Сетете се што ви зборев за Максимов, Попзлатанов и Цветановски.
Со такви фудбалери, максимум средина на табела. Млади биле, имало фудбал во нив.
Ништо нема во нив, дрва недоделкани.
Овој Мицевски не можеше попичкарска партија да одигра. Во ниеден дуел не влегуваше.
Евидентно е дека фали играч во средината, не може да играш фудбал без креативец, без човек што ќе води топка.
Денес преодна оценка само за Брдаровски кој имаше одличен дуел. Барсегјан одигра солидно, се гледа дека отскокнува со квалитет. Битанг солидно си вршеше работа, ама човекот доби улога да ја креира играта, а труп е со топка. На крај го ставија крило да игра.
Тошевски очобол, да беше Хамбар ќе ги искинеше по таа страна. Сто пати имаше шанса да се пробие, а ништо не направи.
Максимов трупесија невидена, Попзлатанов сто пати проба иста финта и само се фрлаше да изнуди фаул. Нема никаква продуктивност од него, дури и Петар Петковски беше поефективен на крилна позиција во минатото, а за Асани да не правиме ни муабет.
Одлуката да настапи Бериша како стартер не ја ни коментирам.
Исени беше очаен во минутажата што ја доби, а во одбрана Новак и Манев имаа просечна партија. Мака мачеа со тој црниот што им играше во напад на Пјуник.
На крај го издвојувам ЛИРА. Човече од која плажа го собрале дебилов? Одма се гледа дека врска си нема, да ги ебам и Блашко и Орце и сите што ни подвалуваат вакви играчи.
Реално тимов е чист просек и мака ќе мачиме и во македонско првенство. Се фокусираш на центаршутеви, прескокнуваш средина, а нема кој да нафрли. Го имаш Максимов што еден воздушен дуел не доби како напаѓач. Немаш ниту еден креативец во средина, не е на арно работата.
Плус, ситуацијата околу клубот е распад систем, така што и покрај послабата конкуренција во Македонска лига, ќе биде многу тешко да се надеваме на титула.