@Fluffy_bunny
Зајко кокорајко
- Член од
- 24 декември 2020
- Мислења
- 1.874
- Поени од реакции
- 2.428
За пофалба е тоа што успеале да договорат играч како Лемос. И официјално е нов играч на Вардар. Сега треба да се потрудат да донесат уште некој квалитетен играч, бидејќи и Воска и Гостивар значително се засилени во овој преоден рок. Патем Жунињо е слободен играч, а од домашната лига слободен играч е Ѓорги Стоилов кој би завршил добра работа во средниот ред. Исто и Матеј Цветаноски е слободен, ама сега со доаѓањето на Лемос позицијата лево крило е веќе покриена. Треба да се разгледаат и побараат потенцијални засилувања во Србија и Бугарија, со оглед дека на Грне му е познат тој терен. Кога може една Воска да го договори Маронг, зошто име како Вардар да не може да договори далеку позвучни имиња. Иако сите сме свесни дека финансиите се голем проблем, сепак верувам дека може да се изгради добар тим за оваа сезона.