Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Трета лига се први, ама според Трансфермарк, тимот чини дупло повеќе од Вардар. Доста време се во Анталија, играле икс со Раднички. Денес ги издоминиравме. Прво утнавме три топ шанси.
 
Доста подобро изгледаме од есенскиот дел од тоа што го видов, а и физичката подготвеност е на повисоко ниво со враќањето на Тони. Уште еден напаѓач кога би пазареле...
Isto Voska i Besa bea Albanija na pripremi a Sileks se klasa podobri od vas i voska mnogu dobar mu e Spirkoski

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
Кај биле бе Воска у Албанија кога цело време играат пријателски на Билјанини Извори со наши екипи...
 
Не знаат да работат со децата тоа е факт веќе години години наназад. А за крило, нека чекаат они 5 до 12, научени сме на такви работи да трчаат заден ден по ффм.
Години наназад се работеше со деца и кога стаса време истите само да се избрусат настана распад систем.
Најпрво последната година од Самс , потоа со терените у парк , за на крај сега..
Сега е тотален хаос , сите генерации се распад систем , многу деца заминаа , а нажалост со планот теренот Алумина и кај Јане да се тргнат од Хиподром ќе биде само полошо.
На тие два терени нема моментално услови за тренинг , не знам дали имате поминато Алумина , ама има поголема шанса да скршиш нога од да тренираш , а им било кажано дека за брзо ќе почнеле таму ...

За Мирков моментално е најдобар талент у клубот и успеаа и него да го избркаат.

Кој е поупатен у школата знае дека е многу лошо и ако до пред 3-4 години сите бараа да дојдат у Вардар и беше престиж сега голем процент од најдобрите деца им бараат исписници...

Ако сакаат да средат школата ќе ги вратеа старите тренери..

п.с. Моментално у школата е кој да направи подобра позиција за да привлече деца да им прави индивидуални тренинзи на децата , имате досега некаде слушнато тренер во школа да држи индивидуално тренинзи за пари на истите деца или легендарниот бивш небивш координатор .

Како и да е во школата како што тргнало изгледа ќе биде полошо , а у прв тим ќе видиме.

п.с. овие од јојо клубот нека си гледаат чергата .
 
Ристе Илијоски два гола за Воска денес против Борец
Автоматски споено мислење:

1:0 денес, браво. 60тина минути сме играле со ептен мешан тим, пола деца.
 
Последно уредено:
Цујо ни отиде во Сараево кај Тетовче.
Пошто нашиве одеа ол ин на него за иден напаѓач, сега останавме со "од трите подолгото".
Ќе бидат мачење сите натпревари, кога ќе напаѓаме јалово и ќе се крстиме во Шиле...
 
Не знам што толку се креваше прашина Аврамовски во Вардар и тоа во втора лига. Без никаква смисла муабет. Ние не можеме Симе Христов да го убедиме да игра по нивине, не па Цујо..
 
Ние знаевме дека Цујо нема да игра во втора лига, ама нашите си играа бајрам со паметот и спиеја на тоа уво дека треба да го чекаат него и да не бараат алтернатива.
Сега веќе и да сакаат не може да најдат никого.
Во секој случај, Симеон Христов не би го зел ни во маало да игра со мене, не па во Вардар :D
 
Можат да најдат и сега, ама ПРОБЛЕМ е што никој не сака да игра во оваа лига. Ангелов 10 пати е контактиран, не бе брате не ти доаѓаат и крај.
 
А зошто не го земат Јован Костовски нема клуб од лето или се пензионирал?
 
Можат да најдат и сега, ама ПРОБЛЕМ е што никој не сака да игра во оваа лига. Ангелов 10 пати е контактиран, не бе брате не ти доаѓаат и крај.
Друга ми е поентата. Од старт не можеш да очекуваш дека потенцијални репрезентативци ќе ти дојдат да играат во втора лига со екипи како Велешта и Кадино. Значи не зборуваме за играчи кои се 34+, туку играчи кои се во најпродуктивните играчки години. И јас сакам Меси да го донесеме, ама не е реално тоа да се очекува и место да спијат можеа да најдат играчи кои реално би прифатиле да играат кај нас и од кои би имале корист.
Да си дозволат Ален Јашаровски да им побегне и да отиде во директен ривал кога немаме напаѓачи е знак дека не ги следат доволно работите во мак фудбалот. На Скопје им бегаат еден куп играчи, Воска им зема тројца, ако не се лажам.
Прибери им го Дарио Десниќ на Скопје, не е прволигашки материјал, ама ќе брка работс во лигава. Ќе се отвори простор Шиле да е напаѓач.
Ако имаме амбиции за повисоко, укради им го Лука Трајковски на Борец. Млад е, може да истурка една полусезона во втора лига, а во иднина секако ќе биде материјал за прва лига. Знам дека во вторава лига повеќето најдобри напаѓачи веќе играат за Силекс и Воска, ама ако сме толку финансиски јаки, за инает ќе им ги земеш за да ги ослабеш нив и да ти дадат повеќе опции во играта. Воска прибра многу играчи, доби на широчина составот, а се гледа дека добро работи и со другите албански клубпви, бидејќи им праќа играчи на позајмици за да ги одржи во живот и да ни кратат бодови на нас.
Место да пуштеа играчи во Кадино, дремат како слепци. Ако тој младинецот бил толку добар, зошто не го прекомандуваа во прв тим кога веќе немаме напаѓачи? Па дај го во Кадино, нека има мала надеж да им скинат бод дома на Воска, они земале во Саса го праќаат...
Многу ветуваат, а тука прават аматетски пропусто од неразбирање на состојбитр во мак фудбалот.
 
Ние знаевме дека Цујо нема да игра во втора лига, ама нашите си играа бајрам со паметот и спиеја на тоа уво дека треба да го чекаат него и да не бараат алтернатива.
Сега веќе и да сакаат не може да најдат никого.
Во секој случај, Симеон Христов не би го зел ни во маало да игра со мене, не па во Вардар :D
Не знам од кај ти заклучокот дека го чекале само Цујо и не барале алтернатива. Баш напротив најмалку се надеваа на него, свесни и самите дека човекот играше летоска на ЕП и не е реално сега да се залета за Втора лига. Али од друга страна кога еден Симе Христов те одјебува, ваљда треба да ни биде јасно на сите колку е саатот и дека не е баш толку едноставно да придобиеш било кого за играње по селата, па нуди им и колку сакаш пари. Ангелов исто преку 10 пути контактиран, ама и тој нејќе да чуе за Втора лига. Така да и ние треба да сме свесни дека сме второлигаши у моментот и не сме примамливи, а плус на тоа и премалку квалитетни слободни играчи има во зимскиот преоден рок. Играчи по секоја цена не мора да се носат...
 
Прочитај го пак последниот мој пост на темава, таму објаснив подетално.

Не треба да се трупаат играчи по секоја цена, ама па не треба да си дозволиш да останеш да крпиш само со Фичо и Шиле (тогаш ќе нема кој да игра лево и сме тотално безопасни без него) во нападот, со повреден играч како Грозданоски и Наумовски кој исто така не е класичен напаѓач. Тоа немање замени ќе не чини прва лига, а тоа ќе биде фијаско за нас.
На крајот од денот не сум јас тој што ветува прва лига и големи амбиции за наредна година. Ако имам пари да ги донесам Мицевски и Гача, тогаш играчи како Каланоски, Дуков или Изаир Емини (ако не ни треба) за инает ќе им ги купам на конкурентите.
Каланоски е одличен на лево крило, ете ти поткрепа за Блажевски. Ете Лука Трајковски ако е голем залак, нека го земат едно лево крило на Кит Го што има добра сезона годинава. Немаме ни млади играчи, кога ќе треба да го задоволат правилото за двајца младинци, пак ќе треба некој слепец да го играме, како Давид Велковски или Парталко.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom