И да е се како што викаш (а, не е така), во тоа што напиша јас не гледам дека некој намерно го уништувал Вардар само затоа што е Македонски клуб, туку тие сакаат да го уништат Самсоненко затоа што САМИОТ ТОЈ СЕ НАПРАВИ да биде нивни политички противник.
Самсоненко одбра страна и не само што одбра страна, туку и го вклучи клубот во тоа. Кој го тераше да праќа ракометари по спотови на претходната власт?
Значи оправдано е што тој претходно беше перјаник на една политичка партија и остави простор да ни се ситат фанови на туѓи екипи и да ни викаат дека политички сме освојувале титули (не затоа што бевме светлосни години пред другите), а не е оправдано што овие намерно го блокираат затоа што не е од нивните? Тоа е политичка игра бе другар, ѓавол го тераше да влегува во неа.
Јас ти викам дека е погрешно тврдењето дека сегашната влада го уништува клубот дека е македонски.
Јас ти ГАРАНТИРАМ дека тој имаше НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ мноооогу пред да се смени власта и пред да му ги блокираат сметките.
Немам поим за тоа што тврдел членот кој го цитираше и да бидам искрен сигурно повеќе се разбираш од мене за тие работи (ќе го пингам
@Skopje Rossonera околу овие работи

), но имам знаења од ситуацијата на лице место. Мои најблиски роднини се замешани во водење на случаите околу градбите на плоштад и многу убаво знам кои се лицата кои му го накршиле и од која партија се. Верувал или не, не се од сегашната власт.
Дојдовме на толку ниско ниво што тренерите во школите не ги плаќаа ниту во годините кога не беше оваа власт. Вардар не им плати на Маџари за користење на нивниот терен, што е вистинска срамота. Имаа најразни долгови за превоз, што на навивачи, што на играчи. Извини за таков „тајкун“ тоа не треба да биде знак прашалник. Ќе земам од џеб ќе ги исплатам да го ебам, нема да чекам да ми одблокираат сметки за некои смешни суми на пари.
Самсоненко има изградено неколку станбени објекти низ Скопје или има удел во нив. Дел од нив се во населба Водно и во нив беа сместени (или уште се) дел од играчите на клубот.
Терените околу Градски ги доби за ич пари. На сметка на тоа што ја градеше салата во Аеродром и тениските терени, со сигурност има добиено плацови за изградба на територија на општината. Јас не викам дека некој друг му ги изградил објектите или слично, ама тие места можел да ги добие некој друг место него. Работава во моментов е што сегашнава власт си има свои фаци (за жал, албанци) кои се во градежната индустрија и наместо да се мавтаат со Самс, си играат со нив. Оправдано, тие нудат повеќе, он им е политички противник. И за се ова искрено ме заболе кур, што сака нека си прави во слободно време, проблемот е што овие свои лични проблеми се пренесоа на клубот. И две-три години се тапка во место, како во фудбал, така и во ракомет.
Мене секогаш ќе ми биде омилен лик кој го спонзорирал Вардар, ама нека не глуми жртва и уште повеќе да се палат сите ко млади мајмуни дека некоја партија намерно го буткала Вардар дека бил симбол на Македонштината.
Оваа партија веројатно не го сака клубот затоа што по преземањето од град Скопје, клубот беше претворен во партиско дувло кое не е од нивната боја. Во Вардар не смее да се мешаат политики, до тогаш клубот ќе има повремени блесоци, но на долга стаза ништо не правиме.
Сепак, спонзори нема ни за лек. Самс е будала што дури и со придобивките од претходната власт, се вмеша во инвестиции во спортот. Па, нема ниту еден Македонец што би фрлил толку пари во бунар. Тоа се неповратни инвестиции, на страна приказните за некакви трансфери на млади таленти. Од друга страна, просто изненадувачки е како дозволи некои други да му го водат фудбалскиот клуб кој реално може да биде поголем извор на пари (настапи во Европа), со далеку посериозни вложувања. Он беше безгласна именка во клубот, што остава простор за сомнежни дека друг го водеше ФК (you know who

), а РК си беше под негова палка.
Околу спотовите на шверцери и балисти. Ние како група сме навредени од тоа, но штета не видовме.
Зборувај ми за казните што ги плаќа групата за Нерези, Кале (сценирано директно од власта), шок бомбите во Битола, неколкуте гостувања во Тетово по кои директно автобусот го носеа во станица, ќотекот од куп натпреварот со Шкендија, инцидентот на плоштад и одењето на тогашниот премиер на посета кај детето од Чаир и секако, Бате Боле

Оваа власт не ни доби прилика да направи штета, затоа што групите веќе одамна ги погребаа.
Со вакви приказни дека некој имал против КЛУБОТ, се тера некој филм која ги одвраќа од трибина сите што сте не се за политика. Едноставно на ниту една партија не и е дојдено на ФК Вардар. Ќе ги заинтересира само ако намирисаат профит. На сметка на тоа што на трибина има еден куп пролазна дечурлана што тера патриотски филм и за една година нема да знае каде е стадионот, се изгубија генерации од навивачи кои ги интересира Вардар, кои ќе ти ги набројат сите играчи што продефилирале во клубот.