив во прва лига?!
Ај да бидеме реални или 2ца нови играчи или ќе бидеме топовско месо годинава...утакмицава денес ако не ви ги отвори очите нема ништо... и не знам зашо мислите дека васовски е подобра опција од грне.По мене тежок труп од тренер е васовски ама ајде ја боцна последната титула некако и сеа уште фора има...Каде беа вецевски и андорецот денеска?
Андорецот денес ни на клупа го немаше за да влезе како замена, не знам зошто беше изоставен. Со оглед на тоа колку немате стопери, мислам дека заслужува да добие шанса.Замените не се погодија, мораше да влезе андорецот
Андорецот денес ни на клупа го немаше за да влезе како замена, не знам зошто беше изоставен. Со оглед на тоа колку немате стопери, мислам дека заслужува да добие шанса.
Разбирам што сакаш да кажеш, ама оваа тутуруткава не е никаков фактор во новинарството во Македонија.Да не ве цитирам сите, ќе пробам вака да го дадам моето мислење.
Дилетa Леота се породи пред кратко, затоа не беше денес до Миле у ложа. Да пројдат 40 дена за детето па ќе се врати да известува за ДАЗН од натпреварите на Вардар. Исто новинариве од СкајСпорт нешто проблеми имале со акредитирањето па затоа не беа присутни.
Дај бе луѓе, без никого да навредам, не се прајте луди. Постои ли зарем еден заинтересиран новинар на светов за ситуацијата со Вардар? Па бидете малце реални, не сте деца.
Кој и да бил, ако има чисти намери, ако сака да помогне на било кој начин треба да биде добредојден во Вардар. Ајде да видиме утре на прес-конференцијата колку други новинари ќе има (или колку имаше на предходните).
Истото е и за тој Каески. Не знам што функција има мометално, ама ако може да помогне нешто зошто да не биде таму. Гледам по слики со Ѓоко се заедно, сигурно он го има покането. Нов директор, ваљда нови луѓе ќе се појавуваат, и нека се појавуваат.Дајте намалете со хејтањето. Не сте ли уште свесни дека ние молиме за помош насекаде. Молиме за сезонски, молиме во дијаспора, во општините, во ујп, во пуиг, сегде молиме, сегде не одјебуваат. Не знам што си замислувате, имаме ли опција да бираме? Дали бил Мијалче, дали бил Каески или било кој друг,
секаква помош е добредојдена, и не туку пребирајте многу и не правете негативна енергија непотребно.
Се нешто не ни чини, затоа и сме дојдени таму кај што сме.
Истото важи и за играчите. Тие се, други немаме. Квалитетот е тој, со тие играчи толку, бараж за втора лига максимум. Ако некој си замислуваше нешто друго, тогаш треба да иде да си ја провери главата.
Пак ќе кажам, не сакам никого да навредам, гледајте ја реалната слика во клубот и не си фантазирајте многу за доброто на сите.