Јасно ми е дека во моментов единствена опција е некое такво 5 до 12 решение колку да се изгура сезонава, и евентуално да се проба да се обезбеди опстанок, ама како се движат работиве, мене се пореална и поизгледна опција ми делува банкрот и ваквите „решенија“ како само да даваат лажна надеж и да ја одложуваат реалноста која пак ќе не стигне. Еве и да се деси сега некако со ваучерите да се изгура сезонава, дали имаме гаранција дека УЕФА нема да тропне на врата и да прочешла, поготово што 2 сезони по ред останувавме без лиценца поради финансиски проблеми, и дека нема да ни направат проблеми. Долгот пак останува, а не ми личи дека има интерес или некакво поместување околу исплаќање на истиот, ова со датумиве и гаранцииве од Самсоненко е смешно веќе и никако не го земам за озбилно. Си продолжуваат со терање интерни војни и политики со моменталнава гарнитура на Град Скопје, да имаше реален интерес за решавање на ситуацијата, немаше да се дозволи 2 сезони по ред да паднат во вода и да се испуштат загарантирани речиси 2 милиони евра кои ќе покриеа поголем дел од наталожениот долг и решавање на ситуацијата по многу полесен пат.
Него, некој поупатен, може ли во кратки црти да објасни што всушност ќе значи банкрот, што со долгот, што со клубот, што со историјата и титулите и како би се одвивало понатака функционирањето?