- Член од
- 10 септември 2016
- Мислења
- 9.333
- Поени од реакции
- 19.031
Колку убави времиња. Цело Скопје и Македонија обединети за една работа, сите оделе на градски без разлика на сталеж, образование, средина на живеење, возраст. После само неколку недели од земјотресот а народот пак не го оставил клубот, немале покрив над главата но игра Вардар. Луѓето од страна со коли, со други превозни средства оделе во Скопје да го гледаат Вардар. И општо надвор од Ф.К.Вардар тоа биле убави времиња(иако ни најмалку не сум југоносталгичар) луѓето биле сплотени како браќа, немало емигрирање и биле тука од 7 до 77, едноставно живееле нормален живот во местото каде што се родени и биле дел од тоа што навистина се.Прегледај го приврзокот 260470
Редици, колони на вардарци чекаат да влезат на Градски стадион, игра ФК Вардар, празник е!
Полн градски парк, се è црвено-црно, од младо до старо, од сите делови на Скопје и Македонија..
ФК ВАРДАР МАКЕДОНСКА ГОРОДОСТ - ФК ВАРДАР ТОА СМЕ НИЕ!
ВАРДАР НА НАРОДОТ И ГРАЃАНИТЕ!
ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ ВАРДАР!
Ќе се бориме, за овој гигант повторно се вивне во височините..
Се е минливо само ти си вечен! ⚫
НЕ МОЖЕ ДА УМРЕ НЕШТО ШТО НЕ УМИРА!
Прегледај го приврзокот 260471
ЕХ МОЈ ВАРДАРЕ
Извадок од "Монографија 40 години ФК Вардар"
Прегледај го приврзокот 260472
Ладо Јакше, меѓународен фудбалски судија од Љубљана:
„Градот на Вардар беше за мене голем предизвик. Се воодушевував од неговите убавини. Тешкиот земјотрес во 1963 година го разурна градот. Уште во урнатини, само неколку недели по катастрофата, дојдов да го судам првиот натпревар по земјотресот меѓу Вардар и Динамо од Загреб. Уште луѓето живееа на улици, по шатори, но масовно дојдоа на натпреварот, кој покажа дека Скопје е живо и дека Вардар продолжува да ја пишува својата богата историја.
Кога по неколку години пак дојдов во Скопје, солзи радосници ми надојдоа. Ги снема урнатините, изникна нов убав град, а фудбалскиот клуб Вардар брзо чекореше кон врвот.“ линк
Денеска знаеме сите како е, половина народ на страна, народот не го цени своето и слави туѓо, се срами од своето, ако си пак надвор од Скопје не можеш ни вистински да ја доживееш магијата, додека си дете немаш денар да отидеш да гледаш утакмица, да најдеш некој што ќе сака да оди за утакмици на домашно првенство е исто како да си открил нафта, подоцна заминуваш од државата и пак не си дел од тоа што се чуствуваш.
Малку оф топик ама тоа е.
Да се надеваме дека идните генерации ќе доживеат поубави времиња, дека некогаш пак ќе го полниме градски, дека пак ќе бидеме браќа едни со други и Вардар ќе ни биде пред се.
Вардар, тоа сме ние.
Автоматски споено мислење:

Има ли теоретски шанси, утакмиците од после август да се играат со публика?
Последно уредено: