- Член од
- 10 септември 2016
- Мислења
- 9.333
- Поени од реакции
- 19.031
Шо сакаше да кажеш со ова и со која цел го напиша?Мицковски пред малце во Топ Тема кажа дека е разочаран што Вардар дојде на вакво дереџе да нема пари да плати струја и владата неможела да помогне на клуб како Вардар ..
Кажа дека од мал бил навивач на Вардар и дека сега кога ке дојде Вмро на власт ке го врати Вардар на врвот ..
Мислам дека ова првпат јавно го кажува иако сите знаат дека Вмро стоеше позади Самсоненко .
Искрено се надевам дека не тераш некоја политичка агенда.
Секој има право да си навива за кого сака, без разлика кој е и што е па така и Мицкоски.Тоа што можеби го спомнува ова пред избори и сака да искористи некој поен е исто негово право, барем кај нас се знае дека во кампањите се зборува се и сешто, еден цело време се колнеше во деца а што остана за друго да спомнуваат.
Што значи тоа позади Сергеј стоело ВМРО?
Во моментот кога он реши да инвестира во Македонија, таа партија имаше апсолутна власт, и како и во секоја држава на Балканот нормално е да се тесно поврзани овие две страни на политичари и бизнисмени.
Можеби и самиот Самсоненко дошол баш во тој момент да инвестира овде за да се придонесе на руското влијание во државава, и тоа е дел од секојдневието и најнормална појава насекаде кога станува збор за таков вид на политика.
Најбитно од се е дека образот на Вардар остана чист, сите знаат дека Илчо и ФФМ не го сакаа Вардар, титулата не им ја доделуваше лично, многу пати се правеле пропусти и други клубови биле заштитени а Вардар оштетен баш во тоа време.Навивачите(зборам за целокупно како група и Комити и обична публика, дали поединци имале нешто и сакал некој да користи тоа не знам) исто си го зачуваа образот, не тргнаа да тераат туѓи идеологии ниту да застапуваат ставови на државата од која доаѓа спонзорот, за разлика од други навивачи кои кога би дочекале таква можност би се претвориле во нешто друго.
Единствена работа што фрлило дамка е со користење на играчи во рекламни спотови, но за тоа одлучува газдата.
Успехот во европските купови докажа дали Вардар бил подржуван од некого за да стаса до титулите во лигата.
Последно уредено: