Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Лето кое ќе остане во сеќавање, среќен сум шо сум го проследил овој дел од клубот, кој е најзначен од неговото постоење.

Таман ќе ми се оправеше гласот, идеше друга утакмица и ајде пак у курац :icon_mrgr:

Па кога доцнеше прво полувреме од ревашнот во Данска, мислам дека немаше нешто до трето колено што не му беше испцуено на Кочан :D

Двете утакмици со Фенер беа магија, никогаш не сум бил повеќе горд за нешто друго.

Да се надеваме дека ќе дојдат такви времиња повторно.
 
Последно уредено:
Светот ми се сруши кога изгубивме во Данска, златна шанса пропуштена, сигурна групна фаза имавме и ја прокоцкавме, едно 30 минути после утакмицата гледав во мртва точка пребледен, татко ми страв го фати :D Знаевме дека ќе имаме тежок противник во плеј-офот за ЛЕ, падна Фенербахче, па глупостите во режија на нашата ни уште од тогаш златна управа и Самсоненко со картите, јужна трибина гостинска, па предомислување, за скроз неочекувани и многу среќни 2-0 на Градски. За реваншот нема што да се збори, далеку подобри од Скопје, скроз заслужено, одлична одбрана, неколку добри контри преку Барсегјан, а за голот што го даде Џигаури без коментар, кога и да го видам се смеам. Па утакмиците со Зенит и Сосиедад, губевме ко магариња, а на трибина супер атмосфера, не застана песна воопшто, се придружи и јужна против Сосиедад, една од поубавите слики што ќе ми останат во сеќавање од Градски, 0-6 на семафор, а ечи песна од цел стадион, ежење. Памтам дека трчав по допуна на пиво од точените во пластична надвор пред почеток на утакмица, сите се качуваат нагоре само јас со другар по скалите шпринтаме надоле низ цела таа гужва :D Ехх, убави времиња нек си ебе матер :place:
 
Едно нешто ми боде очи само во целава приказна, Орце и Самсоненко беа гз и гаќи и имаат(а) еден куп заеднички бизниси, ако не се лажам и во Русија градеа некоја болница, овие двајца ја имаат спукано нешто скоро или сеуште се ортаци? Пошто ми нема логика Самсоненко да сака да покрие долг кој тој го признава, а Орце да вади измислени фактури, тоа би значело дека двајцата заедно си тераат комбинации
БЕА, пукна меѓу нив со хотелот му го лапнаа преку ратко и толку од Самс. Човекот дава гаранции за долгот у Вардар ( дали со нотарски скт како у РК што напраи исто ) или да се пребие со Академијата да потпише и да заврши со Вардар.
Најголем проблем се измислените долгови што управа сака да ги наплати а Самс не ги признава.
Самс поштено им кажа уште лани дека си оди имаа време да најдат решение ама...
 
БЕА, пукна меѓу нив со хотелот му го лапнаа преку ратко и толку од Самс. Човекот дава гаранции за долгот у Вардар ( дали со нотарски скт како у РК што напраи исто ) или да се пребие со Академијата да потпише и да заврши со Вардар.
Најголем проблем се измислените долгови што управа сака да ги наплати а Самс не ги признава.
Самс поштено им кажа уште лани дека си оди имаа време да најдат решение ама...
Според ова, Самс не е крив за ова.
Најголемо зло е конзулот бугарски.
Автоматски споено мислење:

Чекав да си заминат сите, а на семафорот стои ова... Стојам горд, со солзи во очите, од среќа.
FB_IMG_1595693744674.jpg
 
Последно уредено:
FB_IMG_1595846239588.jpg
Редици, колони на вардарци чекаат да влезат на Градски стадион, игра ФК Вардар, празник е!
Полн градски парк, се è црвено-црно, од младо до старо, од сите делови на Скопје и Македонија..

ФК ВАРДАР МАКЕДОНСКА ГОРОДОСТ - ФК ВАРДАР ТОА СМЕ НИЕ!
ВАРДАР НА НАРОДОТ И ГРАЃАНИТЕ!
ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ ВАРДАР!

Ќе се бориме, за овој гигант повторно се вивне во височините..

Се е минливо само ти си вечен! ⚫

НЕ МОЖЕ ДА УМРЕ НЕШТО ШТО НЕ УМИРА!
FB_IMG_1595845591239.jpg

ЕХ МОЈ ВАРДАРЕ

Извадок од "Монографија 40 години ФК Вардар"
FB_IMG_1595845521701.jpg


Ладо Јакше, меѓународен фудбалски судија од Љубљана:
„Градот на Вардар беше за мене голем предизвик. Се воодушевував од неговите убавини. Тешкиот земјотрес во 1963 година го разурна градот. Уште во урнатини, само неколку недели по катастрофата, дојдов да го судам првиот натпревар по земјотресот меѓу Вардар и Динамо од Загреб. Уште луѓето живееа на улици, по шатори, но масовно дојдоа на натпреварот, кој покажа дека Скопје е живо и дека Вардар продолжува да ја пишува својата богата историја.
Кога по неколку години пак дојдов во Скопје, солзи радосници ми надојдоа. Ги снема урнатините, изникна нов убав град, а фудбалскиот клуб Вардар брзо чекореше кон врвот.“ линк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom