Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Пратете го Попов, при првиот гол лоша офсајд замка, на вториот и третиот исто чува воздух, и излегува од линијата, тешко со него како централен стопер, научен е на повеќе слобода како бек.
Али мислам дека со Новак и Тошевски може нема да е толку лошо..
Голем проблем може да излезе неуиграноста на задната линија.
 
Јас убаво напоменав дека имаме добра основа, ама да не се залетуваме претерано. И баш ги потенцирав проблемите во одбраната, каде најмногу се импровизира во моментов. Тошевски и Попов се форсираат на стоперските позиции, а на лев бек сме останати со дете од 17 години. Оној Реџепи е мислам везњак исто, ама во недостаток на други решенија, го играат како лев бек.
Неверојатна лудост е да се игра Попов во овој денешен фудбал базиран на многу трчање. Човекот е се побавен како му проаѓаат годините, физички неспремен да прати едно повисоко темпо на игра, после 15 минута не можеше да дише. Он може да пројде единствено во лига како нашава, каде се уште сме сведоци на застарен стил на фудбал, без многу трчање, а се над тоа за него е огромен терет.
Вчера се вратија нашите од негатива и покажаа карактер, ама сепак ова беше пријателски натпревар. Во натпревар за бодови, тешко дека сериозна екипа ќе ти дозволи да се вратиш. Загрижува фактот дека за неполни 10 минути, Марибор многу лесно успеа да ни бутне 3 гола. Она што ни беше најсилна страна со години, сега испаѓа дека е најголем проблем. Стварно не разбирам како досега не успеаа да договорат еден солиден стопер, а имаат мал милион солуции...
 
Не е само физичката подготвеност проблем кај Попов, проблем е и неговото залагање и одговорноста која дефинитивно ја нема, со Домжале на пример одигра солиден натпревар, си беше внимателен, а вчера во неколку наврати кога излетуваа не се ни обидуваше да стигне, ќе излета на средина на терен и се шета после назад, не е тука проблем само немањето снага, колку што е немањето желба и одговорност.. Не знам што е со Новак, и зошто го немаше на двата натпревари, а и каков е проблемот со Максимов, затоа што во моментов најмалку ни се потребни дополнителни заминувања. Во секој случај, одбраната е ултра-критична, штопер и лев бек мора да се носат, во средниот ред и нападот ако ништо друго има доволно играчи, а и помалку болни позиции се за фрлање во оган на некои од младинците.

П.С. Греота е и Тошевски да се троши како штопер, а мене воопшто и не ми е за таа позиција, многу поголем ефект би имал како десен бек, а не е лоша опција и доколку се донесе барем еден нов штопер, Тодоровски да се пушти на позајмица во некој mid-table тим од наша прва лига, а Брда да остане како бек-ап на Тошевски
 
Лошо е што веќе нема ни шпекулации за нови засилувања, а очајно ни требаат 3-4 плус Новак и Максимов.
 
Брдаровски, мислам дека он е моментално и најдобар и најстабилен бек у Вардар, а може да игра и лево, и тоа доста квалитетно.
Стоперска позиција мора да се засили.. само не знам кога планираат да го направат тоа, а тоа може да не кошта многу у Европа, невоиграност на штоперите, неразбирање, немање комуникација, како кога го силуваа Глишиќ по десна страна кога игравме во групна фаза, се губеше во простор, лошо покриваше не пратеше линија никогаш..
Новак знам има ситна повреда, а Максимов ни трага ни глас, наводно решавал некој приватни проблеми..
За сега позицијата на Битанг некако не му одговара како последен играч за врска, таму Мицевски изигра одлично, одговорно, тактички зрело.
Јуфо има фудбал у него, ама многу слабо се покажува до сега, па ќе видиме, може и да разочара може и да блесне.
У главно муабетот ми беше, дека како професионален и амбициозен клуб требаше да се примети не квалитетот на некој позиции и веќе на истите да има засилувања.
На пријателските не се игра така грубо па младите имаат повеќе простор за игра, у наше првенство ропаците од некој тимови ќе ги искинаат у дуел и физкчки нашите млади играчи, тешко ќе можаат да добијат дуел.
Но се надевам некој анализира(читај Бабунски) и гледа што фали во тимот и што треба да се подобри.
 
Navodno 4ca afrikanci na proba ke idele od koj so 3ca ke sme potpisele.
 
Od kaj ti e informacijava?

Изворот на информацијата никогаш не се открива.

Дај бе не глумете демек имате интерни информации а ништо не погодивте.
Сосем у ред е да не израдува овде некој со инфо за трансфер или нешто слично, ама барем да е точно.
Вардарецц све што пиша , ништо не се реализира... Од трансферот на тој левиот бек од Земун за прошла сезона, и тој Ивановиќ сеа што е звезда, па до романецон и тој црнецот од втора Турска-лига дека се сигурно потпишани.
 
Страшна работа! Нема дерман веќе од инфилтрираниве „информатори“...
П.С. Јас да дадам едно веродостојно инфо, а тоа е дека Максимов се вратил повторно во тренинг базата;)
 
Се' си мислам дека се заебава намерно со нас :D
 
Јас од она што го знам е дека нема да има нови засилувања, односно не по секоја цена.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Страшна работа! Нема дерман веќе од инфилтрираниве „информатори“...
П.С. Јас да дадам едно веродостојно инфо, а тоа е дека Максимов се вратил повторно во тренинг базата;)

Да, на 23ти пред два дена, имаше fkvardar.com објавено дека после ден пауза се продолжува со редовен тренинг, и самата објава беше со слика од Максимов у кадар, што индиректно сакаа да потенцираат дека е вратен меѓу играчите , пошо ден-два претходно некој портал објави дека го напуштил тренинг-кампот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom