Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Мицковски пред малце во Топ Тема кажа дека е разочаран што Вардар дојде на вакво дереџе да нема пари да плати струја и владата неможела да помогне на клуб како Вардар ..
Кажа дека од мал бил навивач на Вардар и дека сега кога ке дојде Вмро на власт ке го врати Вардар на врвот ..
Мислам дека ова првпат јавно го кажува иако сите знаат дека Вмро стоеше позади Самсоненко .
Шо сакаше да кажеш со ова и со која цел го напиша?

Искрено се надевам дека не тераш некоја политичка агенда.

Секој има право да си навива за кого сака, без разлика кој е и што е па така и Мицкоски.Тоа што можеби го спомнува ова пред избори и сака да искористи некој поен е исто негово право, барем кај нас се знае дека во кампањите се зборува се и сешто, еден цело време се колнеше во деца а што остана за друго да спомнуваат.

Што значи тоа позади Сергеј стоело ВМРО?

Во моментот кога он реши да инвестира во Македонија, таа партија имаше апсолутна власт, и како и во секоја држава на Балканот нормално е да се тесно поврзани овие две страни на политичари и бизнисмени.
Можеби и самиот Самсоненко дошол баш во тој момент да инвестира овде за да се придонесе на руското влијание во државава, и тоа е дел од секојдневието и најнормална појава насекаде кога станува збор за таков вид на политика.

Најбитно од се е дека образот на Вардар остана чист, сите знаат дека Илчо и ФФМ не го сакаа Вардар, титулата не им ја доделуваше лично, многу пати се правеле пропусти и други клубови биле заштитени а Вардар оштетен баш во тоа време.Навивачите(зборам за целокупно како група и Комити и обична публика, дали поединци имале нешто и сакал некој да користи тоа не знам) исто си го зачуваа образот, не тргнаа да тераат туѓи идеологии ниту да застапуваат ставови на државата од која доаѓа спонзорот, за разлика од други навивачи кои кога би дочекале таква можност би се претвориле во нешто друго.

Единствена работа што фрлило дамка е со користење на играчи во рекламни спотови, но за тоа одлучува газдата.
Успехот во европските купови докажа дали Вардар бил подржуван од некого за да стаса до титулите во лигата.
 
Последно уредено:
@Клипче ова дека ти го дружеше во келн. Ти самостојно го спаси вардар со твојот пријателски дух.
Чекам да се објави што е бомбата за утре па ќе ви кажам што е зборено у штаб ;):icon_lol:
 
На Балканот спортот и политиката одат во пакет, не сме го измислиле ние тоа. Дај боже да имаше уште 10 ко СС што ќе фрлаат пари у МК спорт.
Власта индиректно секогаш помагала одредени клубови, пред се оние преку кои можат да добијат на политички поени, а таков несомнено е Вардар.

Во врска со евро лиценцата, што ако се подмират играчите и останатите во клубот, доколку летово некој не се нафати да го финансира Вардар. Ако е само за да играме едно пред коло, подобро е воопшто тоа да не се случи.
Мое мислење е дека ќе се добие лиценца, а оваа управа ќе биде тука додека не стигне надоместокот од УЕФА што му следи на учесникот во ЛШ (пошто најверојатно нема да има шампион) чисто за да пребие дел од тоа што го исплатил.
 
У пм, ми викаат чекаме уште...

Пиши пропало... Демек тензија се прави, као демек у 90та ќе објават спасени сме и ние сите у транс ќе паднеме. Ако имаа добри намери нема да чекаат до задње. Немаат никакви намери очигледно.

Ништо нема да се смени како и да заврши причава.
 
Пиши пропало... Демек тензија се прави, као демек у 90та ќе објават спасени сме и ние сите у транс ќе паднеме. Ако имаа добри намери нема да чекаат до задње. Немаат никакви намери очигледно.

Ништо нема да се смени како и да заврши причава.
Хаоси брат.... Си играат со нас
 
Многу се нервирам, до кога ќе се уништува се што е македонско и вреди. Немаме држава, немаме народ, немаме име, немаме јазик.
Вардар, последниот бастион на македонштина ќе пробаат да го уништат. Сега го кубат пирејот, ќе никне повторно, но да не биде доцна.
 
Ќе никни кога ќе станат Гоце, Даме, Узунов и низа од последните херои а со денешните манекени нема да никне.

Sent from my SLA-L22 using Tapatalk
 
Се е под контрола , не се секирајте ,ние ќе ве спасиме пак

IMG_20200515_002022.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom