Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Солидно одигравме, ама не којзне колку добро.
Со оглед на тоа што нашата коцка беше преполна, не успеав да ги фатам баш добро сите акции низ навивањето.

Почнавме со две шанси, едно нафрлување од Парталко мислам, од лева страна, влета некој со глава дали беше Попзлатанов или Серафимов и биеше одма до голот. Имаше и една ситуација каде што голманот на Охрид ја додаде до нашите, ама Попзлатанов биеше лошо.
Следеше шанса за Охрид, убаво го издриблаа Серафимов и биеја со ефе од десно крило, ама Гача одлично одбрани. Да беше камењарот Илиќ, сигурно ќе губевме.
Серафимов е премлад неколку пати го поминаа. Во второ полувреме го замени Велковски.
Потоа Симе излезе пред гол, ама биеше во главата на голманот кој му влезе во шут.
И конечно, изведовме брзо еден фаул, Симе го фати голманот на Охрид на лоша нога и биеше во долен лев агол за 1-0.
Симе имаше уште една шанса откако одново брзо изведовме еден фаул, ама шутираше над гол.
Второ полувреме го почнавме лошо и дозволивме Охрид да има сто процентна шанса, но биеја над гол.
Потоа по еден корнер, Мишковски шутираше во стативата.
Па ја презедовме иницијативата и по една школска акција, погодивме за 2-0.
Позплатановнка сврте до некого во шеснаесетникот, овој врати назад до Јусуфи, кој биеше во спротивмиот агол на голманот, кој беше маркиран и не можеше да одбрани.

Величковски даде гол за 3-0, ама судијата го поништи поради офсајд. Мислам дека греши, бидејќи стрелецот не беше во офсајд, ама беа двајца други играчи.

Парталко на 0-0 можеше да извади чист пенал, ама не падна убаво :D
Многу истрча, ама слаб до топка.

Денес стартувавме со Парталко на крило, а Вецески во средина. Каква смешна градба има дечково, со едни нозе како штаки. Слаб впечаток ми остави.

Има уште многу работа, ќе се мачиме со дефанзивни екипи.
Автоматски споено мислење:

Заборавив да спомнам дека добивме премногу глупи жолти картони. Христов доби жолт дека по свирка на судијата, зема го дриблаше голманот и ми даде гол. Сигурно добивме едно 5 картони.
 
Последно уредено:
Добро тргнавме и треба да даваме се од себе затоа што ситуацијата е иста како лани федерацијата си дава подршка на албанските екипи и тие меѓусебе ќе си даваат бодови така што не очекува уште една тешка сезона.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Според она што јас го видов, Вецески се покажа на добро ниво. Како за прва утакмица и не беше толку лош. Јас повеќе се надевав од оној Јаневски, ама засега ништо не игра, ама ајде ќе му дадеме време. Да не заборавиме дека Демир, нашиот најдобар играч од минатата пролет уште не игра, со него ќе биде доста појјаки. Симе у саботата се виде дека е доста подобар избор од Фичо Петковски. Има брзина и знае да опали од ван шеснаестерац. Се враќа Десниќ, па време е вториот млад да биде Јусуфи.
 
Со племе можеш само краткорочно да работиш.. Инаку со Саса слаб меч одиграле. Ама како и да е и тие и Воска ќе ја имааат подршката од федерацијата.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Со племе можеш само краткорочно да работиш.. Инаку со Саса слаб меч одиграле. Ама како и да е и тие и Воска ќе ја имааат подршката од федерацијата.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
Па не знам баш искрено, гледам имаат објава дека нема да го играат натпреварот со Беса... кој знае што се случува таму, со нив не можеш да си на чисто...
 
Има таму од сам старт нетрпеливост меѓу навивачите и сопственикот, па ништо чудно да пукнало тиквата. Им сметало што поред албански, објавите цело време иделе на македонски и турски јазик. Ме чуди ова затоа што во ГВ живеат најцивилизираните шпонови во Македонија, а покрај тоа има и одреден процент на турско население.
 
nema sto da te cudi se raboti na celosno radikaliziranje na teren. porano struga glas ne im se slusase sega vidi ja
 
Има таму од сам старт нетрпеливост меѓу навивачите и сопственикот, па ништо чудно да пукнало тиквата. Им сметало што поред албански, објавите цело време иделе на македонски и турски јазик. Ме чуди ова затоа што во ГВ живеат најцивилизираните шпонови во Македонија, а покрај тоа има и одреден процент на турско население.
Дефинитивно е пукната тиквата, до крајот на денов ќе се знае дали ќе продолжат во лига или дефинитивно се распаѓаат, ги известиле и фудбалерите.
 
Си заминале тие од Турција. Е сега некој играч ќе лапне и Арсими сигурно.
 
Дефинитивно е пукната тиквата, до крајот на денов ќе се знае дали ќе продолжат во лига или дефинитивно се распаѓаат, ги известиле и фудбалерите.
Не верувам дека ќе дојде до целосен распад (општината сигурно ќе превземе дел од обврските), ама со еден ваков развој на настаните, Вардар секако би имал чист пат према Прва лига. Иако ја лично ни во актуелниот Гостивар не глеам претерана закана. Далеку се они од некој надмоќен тим...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom