На страна што испаднавте, ситуацијата кај вас е следна: (и сакам добронамерно да бидам сфатен пошто вие треба да бидете еден од двигателите на мак фудбалот.)
После 8 години стабилност на секаков план (финансиски, организаторски, играчки, фудбалски) прв пат се соочувате со криза. Вие сте биле во ваква ситуација претходно. Дури сте биле за греота. Само треба радикални промени за да излезете од ситуацијава. Секоја чест за Панчев како играч ама братот имаше милион шанси во овие 20 години да направи успех. Човекот нема дадено ништо за македонскиот фудбал. Ништо. И да бидам фер не е само Панчев проблем во ситуацијава.
А вие како клуб имате и те како подлога за брзо враќање во нормала од вакви кризни ситуации.
Само не знам дали има луѓе за такви работи.
Пример: Предминатата сезона Звезда беше прво место и му бегаше на Партизан добри 12-3 бода. Ја изгубија предноста, го ставија в.д. тренер Бошко Ѓуровски, го изгубија и купот. Останаа со патлак.
Направија рез од тренер до економ. Правилен избор на играчи (за разлика од кај нас тие имаат млади играчи кои можат да сносат товар да играат во голем клуб) тренер полн-погодок и резултатот дојде одма. За факинг три месеци влегоа во групи ЛЕ и за малце не ја елиминираа ЦСКА Москва во нокаут фаза. Во слична ситуација годинава е Партизан. Ќе видиме како ќе движат.
Ја следам ситуацијата и кај татариве.
Колку и да се во хаос. Испаѓаат од екипи за потсмев од Казахстан, Лихтенштајн итн. Знаат да се извадат од лошата ситуација. Брзо. Ефикасно.
И едните и другите имаат фудбалски имиња кои си ја знаат работата. Имаат менаџеришта. Имаат тренеришта. Имаат играчишта. Ние немаме ништо од тоа. Затоа кризите ни траат долго и додека се соземеме од боксовите што ни ја дава ситуацијата отишол возот.
Мора да има некоја хиерархија. Не може сите да си прават како што им одговара.
И секогаш ми било чудно како како најуспешен клуб во Македонија не правите маркетинг. Човече како сакате да одржувате и да зголемувате број на навивачи? Клубовиве од Балканов им организираат средби по основни школи, одат фудбалериве, делат автограми, капи, маици...Толку да нема луѓе кај нас да им работи малце мозокот да направат нешто.
И не е само со вас така. Во целокупно општество сме у некоја тешка апатија. Незаинтересирани. Разочарани...
Човече лани игравте Лига Европа групи. Место да го надоградувате тоа вие 200 чекори назад.
Мора јасно да и погледнете на ситуацијата во очи и да излезете брзо од ова.
Јас како фан на друг клуб од страна вака ги гледам работите.