Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
На другарот Горан и во негов фан клуб му се смеат за каков оптимист е, лани заковани на дното беа он објаснуваше дека зимата со по некој трансфер за Европа ќе се бореле :) Никој тука не видов да се пали или да се лета дека готова е работата и Вардар ќе ја освои ЛШ за 3 години, во ваква ситуација не ни останува ништо друго освен да се надеваме на подобри времиња, па затоа и сме оптимисти дека може да бидне нешто и конечно малку да се стабилизира и врати Вардар онаму каде што припаѓа, а сите знаеме каде припаѓа. И ретко се сложувам со мислењата на кано, ама на оваа тема, каде точно припаѓа Пелистер со 0 освоени титули и без никаков посериозен белег во мак фудбалот? Вештачки креирано дерби само на навивачки и општествен (омразата кон Скопје, препукувањата од 90-ти град-село) план е она што ги одржува на фудбалската мапа како некое си име, толку :)

А ако некој нешто направил за клубот, Комити се единствената причина што Вардар во моментов постои и се единствената причина што пред 2 сезони Вардар ја доигра сезоната во прва лига и не доживеа банкрот. Да не потсетувам кој успеа да распродаде стадион за натпревар кој се играше без публика и кој проба да го направи истото и акцијата беше огромна катастрофа.

П.С. Немам ништо против битолчани или било кој да пишува тука, се додека дискусијата е нормална, ама вакви банални коментари дека сме барале Грујо а не спаси кога буквално со наши дела го спасивме клубот дефинитивно не се за тука. И обично ретко враќам на истите, затоа што непотребно ја носат дискусиајта во погрешна насока. Баталете ги ваквите коментари, да ја задржиме темата за тоа што сите сакаме да го читаме тука.
 
Ако не оваа недела, наредна сигурно... :)

И така, ќе си почне лигата, ќе одиме со младинци, без подготовки.
Чекај рано е,нели рекоа дека после празниците ќе се знае.Јас очекувам до среда најкасно да има некоја новост Искрен да бидам овојпат очекувам позитивно решение
 
Најпрво среќни празници, момци.

Фудбалерите се повикани од Слободан да се сретнат со него утре. Ќе видиме што има да им соопшти.

Што и да биде, Вардар мора да тера даље!
 
https://ekipa.mk/kire-markoski-si-zaminuva-od-vardar-i-se-vraka-vo-rabotnichki/ Почнуваме со лоши вести.Овој е*** нов газда беше донесен само да купува време и да дава лажни ветувања.Класа преварант и лажна елита.Штом бега и Кире значи нема добри новости за клубот.
 
Слободан го знам уште наводно кога дојде во Беласица. Класичен профитер и цицач, не очекував ништо посебно од него освен купување време.

Нема тој никакви ресурси да води фудбалски клуб, за жал.
 
Ќе биде добро.

Состанок со играчите во 15ч.
Ако имаш инфо што се ќе се збори пиши после состанокот.Само да нема ветување дека се ќе се исплати.Нека пакува куфери цобе и нека си иде
 
Цел ден ја рефреширам темава и спортскиве портали во очекување на вести.
Ако вестите бидат "Ве молам за трпение, имаме проект, почекајте, во финална фаза на преговори сме", бришам акаунт инстантно, легнувам и плачам.
 
Цел ден ја рефреширам темава и спортскиве портали во очекување на вести.
Ако вестите бидат "Ве молам за трпение, имаме проект, почекајте, во финална фаза на преговори сме", бришам акаунт инстантно, легнувам и плачам.
sport 1 ,sport media очекувам први да објават.
 
Состанокот завршил. Бил позитивен. Газдава им рекол продолжувате со нови газди. Детали наскоро... Кире Маркоски останува.

poveke detali u sreda ili petok? ovoj ili slednata nedela? :icon_mrgr:

ajde daj boze da zavrsi pozitivno.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom