Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Нека ни е со среќа денеска а и во новата сезона, се надевам ќе биде подобра од минатата. До смрт за Вардар, се гледаме на некоја утакмица од октомври натаму.
 
Имате во живо идете на фејсбук пишете KF Arsimi идете приказна и имате опција во живо да гледате ....
Теренот е добар , плус не врне ..
 
Не е баш добар теренот, така личи само. Отскокнува топката лошо.
Бледо, катастрофално прво полувреме. Очекувано.
Шиле не само што имаше техника, беше и борбен, а тоа се бара во втора лига.
Симе пасивен, сите беа лоши. Си додаваме на наша половина до бесконечност.
Горе доле ја погодивме поставата, само место Демир (не е ни на клупа), Десниќ игра лево, а Николовски стартуваше место Јаневски.
Мириса на 0-0.
 
Слабо прво и јас од тоа што гледав , дури Арсими беше и подобар ...
Иначе Пелистер води во Кожуф 0-1 исто и Гостивар на гости со Пехчево 1-3
 
Последно уредено:
Одлично што тепавме, големи три бода.
И Пелистер и Гостивар добија важни гостувања, првите тепаа во Гевгелија, вториве против екипа што игра за нас.
Не можам да кажам ништо за победата, затоа што немаше линк второ полувреме.
Прво бевме слаби, ниту една шанса немавме.

Победа си е победа, особено што тепавме на тежок терен со противник кој игра за Гостивар. Гледам и Беса тепала 1-2 на гости кај Саса, значи и со нив ќе се мачиме во Боговиње. Воска исто пак е силна и ќе биде многу тешко да ги добиеме кај нив.
Ќе има бодови за губење, важно е дека не смееме да губиме бодови на домашен терен.

Детонит ја добил Беласица дома, така да тоа гостување во Радовиш во трето коло исто така ќе биде тешко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom