Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно се враќаме на стадионот во кој сме испишувале историја и на стадионот кој секогаш ни бил и се уште е наш дом.Поздрав до сите браќа Комити заедно одиме на победа
 
Ја гледа ли некој утакмицата гледам се мачиме уште гол не можеме да дадеме
 
Очобол игра уште еднаш. Една шанса имаше Шиле во првиот дел и после тоа до 70та минута немавме никакви шанси.
Охрид одлично се бранеше, а како што го тупев и претходно, Вардар не смееше да си дозволи да остане без напаѓачи.
Битолчанецон Наумоски е трупесија невидена, а тој Парталко не вреди ни да го коментирам. Играњево на млади играчи ни е голем проблем, а кај немаме доволно квалитетни играчи, уште па со по 3-4 младинци играме, повеќе од правилото за 2 во почетен состав.
Во прв состав со Ричков, Парталко, Наумоски и Николов, не ми е јасно што мајка бараме со 4ца младинци да играме.
После откако направивме замени, станавме поопасни и притиднавме за гол.
Еден удар на Керим го изблокираа за малку и мина топката до статива, ама вториот пат одлично ја спука во долен агол.
Не можев да видам дали Крцул влезе на крило место таа мизеријата Јованов или Демир?
Имаше улога за голот, а мислам дека и Даре Мицевски асистираше.
Која е потребата да се игра со тој Јованов на крило? Подобро Шиле нека го игра на таа позиција (ако не му е природна), отколку со минус играч.

Да имавме некои поквалитетни место Јованов и Наумоски/Парталко/Фичо за напаѓач, ќе беше далеку полесно.

Многу драма се направи на крајот на натпреварот со Глигоров и играчите. Толку им е квалитетот, немаме напаѓач, главен виновник што не се засиливме прописно е Бајо, според мене, а него никој не го обвинува. Да, дел од играчите не се трудат, Глигоров нема контрола, не го бива, ама веќе е доцна. Он си дава оставка, не му ја прифаќаат, нема алтернатива. Нови играчи не може да се донесат, ќе мора да останеме до крај со овие. Има уште надежи, нијанси ќе ги решаваат сите утакмици. Нека се фокусираат сега на Велешта, да не се укакаат како есента.
 
Глигоров дефинитивно не е океј. После онаа утка на Парталко он пак го игра стартен. Дечкото сем да враќа топка назад, друго не знае. Не знам кога ќе сфати дека Парталко и Наумоски се играчи мање на терен. Оној вториот не мрда еј, го гледам на стадион и се чудам на што спадна Вардар да има напред. 4 офсајди, еден тон изгубени топки и ништо друго. Керим мора да игра прва постава, бар е брз и продорен, не знам кој му е филмот со 3ца младинци да игра.. сем Ричков ова другово не е достојно да го носи дресот на Вардар како младинец и тој Николов на Бајо се виде колку бил талент, за оној ќебапон Ване не вреди да се збори. Нека се враќа во формација 4-4-1-1 со Петковски напред или мучење до крај. Фала богу бар одбраната ни функционира, па само еден гол примивме досега. Ме радува враќањето на Демир, кој мислам дека може да помогне како џокер. Велешта не знаат кај тераат, па време е за победа на гости.
 
Мицевски како игра?Изгледа е далеку од очекувањата?
 
FB_IMG_1647115642610.jpg

Овој "плавиов" е Жуниор или некој друг?
 
ок.
Пошо не е Жуниор, после одговоров сеа знам кој е.
па кажи де ако знаеш, не решавам ребус овде.
На Абрамовиќ десната рака, сака да го земе Вардар дека со Челзи е готов..
Автоматски споено мислење:

Шала на страна, дечконо Масевски од Тетекс шпицот гази во 2 лига. Кој ќе го лапне алал да му е!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom