Висока му беше топката, не можеше да даде гол. Ако ја чекаше да му падне на кога, ќе го блокираа. Тука гол ќе дадепе само Жоглев.
Тоа е, немаме квалитет за нешто повеќе.
Слога е појака од нас, малку имав надеж во тоа што им отидоа неколку од најдобрите играчи, а новите не им се воиграни, но сепак не ги искористивме ретките шанси кои ни се укажаа.
Не знам зошто се форсира Лука Трајкоски, едноставно далеку е со моменталната форма од прва лига. Он не би фатил место ни во тим од долен дел на втора лига со формата која ја има. Му треба една цела сезона во втора лига за да си го врати осетот и кондицијата, па да конкурира во клуб од прва лига. Не знам што се случува со Демир, но нешто мора да се смени на таа позиција.
Немаме напаѓач и тоа е и повеќе од евидентно, едноставно нема шанси да дадеме гол од игра.
Сите прилики во овие натпревари дојдоа од нафрлувања по прекини.
Требаше Грне многу порано да повлече потег, Жоглев да влезе напред место Омерагиѓ, Цветков да влезеше како У-21 место Николовски, секако никаква разлика не прави дали ќе игра Цветков, дали Пато.
Оваа замисла со Цветановски како офанзивен средњак беше очобол, ниту еден дуел не доби.
Овој Педрињо е за нијанса подобар, ама далеку од некој јак играч. Нема техника никаква, само што не е толку тромав ко нашиве.
Дури ни Лемос не ми остави некој особен впечаток. Има брзина, нема некој страшен дриблинг, ништо посебно.
Вецевски исто сто пати испадна во одбрана, ме мрзи веќе да го обвинувам, ама стварно се надевам дека андорецот ќе се погоди да биде подобар.
Премногу слаби играчи имаме на некои позиции како со 9 играчи да сме на терен се осеќам. Играчи ко Вецевски, Николовски, Трајковски, Цветановски, ништо не може да сменат во играта, а пак Вецето дека е дефанзивец може само гол да подари.
Не скинаа во одбрана, тој битолчанецот не уби и тоа гомното Гуевен или како и да се вика.
До нивниот гол ние ништо не одигравме, не се составивме со топка. Ептен дека имавме 3 чисти шанси на крај и затоа ни е криво.
Секогаш ќе ни изгледа дека ЗА МАЛКУ не сме зеле бод, ама вистината е дека противниците кога сакаат ќе нагазат и ќе ни дадат гол.
Не сме лоши ко за екипа без пари, ама сме главни кандидати за отпаѓање.
П.с. го мразам стадионов во Маџари, саат и пол со бус на ДОМАШЕН ТЕРЕН, да ти ебам усветот