Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитај го пак последниот мој пост на темава, таму објаснив подетално.

Не треба да се трупаат играчи по секоја цена, ама па не треба да си дозволиш да останеш да крпиш само со Фичо и Шиле (тогаш ќе нема кој да игра лево и сме тотално безопасни без него) во нападот, со повреден играч како Грозданоски и Наумовски кој исто така не е класичен напаѓач. Тоа немање замени ќе не чини прва лига, а тоа ќе биде фијаско за нас.
На крајот од денот не сум јас тој што ветува прва лига и големи амбиции за наредна година. Ако имам пари да ги донесам Мицевски и Гача, тогаш играчи како Каланоски, Дуков или Изаир Емини (ако не ни треба) за инает ќе им ги купам на конкурентите.
Каланоски е одличен на лево крило, ете ти поткрепа за Блажевски. Ете Лука Трајковски ако е голем залак, нека го земат едно лево крило на Кит Го што има добра сезона годинава. Немаме ни млади играчи, кога ќе треба да го задоволат правилото за двајца младинци, пак ќе треба некој слепец да го играме, како Давид Велковски или Парталко.
Искрено не знам што овие Каланоски, Десниќ и слично би можеле да донесат плус на ова што го имаме сега (став на клубот е дека нема да се носат играчи од Кожув, Кораб, Тетекс), а Емини од кај си толку сигурен дека би се нафатил уопште да ти дојде. Зелките се обично под голем притисок од своите ако имаат понуда од некој македонски тим. Да не збориме што е пензионер.
Не можеш да позајмуваш играчи во истата лига што значи Кадино отпаѓа. Ако си приметил сите играчи ги позајмуваат во екипи од Истокот.
Како младинци ги иаме и стоперот Мицевски, Наумоски и Николов.
Јашаровски не е контактиран дека има бајаги анти вардарски размислувања, тука да бидеме на чисто за него и доста го спомнувате него.
Искоментирав и ја за Јашароски што не го покушаа, ама од друга страна па е ист тип на напаѓач како Петковски и тие двајца не може да играат заедно еден со друг. Така да некое фајде големо немаше да иаме.
Последно што разбрав е дека наводно, по долги убедувања Виктор Ангелов се согласил на играње во Втора лига. Останува да видиме дали ќе се договорат за условите...
 
Сакав тоа да го пишам, ама викам ајде боље не да не избаксузираат нашиве сајтови. Шансите се 50-50. Ако нема понуда до петок, изгледа ќе дојде. Инаку барал малку повеќе од нашуте услови, ама мислам дека тоа ќе го решат само да нема понуда за надвор. Па ајде да видиме.
 
На умрениве од ФФМ не им работат линковите со правилниците, да не знае точно некој кои фудбалери се квалификуваат како младинци? Ако не се лажам, тоа беа фудбалери кои на почетокот на сезоната имаат 21 или помалку години?
Кај нас во моментов такви се голманите Стојковски и Јовчев кои нема шанса да заиграат покрај Гача и Илиќ, штоперот Иван Мицевски, десниот бек Давид Велковски, средњаците Николов, Давидовски и Парталко, како и напаѓачот/крилото Наумовски, битолчанецот.

Значи сме донеле двајца нови десни бекови Јованов и Ричков, кои не ја ни исполнуваат возрасната граница за да го задоволат правилото за младинци во прв состав. Дополнително, на таа позиција веќе го имаме Ристески, како и Давид Велковски.

Ако местото на Николов е сигурно во првиот состав, кој би бил вториот младинец? Изгледа е мора да го играме Наумовски во прв тим, дали како напаѓач, дали да шета по крилава.

Поширок состав за полусезонава:
Голмани:
Филип Гачевски
Филип Илиќ
Лука Стојковски (младинец)
Гого Јовчев (младинец)

Одбрана:
Стопери:
Ненад Мишковски
Дарко Стојанов
Трајче Стојковски
Иван Мицевски

Лев бек:
Дарко Глишиќ (може да игра и ко поистурен)

Десен бек:
Никола Ристески (покрива и ко стопер)
Давид Велковски (младинец, покрива и ко крило)
Ване Јованов
Андреј Ричков

Средина:
Подефанзивна средина:
Мартин Блажевски
Оливер Пеев

Средњаци:
Дарко Мицевски
Иван Николов (младинец)
Вилдан Керим (може и ко крило)
Петар Давидовски (младинец)

Поофанзивна средина:
Ерен Парталко (младинец)

Лево крило:
Дејан Блажевски (покрива на сите крила и напад)

Десно крило:
Кристијан Костовски

Напад:
Филип Петковски
Дарко Гроздановски
Никола Наумоски (младинец, покрива и ко полушпиц, а по потреба и ко крило)

Јасно е дека Гача ќе брани.
Можеби би играле со тројца стопери, со тоа што Ристески би играл со Мишковски и Стојанов или Мицевски младинецот, ако се решиме да го играме него.
Немаме опции на лев бек, освен Глишиќ, така да он сигурно ќе игра или како бек или како крилен бек.
Во формација со 4 дефанзивци, веројатно би играле со Глишиќ, Мишковски, Стојанов и Ристески.

Во средина, Николов мора да игра како младинец, а би требало Дарко Мицевски да му прави друштво. Како трет средњак, го гледам Керим, а ако не е подготвен, тогаш Мартин Блажевски. Премногу е да играме со двајца младинци во средина, Николов со Парталко ило Давидовски.

Блажевски е сигурен на лево, Петковски како шпиц.
Тогаш, вториот младинец ќе мора да го користиме на десно крило. Дали принудно Наумоски ќе игра таму или ќе го гледаме дрвото Велковски, ќе видиме. Ако евентуално се решиме на Иван Мицевски во одбрана, се отвора простор да игра Костовски на крило.

Значи во офанзива останавме на само 4 играчи, а во одбрана зачукавме два десни бека кои не исполнуваат правило за младинци и кои тешко дека би ги искористиле.
Не знам дали тој Јованов игра и како крило, па да добие место на сметка на некој дефанзивец кој би бил заменет со Мицевски Иван.
 
Последно уредено:
Не можеш да позајмуваш играчи во истата лига што значи Кадино отпаѓа. Ако си приметил сите играчи ги позајмуваат во екипи од Истокот.
Прв пат слушам за правилово, ново е ова? Брегалница лани цело време имаше неколку играчи на позајмица во Кит-Го а до летоска играа во иста лига, значи минатата сезона дефинитивно немаше вакво нешто.
 
Последно уредено:
Прв пат слушам за правилово, ново е ова? Брегалница цело време има неколку играчи на позајмица во Кит-Го а до летоска играа во иста лига, значи минатата сезона дефинитивно немаше вакво нешто.
И јас за ова прв пат слушам, а и полусезонава сега Победа имаше испратeно 2ца играчи на позајмица во Братство Житоше.
 
Во право си, Христијан Поп Антоски го имавте пратено на позајмица таму така да муабетов апла не држи вода, не постои такво правило.
 
Ако даде Бог, одиме јако:
Гача, Мишко, Стојанов, Моцарт, Панта, Николов, Ангелов, Глишиќ, Шиле, Петковски, Наумоски.

Јака клупа со Керим, Коцур, Јованов, М.Блажевски..
 
shile so gazinata ushte fudbal ocekuvate da igra haha
v godina derbi vtora liga se nadevam pod reflektori i so gostuvanja
 
Друже изгледа не си гледал ни една текма на Вардар есенва... Шиле да не е нема кој гол или асистенција напред да направи. Тоа што не трча не значи дека нема у него уште фудбал )))
 
Дај бе одјебете веќе еднаш од Вардар, гледајте си ги вашите клубови и ич да не ви чуе за Вардар. Ебаве комплексите.
 
Со газови или не, убедливо најопасен играч ни е во нападот. Во вториот дел од есенска полусезона, учествуваше скоро во сите голови на Вардар.
Не е дека играме ЛШ, Шиле е ѕвер за втора лига :D
 
haha ja gledav so pelister jas ama nie ne sme vtoroligasi :Pbukvalno ne mrdna na utskmicata i klucniot penal go promashi, mene mi beshe zal sho go gleam takov zdebelen, da ne se zaboravi zlatnata sezona na shile e 2007/2008 mozi eden od najdobrite igraci so zaigral za pelister togas beshe reprezentativen kalibar
Автоматски споено мислење:

Дај бе одјебете веќе еднаш од Вардар, гледајте си ги вашите клубови и ич да не ви чуе за Вардар. Ебаве комплексите.
sho te ebam
 
На умрениве од ФФМ не им работат линковите со правилниците, да не знае точно некој кои фудбалери се квалификуваат како младинци? Ако не се лажам, тоа беа фудбалери кои на почетокот на сезоната имаат 21 или помалку години?
Кај нас во моментов такви се голманите Стојковски и Јовчев кои нема шанса да заиграат покрај Гача и Илиќ, штоперот Иван Мицевски, десниот бек Давид Велковски, средњаците Николов, Давидовски и Парталко, како и напаѓачот/крилото Наумовски, битолчанецот.

Значи сме донеле двајца нови десни бекови Јованов и Ричков, кои не ја ни исполнуваат возрасната граница за да го задоволат правилото за младинци во прв состав. Дополнително, на таа позиција веќе го имаме Ристески, како и Давид Велковски.

Ако местото на Николов е сигурно во првиот состав, кој би бил вториот младинец? Изгледа е мора да го играме Наумовски во прв тим, дали како напаѓач, дали да шета по крилава.

Поширок состав за полусезонава:
Голмани:
Филип Гачевски
Филип Илиќ
Лука Стојковски (младинец)
Гого Јовчев (младинец)

Одбрана:
Стопери:
Ненад Мишковски
Дарко Стојанов
Трајче Стојковски
Иван Мицевски

Лев бек:
Дарко Глишиќ (може да игра и ко поистурен)

Десен бек:
Никола Ристески (покрива и ко стопер)
Давид Велковски (младинец, покрива и ко крило)
Ване Јованов
Андреј Ричков

Средина:
Подефанзивна средина:
Мартин Блажевски
Оливер Пеев

Средњаци:
Дарко Мицевски
Иван Николов (младинец)
Вилдан Керим (може и ко крило)
Петар Давидовски (младинец)

Поофанзивна средина:
Ерен Парталко (младинец)

Лево крило:
Дејан Блажевски (покрива на сите крила и напад)

Десно крило:
Кристијан Костовски

Напад:
Филип Петковски
Дарко Гроздановски
Никола Наумоски (младинец, покрива и ко полушпиц, а по потреба и ко крило)

Јасно е дека Гача ќе брани.
Можеби би играле со тројца стопери, со тоа што Ристески би играл со Мишковски и Стојанов или Мицевски младинецот, ако се решиме да го играме него.
Немаме опции на лев бек, освен Глишиќ, така да он сигурно ќе игра или како бек или како крилен бек.
Во формација со 4 дефанзивци, веројатно би играле со Глишиќ, Мишковски, Стојанов и Ристески.

Во средина, Николов мора да игра како младинец, а би требало Дарко Мицевски да му прави друштво. Како трет средњак, го гледам Керим, а ако не е подготвен, тогаш Мартин Блажевски. Премногу е да играме со двајца младинци во средина, Николов со Парталко ило Давидовски.

Блажевски е сигурен на лево, Петковски како шпиц.
Тогаш, вториот младинец ќе мора да го користиме на десно крило. Дали принудно Наумоски ќе игра таму или ќе го гледаме дрвото Велковски, ќе видиме. Ако евентуално се решиме на Иван Мицевски во одбрана, се отвора простор да игра Костовски на крило.

Значи во офанзива останавме на само 4 играчи, а во одбрана зачукавме два десни бека кои не исполнуваат правило за младинци и кои тешко дека би ги искористиле.
Не знам дали тој Јованов игра и како крило, па да добие место на сметка на некој дефанзивец кој би бил заменет со Мицевски Иван.
Малку си ги измешал позициите:P
Дефинитивно ќе играме со 3 стопери. Тоа цело време и го испробуваат на пријателските. Едниот Ричков го рачунаат како еден од стоперите и уопште нема играно десен бек на припремите, а помладиот е бекап за Глишиќ. Ристески глеам исто си го спомнал во бекови (он сите утакмици ги одигра изричито ко стопер). Што значи на десен крилен бек ги иаме новиот Јованов и Велковски.
Шиле како лево крило или втор напаѓач, во зависност дали ќе играме во формација со двајца или тројца напред.
Така да горе-доле е тоа. Да ги допојаснам работите;)
 
Јас колку што се сеќавам Ристески првично го земавме како замена за десен бек и дефанзивно повеќе играше на таа страна. Не како крилен бек како што играше Глишиќ на крајот, но сепак повеќе како десен страничен бек, отколку како стопер. Не знаев дека стопер му е примарна позиција.

За Андреј Ричков немам никакво познавање, нит сам чуо, нит сам видео, а според трансфермаркет, примарна позиција му е десен бек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom