Го отупевте со небитни информации. Се понашате ко да живееме во нормална држава. Да ги тргнеме успесите на ФК, РК и ЖРК на страна и да размислиме дали клубот работи стабилно со планови за иднина? Не. Се фрлаат пари колку да се освои нешто и да се излаже народ као еве титула земавме. Менаџери се сменија милион, а да не збориме дека секој покондурен сељак стигна да биде директор и менаџер. Бренд како Вардар не смее да си дозволи да има директори што од кафана не излегле. Дали од основањето на Вардар до ден денес, се има документ црно на бело дека сме продале некој талент и парите завршиле во клубот, а да не се поделени меѓу менаџерот на играчот и директорите во управа?
Тие фамозни пари од УЕАФА и од учество секоја година иста приказна, ги чекаме, не се префрлени, од државата исто, а на крај се тоа завршува во приватни џебови. Ок Самсоненко е еден од најдобрите спонзори што сме го имале, ама што остави он за Вардар? Академијата е негова, тренинг кампот е негов, автобусот па и тој е негов. Освен живуркање од година за година на долг план не е ништо направено. Грдни пари се фрлија по тие академии те фудбалски те ракометни, и што виде Вардар од тоа? Кој талент излезе од таму? Ниту за наш тим не извадивме нешто ниту па сме направиле некаков трансфер милионски.
А, како и да се направи кога тие академии се создадоа за перење пари, играат деца чии родители платиле на тренерот, нема врска што се со две леви нозе. Сакаме некакви успеси, а клубот ВТОРА година по ред не добива лиценца. Па кој нормален играч ќе сака да дојде у ваков клуб? Лигата да тргнеме на страна што е мизерна, ојлевци дојлевци стигнаа да не бркаат од Градски и да креваат цени, па се игра по терени ко Маџари и Ѓорче.
Играчи си одат кога сакаат, памти ли некој дали сме земале оштета од некој играч? Матни договори се потпишуваат па затоа играчот коа ќе му прдне ќе си отиде, а некој ќе се офајди од тоа. Златни деца си отидоа од Вардар и допрва ќе си одат, а ние како клуб аир од тоа нема да видиме. И како после да имаме успешен клуб?
И да, без разлика дали господинот С.С. вложил 5 милиони во една сезона или 100.000 евра, клубот го земал чист, чист треба и да го врати. Со 0 долгови. Не бидете смешни дека сите пари доаѓаат од негов џеб, има на дресот еден куп спонзори. И да има 70% удел во инвестициите, самиот се нафати на тоа. Мене не ме интересира ни ВМРО ни СДСМ, ни Ратко ни курци палци. Го кочеле, му стопирале градби тоа е негов проблем. Вардар беше со 0 денари долг, и должност му е да го подмири тој долг од 2м.
Не си правете филмови дека постои спонзор на светов што ќе плаќа туѓи долгови од љубов према клубот. Па вие што сте со години на трибини утре да имате пари нема да го подмирите долгот, нормално затоа што не е ваш. Затоа нема никаква логика да се крстите во некој анонимен Бугар.
И на крај кога се ова ќе се земе во обзир, ќе сфатите дека ништо не се мрднало од мртва точка во клубот со години. Тие успеси беа доволно за да ни замачкаат очи. На крај пак се враќаме таму каде што бевме во 2012, со додатни 2 милиони долг. Се до следниот спонзор кој ќе ни го наметне владата... и така се во круг.