Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли шанси да се собере нешто и од така слабата понуда.Од ова што гледам незнам дали Коста Манев најде клуб,слободен е и Давид Бабунски кој што не верувам да дојде втора лига а слободни се и Димитар Митровски,Матеј Цветановски,Мирко Ивановски,Петровиќ,Јован Костовски,Тантуровски..Повеќето ветерани ама за ростер и да се истера сезоната се ок.

Тантуровски е пензиониран колку што знам. Инаку со оглед на случувањата и неисплатените плати, ретко кој би потпишал.

Да се надоврзам на муабетот кој сте го правеле до сега. Се сомневам дека ќе го превземат клубот, овие кои ги споменувате. И јас би сакал да грешам и да се среди и стабилизира клубот, ама некако сум песимист со оглед на сите досегашни случувања.
 
Почекајте уште малку, мислам дека овој пат не лаже Цобе и него му гори, ова му е задња сламка за спас, инаку има долгови и он по луѓе како што чув.
Цобе не лаже или Цобе нас не лаже
Појасни жити мајка што сакаш да кажеш
Секоја буква ни е битна
:(
 
Цобе не лаже или Цобе нас не лаже
Појасни жити мајка што сакаш да кажеш
Секоја буква ни е битна
:(
Цобе им вели на неговите соработници дека работата е завршена, требало само некој детали да се средат. Последниот муабет е дека од пон ќе започнеме со припреми, а после тоа и нови договори и тоа што реков 20% плус плати, така им рекол - па да видиме..

Инаку за фудбалери има фудбалери, тоа е најмал проблем во овој момент. Од вошка ли ќе се плашиме?
 
Цобе дужи на сите страни и се крие од неговите (наводни) најблиски соработници. Зошто било кој што е дел од клубот или па ние симпатизерите и навивачите би верувале на она што го кажува?

Не ме сфаќај погрешно, не те напаѓам тебе. Знам дека само пренесуваш информации, ама нема апсолутно никаква информација по ниту еден медиум (вклучувајќи го и оној чиј сопственик е близок до Цобе), целата приказна се заснова врз она што го кажува он - „ќе биде среда, петок, утре, задутре“, а никаков кредибилитет нема. Сме го гледале истиов „филм“ илјада пати низ годиниве, знаеме како ќе заврши.
 
Работава ко сцената у Тетовирање коа требаше да си иде Илко од затвор...

- Дојде и тој ден...
- Е фала богу!
- Само што ти не си одиш
- Како тоа не си одам, па нели во петок?
- Не е потпишана отпусницата
- Како тоа не е потпишана, па потпиши ја.
- Не сум ја тој што потпишува, управата потпишува
- Па нека ја потпишат
- Не се тука, луѓето имаат и други работи, не се тука само за потпишување
- Па добро, утре нека ја потпишат!
- Утре е сабота, управата не работи..
- Значи до понеделник?!?
- До понеделник! А до тогаш си мој и мора да слушаш

Вака беше отприлика муабетот меѓу Илко и Нушкало, а тотално одговара за муабетов :D
 
Немаме шанси со моменталниов состав.
Ги изгубивме Христов и Маркоски, а Жоглев влече повреда. Кој ќе дава голови? Парталко и Величковски?
Де бе, друже. Жоглев се повреди у ноември, а сеа сме јануар :D Не скрши нога чоекот, туку рамото го наби.

Ќешки нека се разјаснат стварите во Вардар, па лесно надоместливи се сите што отидоа.
 
Така знам, син ми игра за помлади категории на Вардар и ни рекоа дека се е готово, влезени се Унгарците и дека ќе се менува се, од управа, тренери итн. Треба и состанок да имаме. Како и да е јас останувам на своето, додека не видам црно на бело не верувам во ништо!!!
 
Па ако ти како родител на дете што трењира у клубот знаеш ваква битна информација, тогаш спортскиве портали требаше да знаат со име и презиме кој го превзема Вардар...
Тоа што е поврзано со Вардар, а сигурно го знам е дека со новиов буџет требаше да се издвојат +200.000 евра за клубот, и у последен момент куpвичето од градоначалник го повлекла предлогот со образложение, т.е. буквално со овие зборови: "ќе се лутат овие од шкупи."
 
Да не испаѓа дека ја бранам глупачата, ама советниците го гласаат буџетот. Нели тие од ДПМНЕ беа многу гласни пред 2 месеци, сега во земја да не пропаднаа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom