Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Тешко сезона ни претстои. Повторно трома, безидејна, прочитана игра. Трајкоски втор меч по ред најслаб на теренот, Цветаноски барабар со него, бавен како трактор. Заслужено заменети. Проблемот е што не гледам како Педрињо би можел да унапреди било каков сегмент од играта. Пато тотално неупотреблив во офанзива.
Морам да признаам дека бев пријатно изненаден од Омерагиќ. Доста дуели доби, доста топки спушти на крилата, но ја немаше поддршката. Дури и од Лемос ми се чини дека нема да го добиеме посакуваниот ефект, иако не би сакал да избрзувам со заклучоци. Не знам зашто не се проба со Матеј Цветаноски. Слободен играч, пред се' докажан во Вардар, добро се познава и со дел од актуелниот ростер, а прилично подобар од крилата што ги имаме на располагање.
Сите сме свесни дека без принови во офанзивата, ќе имаме ѓаволски тешка работа...
 
Поише као 2 сантиметри... Лемос ни сам не знае како го утна!
Висока му беше топката, не можеше да даде гол. Ако ја чекаше да му падне на кога, ќе го блокираа. Тука гол ќе дадепе само Жоглев.

Тоа е, немаме квалитет за нешто повеќе.
Слога е појака од нас, малку имав надеж во тоа што им отидоа неколку од најдобрите играчи, а новите не им се воиграни, но сепак не ги искористивме ретките шанси кои ни се укажаа.

Не знам зошто се форсира Лука Трајкоски, едноставно далеку е со моменталната форма од прва лига. Он не би фатил место ни во тим од долен дел на втора лига со формата која ја има. Му треба една цела сезона во втора лига за да си го врати осетот и кондицијата, па да конкурира во клуб од прва лига. Не знам што се случува со Демир, но нешто мора да се смени на таа позиција.
Немаме напаѓач и тоа е и повеќе од евидентно, едноставно нема шанси да дадеме гол од игра.
Сите прилики во овие натпревари дојдоа од нафрлувања по прекини.
Требаше Грне многу порано да повлече потег, Жоглев да влезе напред место Омерагиѓ, Цветков да влезеше како У-21 место Николовски, секако никаква разлика не прави дали ќе игра Цветков, дали Пато.
Оваа замисла со Цветановски како офанзивен средњак беше очобол, ниту еден дуел не доби.
Овој Педрињо е за нијанса подобар, ама далеку од некој јак играч. Нема техника никаква, само што не е толку тромав ко нашиве.
Дури ни Лемос не ми остави некој особен впечаток. Има брзина, нема некој страшен дриблинг, ништо посебно.
Вецевски исто сто пати испадна во одбрана, ме мрзи веќе да го обвинувам, ама стварно се надевам дека андорецот ќе се погоди да биде подобар.

Премногу слаби играчи имаме на некои позиции како со 9 играчи да сме на терен се осеќам. Играчи ко Вецевски, Николовски, Трајковски, Цветановски, ништо не може да сменат во играта, а пак Вецето дека е дефанзивец може само гол да подари.
Не скинаа во одбрана, тој битолчанецот не уби и тоа гомното Гуевен или како и да се вика.
До нивниот гол ние ништо не одигравме, не се составивме со топка. Ептен дека имавме 3 чисти шанси на крај и затоа ни е криво.
Секогаш ќе ни изгледа дека ЗА МАЛКУ не сме зеле бод, ама вистината е дека противниците кога сакаат ќе нагазат и ќе ни дадат гол.
Не сме лоши ко за екипа без пари, ама сме главни кандидати за отпаѓање.

П.с. го мразам стадионов во Маџари, саат и пол со бус на ДОМАШЕН ТЕРЕН, да ти ебам усветот :)
 
Лука ај што е најслаб, најслаб е… Ама срамота е млад играч тотално без ни малку желба за игра, за надигрување… Би го заковал на клупа до полусезона да одмори без размислување… Не избрзувајте со Лемос, сепак ни играчите околу него не се баш најсјани… Очајно ни треба уште едно крило, уште еден везњак и Вецески на клупа да се пресели…
 
Бобан Николов, Алек Трајковски( Матеј Цветановски) , шпицот од Тиквеш Нгоба или као и да беше и топ прва постава.
А плус слободни играчи се Виктор Велковски, Дарко Велковски колку шо знам а сигурно и уште некој е сеа се зависи колку ние би можеле на гореспоменативе да им помудиме, а и колку се они спремни за многу помали примања да играат од за разлика до сеа.
 
Висока му беше топката, не можеше да даде гол. Ако ја чекаше да му падне на кога, ќе го блокираа. Тука гол ќе дадепе само Жоглев.

Тоа е, немаме квалитет за нешто повеќе.
Слога е појака од нас, малку имав надеж во тоа што им отидоа неколку од најдобрите играчи, а новите не им се воиграни, но сепак не ги искористивме ретките шанси кои ни се укажаа.

Не знам зошто се форсира Лука Трајкоски, едноставно далеку е со моменталната форма од прва лига. Он не би фатил место ни во тим од долен дел на втора лига со формата која ја има. Му треба една цела сезона во втора лига за да си го врати осетот и кондицијата, па да конкурира во клуб од прва лига. Не знам што се случува со Демир, но нешто мора да се смени на таа позиција.
Немаме напаѓач и тоа е и повеќе од евидентно, едноставно нема шанси да дадеме гол од игра.
Сите прилики во овие натпревари дојдоа од нафрлувања по прекини.
Требаше Грне многу порано да повлече потег, Жоглев да влезе напред место Омерагиѓ, Цветков да влезеше како У-21 место Николовски, секако никаква разлика не прави дали ќе игра Цветков, дали Пато.
Оваа замисла со Цветановски како офанзивен средњак беше очобол, ниту еден дуел не доби.
Овој Педрињо е за нијанса подобар, ама далеку од некој јак играч. Нема техника никаква, само што не е толку тромав ко нашиве.
Дури ни Лемос не ми остави некој особен впечаток. Има брзина, нема некој страшен дриблинг, ништо посебно.
Вецевски исто сто пати испадна во одбрана, ме мрзи веќе да го обвинувам, ама стварно се надевам дека андорецот ќе се погоди да биде подобар.

Премногу слаби играчи имаме на некои позиции како со 9 играчи да сме на терен се осеќам. Играчи ко Вецевски, Николовски, Трајковски, Цветановски, ништо не може да сменат во играта, а пак Вецето дека е дефанзивец може само гол да подари.
Не скинаа во одбрана, тој битолчанецот не уби и тоа гомното Гуевен или како и да се вика.
До нивниот гол ние ништо не одигравме, не се составивме со топка. Ептен дека имавме 3 чисти шанси на крај и затоа ни е криво.
Секогаш ќе ни изгледа дека ЗА МАЛКУ не сме зеле бод, ама вистината е дека противниците кога сакаат ќе нагазат и ќе ни дадат гол.
Не сме лоши ко за екипа без пари, ама сме главни кандидати за отпаѓање.

П.с. го мразам стадионов во Маџари, саат и пол со бус на ДОМАШЕН ТЕРЕН, да ти ебам усветот :)
Гледав напоредно и вас и пандевци.
Мислам дека моментално со Воска заедно имате најслаби состави.
Ако не се појачате со 3-4 играчи до крај на преоден , мислам нема шанси поќе од 11-12 бода да имате на полусезона .
 
Сериозен си за Лемос? Потешко беше да се промаши тоа..
 
Сериозен си за Лемос? Потешко беше да се промаши тоа..
Бев во линија со него, висока беше топката, немаше шанси да ја спушти зошто не е толку висок. Ја удри најдобро што можеше.
 
Да го пофалиме и капитенот, мислам дека најмногу истрча денес, имаше во прво и второ по еден кикс на додавање на наша половина кои за среќа не нѐ коштаа примен гол. Безмалку секој напад почнуваше од него, прецизни проигрувања на сите страни ама за кого. На десетина минути пред крај легна као нешто се жали на повреда, а се гледа дека душа нема. Тој и Брда денес на ниво. Да не заборавиме дека до мај со штаки одеше.
 
Тоа е тешко прва лига со играчи на некоо позиции што не се ни за втора.Имаме на некои позиции шампионски играчи што кинат ама нема баланс другите се мн зад нив.Да се нсдеваме на некое засилување до крај на преоден рок.Инаку нема ни глас од Орце,Данела и остала клапа.Баш Орце беше најсилен сега го нема ни на утакмица да дојде.

Sent from my 2201116SG using Tapatalk
 
Класа играчи: Брдаровски, Мицевски, Мишковски, Гачевски.

Брда и Мицевски се најдобри играчи, со тоа што Мицевски се враќа после тешка повреда и евидентно е дека многу се мачи кондициски, кога носи толкав товар. Нема со кого да игра на средината. Брда исто така, сака да покрива и напред, ама позади нема кој да покрие. За разлика од сезоната со Васовски кога можевме да си дозволиме нешто такво (офанзивни бекови и 3 стопери), сега немаме толку добри стопери.
Мишко е класа играч, но е најстар од четворкава, он игра на искуство, ама веќе е доста бавен и он личи дека во секој момент ќе скине конци. Секоја чест што дава се од себе на теренот, скоро и да не губи дуел 1 на 1. Но, на пример во ситуацијата кога доби жолт картон, се виде бавноста кај него, 4 наши играчи го опколија тој долгокосиот (Абази ваљда се викаше), немаше каде да оди, ама Мишко од тромавост го засопна и им даде слободен ое одлична позиција. Ќе има проблеми со картони и тогаш ќе се чешаме околу опциите за во одбрана.
За Гача не знаев дали да го ставам овде, ама ајде, за лигава е еден од подобрите голмани. Со Брера беше одличен. Слабо игра со нога, многу грешки прави и некогаш знае да е лошо поставен. Подобар секако нема да најдеме.

Просечни играчи кои по квалитет се меѓу прва и втора лига:
Глишиќ, Десниќ, Демир (?), Јусуфи

Глишиќ е многу мек играч, не влегува храбро во дуели, премногу простор остава на неговата страна. Двата гола ги примивме откако офанзивците лабаво си влегуваат од негова страна. Некако е многу променлив играч и за жал добрите партии му се се поретки. Има некаков квалитет, ама како балетан е на терен.
Десниќ се труди, веројатно и треба да стартува на некоја позиција, ама проблем е што е некако недефиниран. Слаб е за напаѓач, океј за крило, може во ситуацијава да покрие како десно крило што е неприродна позиција за него.
Демир е енигма, прашање е зошто воопшто не добива шанса. Го оценувам по неговите игри од минатото. Класичен играч за слаби тимови во прва лига или појаки од втора лига.
Јусуфи го ставам во категоријава дека ја носи етикетата У-21 играч. Инаку ситен по градба, не знам колку ќе напредува. Како и да е, неговата болест и отсутство од терените е голема загуба за нас.

Играчи кои немаат квалитет за прва лига, но се трудат на теренот:
Николовски, Велковски, Цветков, Жоглев, Вецевски, Блажевски

Клубот би опстоил без сите овие играчи. Реално, не би фатиле место во ниту еден тим од прва лига. Дел од нив би се мачеле да фатат место во прв тим и во појаките клубови од втора лига.
И меѓу овие би направил некаква дистинкција.
Николовски, Цветков и Велковски, ми се ист тип на играчи. Слаба техника, очајна конституција, но пргави и многу трчаат. Сепак, поради позициите на Цветков и Николовски, немаме ефект од нивната игра. Од старт ги губат сите воздушни дуели, немоќни се во дуели со снажни противници. Цветков по мене треба да добие предност, бидејќи немаме друг У-21 играч.
Велковски е бек/крило, по мене ќе прикаже многу повеќе од Трајкоски во моментов. Дури може да се размислува и да го вратат назад, а Брда да оди на крило.
Блажевски од друга страна е играч на кого некако му поминува времето. Станува побавен, но е борец и бескромпомисен во стартовите. Технички слаб, како и сите други во категоријава. Можеби и треба да добие шанса на средината, како подефанзивен средњак, а Мицевски да може да оди малку понапред. Вака не можеме да сврземе два паса во средината.
За Вецевски доворев многу пати. Не е дека не се труди, но едноставно нема квалитет, ниту ја користи висината за да биде цврст како Мишко. Едноставно и двајцата се ист профил на играчи (со тоа што Веце е класи послаб), па имаме проблеми со побрзите противници. Мислам дека е подобар од Папули и ако не се покаже андорецот, немаме некои други опции. По мене, треба многу да работи на ориентација во просторот. Имаше неколку ситуации каде што оливаше во празно, па противникот доби две шанси. Имаше и една очајно вратена топка до Гача.
Жоглев ми е срце, но квалитативно заостанува од играчите од прва лига. Жоглев е играч од кој повеќе ќе имавме ќар во некои други сезони. Он е напаѓач на кого треба да му местат топки на тацна, да ја користи корпулентноста за да дава голови. Не знае да игра со топката во нозе, ама е добар да постави нога, да спушти со глава, да реализира со глава. Откако влезе им беше тешко да го чуваат, за малку ќе ја акнеше една топка во гол кога се испружи целосно. Но, тромав е и бавен, нема шанси сам да си направи позиција за шут. Он може да навлекува играчи, да отвора простор за друг и да реализира наместено на тацна.

Играчи кои се печени за втора лига:
Цветановски, Трајкоски, Папули, Митев.

Деки е играч на кого му помина времето, едноставно го газат годините. Мишко е на позиција на која можеш да поминеш како ветеран, ама за крило/напад, тешко. Едвај оди, сите дуели ги загуби. Има искуство, може да се најде и се мислев дали да влезе во горната категорија, но сепак го ставив овде.
За Лука кажав и вчера. Обавезно му треба една сезона во втпра лига, да фати ритам после долгогодишните повреди. Он е во најубави години, а се влече по терен, најслаб на двете утакмици. Кога играше во Борец и младинска репрезентација, многу ми се допаѓаше како играч, сакав и лани да го купиме, но сега е бледа сенка од тоа. Има квалитет да излезе од оваа категорија, ама му треба една година да игра фудбал на пониско ниво. Ритамот во прва лига е тежок за него и мислам дека набрзо ќе се пресели на клупата.
Митев и Папули беа просечни и за втора лига. Ќе се најдат за во купот. Ако Вецевски продолжи да игра слабо, може треба Папули да влезе еден натпревар.

За младите на клупа немам што да кажам, не ги познавам доволно.

Странци:
Лемос, Педрињо и Алаведра.
Андорецот нема добиено шанса, немам што да кажам за него. Вака по конституција, ми личи дека ќе биде подобар од Веце.
Педрињо не ми остави некој впечаток. Трча, но слаб со топка. Имаше неколку слаби шутеви, слабо проигруваше, едноставно што е поподвижен од Цветановски кој го замени. Сепак, рано е да коментирам, малку шанса доби.
Од Лемос очекуваме многу, а вчера не покажа нешто премногу. Веројатно ќе влезе во категоријата класа играчи, само затоа што е млад и полетен. Но, некако слаб дриблинг имаше и лоши проигрувања. Му треба и добар напаѓач пред него.

Нешто кое треба веднаш да се промени:
Додавања во наш шеснаесетник ала Барса. Пет пат мини срцев удар добив. И во втора лига и сега беспотребно им креираме шанси на противниците. Со Веце и Мишко ќе глумиш Барса, не ме јеби.
 
Ние премногу очекуваме од Николовски кој минатата сезона се трудеше доста на терен, ама разликата од прва и втора лига е голема, па го гледате само паѓа на секој контакт, едноставно према напред не може никако. Тука мислам дека е главниот наш проблем во играта. Исто така не знам зошто Грне не му дава минути на Бени Демир, во вакви утакмици на крај знае да даде гол и вреди да се проба со него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom