Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе биваше ли во 85та минута со играч повеќе да примиме гол? :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Дај кажете нешто повеќе за овој Мијалче. Во неколку наврати гледам го плукате тука. Кој е? Што е? Што има толку згрешено?
Периодов го запратив, и воопшто не ми изгледа лошо, споделува редовно информации околу клубот, се труди, праи некои си видеа (аматерски делуваат да) ама па од друга страна е единствен новинар што се заинтересирал за Вардар да споделува информации во овие тешки времиња и да ги величи Комити за она што мометално го прават.

Која е потребата од хејтање?
 
Пред извесно време имаше напишано статус против Грне.Најавуваше и видео за истото ама на крај ништо не испадна.
 
Човекот е фудбалски новинар веќе долги, долги години во Македонија. Оние постарите ќе се сетат на Скок, која е лично негова. Нема збор, фудбалски човек, ама не смее овој од нигде никаде да биде во ложа на ФК Вардар, па и оној Каевски кога го видов ми се стемни... Овие лица не се за во ложа на ФК Вардар, ако збориме искрено.
 
Штета за денес. Не знам зошто ама убеден бев дека ќе ги тепаме 2-1, цело време.
Тоа е, се покажа на дело она што го говориме во темава цело време. Немаме квалитет и физички не можеме да се носиме ео противниците.
Се обиде да смени нешто Васовски со Брда во одбрана како штопер, Велковски на десен бек. Ама Велковски одбранбено потфрли целосно, за првиот гол им ја намести откако со глава му даде топка на волеј, а и за вториот гол не покриваше никого.
Брда изигра подобро од Вецевски, али јас пак мислам дека андорецот ќе треба да стартува. Штета е Беда да го трошиме како штопер.

Силекс почна добро, ептен не притискаа, но не создаваа шанси. Тогаш направивме бесна контра со шах мат во три потези. Лука конечно покажа некаков талент, мајсторски ги летна на десно крило, додаде до Лемос, овој во фор за Омерагиќ кој беше фаулиран за чист пенал и црвњн картон.
И тука требаше да ја затвориме партијата, како што направивме до полувреме. Имаше нервоза кај нив, не играа ништо.
Сами ги вративме во игра, а за цолја на вистината се гледа дека кондициски имаме сила за едно полувреме. Што е најлошо, никогаш нема да се подобриме, бидејќи се работи за возраста на главните играчи.
Првиот гол сами им го наместивме. Велковски имаше сто опции, за на крај со глава да ја врати накај шеснаесетникот. Директно на волеј.
Јас не знам што среќа ќе имаа овие Силекс против нас, константно да постигнуваат евро голови.
Потоа повторно притиснавме. Утна Глишиќ откако украде топка и биеше крај голот. Неколку пати Лемос имаше влезови, ама нема кој да даде гол.
Лемос го искритикував погрешно, покажа дека е врв за лигава. Пустиот нема со кого да игра, инаку заслужи чиста 10ка.
Трајкоски добро проигра и за вториот гол, а Велковски мајсторски заврши.
Ептен ми падна ќеиф дека даде гол, затоа што 5 години игра без пари за Вардар. Напред беше добар, ама во одбрана преслаб.
И на 2-1 контролиравме се', ама некаде згрешивме.
Глишиќ ја утнал најголемата шанса. Јас мислев дека е Омерагиќ.
Мислам тоа да го утнеш е срамота. Сам пред гол, цел гол пред тебе и успеваш да го погодиш голманот со топка која ти оттапнува и можеш да го прашаш кај да му шутираш. Срамота...
Тука ќе ги осигуравме трите бода, ама направивме од готово вересија.
Замените не се погодија, мораше да влезе андорецот, а Брда на бековска позиција. Требаше да лета Николовски и место него да влезе Блажевски.
Ама бидна што бидна, прво подаривме корнер од никаде, за на крај да го примиме вториот гол.
Балон нафрлување, нивниот играч остана сам. Гача нем набљудувач, два дена им леташе топката крај нив.
Мишко едвај стоеше, проба да блокира на одбиената топка од статива, али доцнеше.
Му треба побрз дефанзивец до него. Пребавен е и од тромост прави многу жолти. Мислам дека веќе има 4 жолти од 4 утакмици. Велковски го немаше никаде да си го покрие играчот од таа страна.
Големо разочарување беше вториот гол и после се разгоре пола стадион против играчите.

Луѓето не сфаќаат дека ТОЈ Е КВАЛИТЕТОТ и слепци што не одат на стадион, коментираат безвезе на социјалните мрежи и се крева непотребна тензија. Уште потрагично е дека мислат дека екипата игра слабо дека Комити ги командаат, не можат да сфатат дека да не се Комити, нема да постои клубот. Играчите после 3 години земаат плата, имаат карантини пред утакмици, оброци итн.
Факт е дека и Васовски не го знае составот уште и ќе треба време да ги научи играчите. Влегувањето на Демир беше епска утка. Сега ми е јасно зошто не играл претходно, дечкото се направил 150 кила. Влезе во 90та, во 93та веќе стоеше свиткан, не можеше воздух да земе.

Ќе видиме, да се надеваме дека ќе капне некој денар, дека ќе привлече Џолета некој играч. Може Аврамовски ќе дојде во зима за атер на Тетовка.
Не се предаваме, ама без пари и со моменталниве играчи, ќе бидеме последни. Тоа е факт.
Веројатно со Струга ќе биде одложена, па одиме на три бода со Ѓорче наредна.

Убава посета на стадион, топ атмосфера направивме и заслуживме 3 бода. Но, што е тука е.
 
Ја немам ништо против него, имам наслушнато дека со жена му уценувале одамна фудбалери, и имале и кривична пријава за тоа, колку е тачно не знам.
Он беше првиот кој јавно го нападна Грне затоа што не беше пуштен во соблекувална, па после излезе уште поголем проблем од тоа, а цело време е у придружба на Миле.
 
Пред извесно време имаше напишано статус против Грне.Најавуваше и видео за истото ама на крај ништо не испадна.
И на крај испадна во право за Грне....

Лани бевме зад воска и гостивар во втора лига , сега годинава со едно ново засилување(Лемос) сакаме да бидеме пред нив во прва лига?!

Ај да бидеме реални или 2ца нови играчи или ќе бидеме топовско месо годинава...утакмицава денес ако не ви ги отвори очите нема ништо... и не знам зашо мислите дека васовски е подобра опција од грне.По мене тежок труп од тренер е васовски ама ајде ја боцна последната титула некако и сеа уште фора има...Каде беа вецевски и андорецот денеска?
 
Вецевски подобро што го немаше.Реално Вардар можеби на хартија е најслаб,но ајде да сочекаме до крајот на преодниот рок па после да коментираме.Следува гостување на Струга кое може ќе биде одложено,но и да не биде одложено они најверојатно ќе комбинираат со составот и ете шанса барем за еден бод.Потоа доаѓа дуелот со Ѓорче кој мора да се добие па следува пауза од две недели во кој ќе бидат појасни многу работи околу шансите за опстанок
 
Мијалче Дургутов според мене е тешка будала, шири доста дезинформации(чуено недочуено) и мислам дека воопшто не треба да му се дава важност и внимание. Еве уште го чекаме тој инвеститорот од кај јужниот сосед што го најави он.
Кога не знаевме со Вардар што ќе биде, он најде да заборува глупости за Грне кој беше Алекс Фергусон во Вардар во најтешките моменти и го врати Вардар во прва лига. Уште тогаш требаше да му се покаже патот и да се тргне од Вардар.
Не знам Миле како може со него да седи и да му дозволува да дава информации за Вардар ама он си знае.
Подалеку од таа будала за наше добро!
 
Замените не се погодија, мораше да влезе андорецот
Андорецот денес ни на клупа го немаше за да влезе како замена, не знам зошто беше изоставен. Со оглед на тоа колку немате стопери, мислам дека заслужува да добие шанса.
 
Ауу оваа жена му на Мијалчо тежок пациент ново видео има денес држи лекции нешто
 
Андорецот денес ни на клупа го немаше за да влезе како замена, не знам зошто беше изоставен. Со оглед на тоа колку немате стопери, мислам дека заслужува да добие шанса.

Вирус некој. Он и Вецески
 
Да не ве цитирам сите, ќе пробам вака да го дадам моето мислење.

Дилетa Леота се породи пред кратко, затоа не беше денес до Миле у ложа. Да пројдат 40 дена за детето па ќе се врати да известува за ДАЗН од натпреварите на Вардар. Исто новинариве од СкајСпорт нешто проблеми имале со акредитирањето па затоа не беа присутни.
Дај бе луѓе, без никого да навредам, не се прајте луди. Постои ли зарем еден заинтересиран новинар на светов за ситуацијата со Вардар? Па бидете малце реални, не сте деца.

Кој и да бил, ако има чисти намери, ако сака да помогне на било кој начин треба да биде добредојден во Вардар. Ајде да видиме утре на прес-конференцијата колку други новинари ќе има (или колку имаше на предходните).

Истото е и за тој Каески. Не знам што функција има мометално, ама ако може да помогне нешто зошто да не биде таму. Гледам по слики со Ѓоко се заедно, сигурно он го има покането. Нов директор, ваљда нови луѓе ќе се појавуваат, и нека се појавуваат.Дајте намалете со хејтањето. Не сте ли уште свесни дека ние молиме за помош насекаде. Молиме за сезонски, молиме во дијаспора, во општините, во ујп, во пуиг, сегде молиме, сегде не одјебуваат. Не знам што си замислувате, имаме ли опција да бираме? Дали бил Мијалче, дали бил Каески или било кој друг,
секаква помош е добредојдена, и не туку пребирајте многу и не правете негативна енергија непотребно.

Се нешто не ни чини, затоа и сме дојдени таму кај што сме.

Истото важи и за играчите. Тие се, други немаме. Квалитетот е тој, со тие играчи толку, бараж за втора лига максимум. Ако некој си замислуваше нешто друго, тогаш треба да иде да си ја провери главата.
Пак ќе кажам, не сакам никого да навредам, гледајте ја реалната слика во клубот и не си фантазирајте многу за доброто на сите.
 
Разбирам што сакаш да кажеш, ама оваа тутуруткава не е никаков фактор во новинарството во Македонија.
Еве погоре lunatik пиша нешто што жена му на тутуруткава истрескала и да ти кажам нека ми извинат ама не знаеш кој е по малоумен.
,,Одејќи накај Кисела Вода сакавме пица да јадеме, и на семафор го видовме како Гачевски исправено поминува и оди кај пицеријата. Кој знае и него му се пријадело и он е човек". Значи Грне не чинеше нели он беше ,,Грне со дупло дно", а сега нешто Гачевски нечини што човекот буквално за безпари игра во Вардар?
Следно што ќе биде? ,,Капитенот Мицевски го видовме во тинекс како пазари, Глишиќ отиде во вц по нужда, Миле го видовме во кафана како јаде и пие" и така натаму.
После тоа инвеститорот од кај јужниот сосед само што не дошол да купи акции или да го превземе Вардар, па ќе ѓи повтори истите работи Миле што ќе ѓи каже на прес и така.
Извини ама оваа тутурутка повеќе прави глупости и шири свои измислени работи отколку што прави нешто за Вардар.
Се надевам дека се разбравме.
Поздрав и имај убава вечер! :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom