Дефинитивно ќе играат со 3-ца позади, и последните неколку кола есента кога заигра Ристевски беа така, имаше малку поголема слобода од останатите штопери и знаеше да се уфрли напред па можда затоа впечатокот дека играл како бек, сличен играч на Кико Тошевски по профил

Ристевски би имал загарантирано место позади, централно би играл еден од Мишковски/Стојковски и лево Стојанов/И.Мицевски или евентуално Трајче Стојковски ако Нено е централно. Николов и Панта се загарантирано дуо во средината, тука се и Блажевски и Пеев за ротација или евентуално со нешто позгуснат среден ред со некој од нив и Николов нешто поофанзивно во зависност од противникот и потребите, лево малку и лошо што останавме само на Глишиќ и нема баш замена за него, а десно би требало предност да има Ване Јованов, Давид Велковски би бил за ротација за двете крилни/бековски позиции и би стартувал доколку има потреба за у21 играч. Напред останавме на Фичо како шпиц, не знам кога би се вратил Грозданоски од повреда, а позади него како полушпицови/крила Шиле, Керим, Наумоски, Коцур.
Со оглед на тоа што го имаме Николов како стартер, останува уште еден у21 играч да се смести, и изборот ќе паѓа помеѓу Иван Мицевски во 3-ката позади, Давид Велковски на бековските/крилни позиции, и Никола Наумоски во напад, мислам дека Иван ќе добие шанса како штопер, а тоа би отворило простор за Керим - Шиле позади Фичо со многу поголема слобода и помалку дефанзивни задачи.
Гача/Илиќ
Ристевски Мишковски/Стојковски Стојанов/Мицевски(у21)
Јованов/Велковски(у21) Николов/Блажевски Мицевски/Пеев Глишиќ/Велковски(у21)
Керим/Наумоски(у21) Шиле/Коцур
Петковски/Грозданоски