Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Така знам, син ми игра за помлади категории на Вардар и ни рекоа дека се е готово, влезени се Унгарците и дека ќе се менува се, од управа, тренери итн. Треба и состанок да имаме. Како и да е јас останувам на своето, додека не видам црно на бело не верувам во ништо!!!
Конечно добри вести и од тебе. Да си дадеш утре ајде. :D
 
Па ако ти како родител на дете што трењира у клубот знаеш ваква битна информација, тогаш спортскиве портали требаше да знаат со име и презиме кој го превзема Вардар...
Тоа што е поврзано со Вардар, а сигурно го знам е дека со новиов буџет требаше да се издвојат +200.000 евра за клубот, и у последен момент куpвичето од градоначалник го повлекла предлогот со образложение, т.е. буквално со овие зборови: "ќе се лутат овие од шкупи."
Не знам што да ти кажам, мене така ми кажаа, ама повторувам по 100 ти пат додека не видам црно на бело не верувам. 7 години сме во Вардар, од самиот почеток и откако се случи проблемот со Самсоненко секоја година е вака, ќе дојдат овие , ќе биде итн. Затоа не верувам додека не видам потпис.
 
Денес ќе почневме со подготовки...
На рефлектори да не биде првата прозивка, пошто помина денов? :)

znaes i sam prviot den e sekogas lesen trening i se raboti na psihata... stvarame pobednicki mentalitet i trenirame izdrzlivost.

ajde malce pozitivno... do sreda.
 
ќе чекаме и до вечер и до среда ама нема да дочекаме излеа.
 
Вие само зезајте се ))))
Ќе частите сите пиво до еден )))

Ми делува како да се лутиш и лично да си ги сфаќаш шалите на наша заедничка сметка.. Супер е од твоја страна што си решил информациите до кои си дошол да ги споделиш тука, бидејки стварно немаме друг извор за информации, ама од друга страна доволно долго си на форумов за да знаеш какви све постови и „бомби“ се изначитавме последниве 3 години, па еве, реалноста вели, втора сезона по ред сме во втора лига и ги губиме првотимците на сметка на екипи како Гостивар и Воска.

Многу е едноставно да се додаде изворот од каде доаѓаат информациите, било тоа фудбалерите, стручен штаб, член на самата управа или некој друг вработен во клубот, и со тоа инфото да добие на „тежина“, за и ние овде да имаме почиста претстава што се случува (може лесно да се долови од каде доаѓа инфото без да се споменуваат имиња и да се изложуваат затечените). Не сме медиум за клик-бејт наслови и „бомбастични“ вести за читаност, инфото може да добие на кредибилитет и веродостојност кога знаеме дека е од тоа што им е пренесено на играчите или доаѓа од самата управа или пак доаѓа од соработник на новата управа, ги лупнав овие како пример, ама веројатно ми ја сфаќаш поентата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom