Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
У Велес лудило у секоја смисла, забрана за публика, стадионот има публика, резултатски исто неочекувано, 3-0 за домаќинот Борец.

На трибини пак уште поголема лудница, Гемиџиите после добра интервенција на Мустафа му го скандираат името неколку пати па после почнуваат да ја пеаат Абре Македонче :D
По некое време пак на судијата му ја скандираат добро позната "жена ти е курва судија" за само после неполна минута да му чукаат раце оти не досуди пенал за Искра.

Како и да е остануваме на +8 и со памет од другото коло.
 
Борец на најако се пуштил 4-0 хахахахахахахх, а одвај се движат по терен :D :D :D :D
 
Не знам зошто Васовски се реши да го врати на клупа Ибиши, а на негова сметка шанса во прв тим да му даде на Поп Златанов. Вториов, сиротиот, се труди и трча многу ама нема никаков квалитет како фудбалер и тотално безопасни сме во нападот со ваква поставеност. Вардар најдобрата игра сезонава ја прикажа кога конечно го добивме Ибиши како стандарден првотимец, не знам дали е до залагање на тренинзи или нешто друго тоа што повторно е на клупа, али Васовски треба да е свесен дека вака не иде.
Жуниор исто така не е истиот играч по онаа повреда против Шкендија во Тетово, до тогаш ни беше убедливо најдобар фудбалер, среќа Аврамовски се разигра во вториот дел од есенската полусезона и прерасна во лидер на тимот, па го задржавме водството на табела, али и он некако издишува во пролетниов дел, немаме играч во таква форма во клубот моментално и одма се осеќа криза во игра.
 
Среќа што шпоњарија се тешки тутурутки па одржуваме +8. Момциве треба да сватат дека секоја створена шанса ( посебно сторпоцентна) за нас е злато, и мора да се реализира. Не смее да има онакви заебанции као на Цветановски. Да постигнеше гол во таа ситуација, натпреварот и можеше комплетно да се промени па сега да имаме +11. Тоа се ситници коа се многу значајни за освојување на титулата. За ситуациите од кои ги примивме головите нема што да кажам, убаво објасни Сајбер погоре.
 
Следното коло ќе мора со Филип Илиќ на голот оти денес Гача доби 5ти жолт картон. Се надевам одбраната добро ќе работи и нема да дозволи многу шанси оти овој Илиќ кој знае во каква форма е, 3 години нема топка допрено па не ми е многу сигурен. Го има некој на припремите гледано како брани?

ПС: Сеа видов, и голманот на Струга денес добил 5ти жолт картон па и они значи ќе играат со резервниот голан.
 
Последно уредено:
Освен Гача и Адем доби 5 жолт. Кај Струга исто така голманот и оној шпицот што беше кај нас младиот нема да играа. Сепак, мора победа у среда, Гача се исчисти пред слога силекс и искра.
 
Освен Гача и Адем доби 5 жолт.
Грешка си, на Адем ова му беше веќе 6ти, 5тиот уште во есента го доби и ја одлежа суспензијата пред зимската пауза.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom