Треба да разбереме дека големи промени не се случуваат преку ноќ, и дека се потребни работа, преодни периоди и трпение, поготово кога зборуваме за менталитет и култура на народ како нашиот. Исто така, треба на работите да се гледа реално, и од повеќе перспективи, а не само од нашата, како што нас ни одговара. Ситуацијата е таква каква што е, не може да очекувате некој инстанто да стекне доверба кога сме поминале низ 30 години крадење и пиздарии, и како држава, и како клуб, и како навивачка група. Затоа и малку не ми се допадна пристапот со борбата за влез во прва лига, иако ја разбирам целта и идејата, и делумно беше успешна, ама сите тие напори и енергија беа некако исцрпувачки и кулминацијата и влезот во Прва лига делуваше како конечно крај на таа сага, а во реалност борбата допрва започна. Затоа и некако спласна еуфоријата летото, и продажбата на сезонските карти помина многу послабо од очекувањата. Се надевам грешам и нема да испадне џабе влезот во прва лига ако догодина пак се вратиме на истото, многу побитно е долгорочен план и решение, затоа што, знаејки го народов и менталитетот, идејата со самофинансирање на долг рок не проаѓа и догодина евентуално продавање на сезонски билети ќе биде дупло послаба од оваа.
И баталете ги тие муабети со љубов, затоа што гледате само од ваша перспектива и како на вас ви одговара, не би правел споредби со фирми и работни места затоа што знам дека не е исто, ама сепак, не заборавајте дека фудбалот на тие луѓе им е работа и дека имаат потреба од средства колку што имаме и ние. Затоа од секогаш ме нервирале тие муабети за „вардарци“, да, супер е кога имаш луѓе кои ќе се соживеат со нас во работата и ќе се пронајдат во тоа што го прават, ама треба пред се да бараме квалитет и професионалност. Впрочем, еден куп такви Вардарци прошле низ годиниве, па видовме колку од нив славно завршија. Мене лично, многу почесно ми делуваше пристапот на Тетовче, работеше додека можеше, кога виде дека не бива, се повлече. Од друга страна, ваквите херојски епизоди, како овие на Грне и Бајо, многу често неславно завршувале, затоа што испод херојството реалноста кажувала малку поинаква приказна. Како и да е, не би да навлегувам на темава, ниту пак сакам да ги оцрнувам, огромна благодарност за тоа што го направија изминативе сезона ипол, сега да се фокусираме на иднината.
Од спортски аспект, Тетовче е веројатно најдобриот избор што можевме да си го дозволиме, и на хартија носи подобрување на тренерската позиција, ама да видиме како ќе функционира тоа со оглед на ситуацијата и атмосферата во тимот. Од друга страна пак, после Вардар, не успеа да се пронајде и прослави и некако беше под високите очекувања што ги имаа повеќето после успесите со Вардар. А Ѓоко Хаџиевски ми е искрено исфорсирано носење и освен како име, не гледам како би ни бил од помош на таа позиција, ама ајде да видиме. За жал, составот е премногу ограничен, а финансиите се тие, така што тешко и нереално е да се очекува некој огромен напредок, без дополнителни засилувања ќе ни биде претешко да собираме бодови.