Сеа коа ми спласнаа информацииве за "катарциве" сакам да пишам еден искрен пост.
На кој бе му текна да пушти муабет дека ни помалце, ни повеќе Qatar Airways ќе го спонзорира Вардар?!

Од тоа што разгуглав за Qatar Airways нигде не прочитав дека поседуваат аеродроми, а ТАВ има уште цели 10 години од договорот за концесија на скопскиов аеродром.
И сега од толку клубови низ Европа, ќе дојдат катарциве у Скопје и ќе преговараат за Вардар бе.
Не дека немаат пракса да спонзорираат спортски колективи, ама пак ќе нагласам, после Бока, Баерн Минхен, Рома и ПСЖ, следен клуб што ќе го финансираат ќе биде Вардар?
-Ајде у Скопје има што да видат, стадион за мерак, тренинг-камп на завидно ниво... ама ако им текне да прашаат у што лига ни игра клубов?

Ќе им ја покажат тињана у Кратово, кокошарникон у Џорче или минсконо поле у Битола?
Ја мислам си истеравме бајрам со паметот неколку дена дека ќе има тектонски промени, ама реалноста е дека најверојатно некој сака муабетов да циркулира уште некое време, за после да имаат алиби, јебига пробавме ете и катарци донесовме ама копиљот руски ја кочи цела работа.(што е целосно точно).
Колку само Датуми дочекавме, ајде и овој за 10 дена (м.з.) да видиме што ќе ни донесе, ама јас лично не сум некој оптимист, како и голем дел од вас

.
Може и ќе ви звучи банално следново, ама најверојатно ако клубов иде у стечај или целосно згаснување, тоа за мене ќе биде и последната причина да заминам од Вукојебинава, пошо и така со едната нога сум на излезна врата од Нивната Земја.