Очобол игра уште еднаш. Една шанса имаше Шиле во првиот дел и после тоа до 70та минута немавме никакви шанси.
Охрид одлично се бранеше, а како што го тупев и претходно, Вардар не смееше да си дозволи да остане без напаѓачи.
Битолчанецон Наумоски е трупесија невидена, а тој Парталко не вреди ни да го коментирам. Играњево на млади играчи ни е голем проблем, а кај немаме доволно квалитетни играчи, уште па со по 3-4 младинци играме, повеќе од правилото за 2 во почетен состав.
Во прв состав со Ричков, Парталко, Наумоски и Николов, не ми е јасно што мајка бараме со 4ца младинци да играме.
После откако направивме замени, станавме поопасни и притиднавме за гол.
Еден удар на Керим го изблокираа за малку и мина топката до статива, ама вториот пат одлично ја спука во долен агол.
Не можев да видам дали Крцул влезе на крило место таа мизеријата Јованов или Демир?
Имаше улога за голот, а мислам дека и Даре Мицевски асистираше.
Која е потребата да се игра со тој Јованов на крило? Подобро Шиле нека го игра на таа позиција (ако не му е природна), отколку со минус играч.
Да имавме некои поквалитетни место Јованов и Наумоски/Парталко/Фичо за напаѓач, ќе беше далеку полесно.
Многу драма се направи на крајот на натпреварот со Глигоров и играчите. Толку им е квалитетот, немаме напаѓач, главен виновник што не се засиливме прописно е Бајо, според мене, а него никој не го обвинува. Да, дел од играчите не се трудат, Глигоров нема контрола, не го бива, ама веќе е доцна. Он си дава оставка, не му ја прифаќаат, нема алтернатива. Нови играчи не може да се донесат, ќе мора да останеме до крај со овие. Има уште надежи, нијанси ќе ги решаваат сите утакмици. Нека се фокусираат сега на Велешта, да не се укакаат како есента.