- Член од
- 11 мај 2008
- Мислења
- 3.358
- Поени од реакции
- 7.343
Во еден нормален клуб, спортски директор и тренер даваат предлог на кого според нив треба да му се продужи договорот, а условите треба да ги договара извршниот или Симев во случајов. И не можат они да решаваат на своја рака што со играчите, сепак тоа е политика на клубот и они треба само да се придружуваат до тоа. Со ова ни најмалку не сакам да го амнестирам Панчев од одговорноста за досега сработеното во преодниот рок. Веќе го наведов истото претходно.Не ми беше целта да ја префрлам вината на нив, само чудно ми делува нивното залагање, изјавите кои ги даваа, за сега се да оди кон тоа дека стануваме само просечен македонски тим, и според заминувањата и според засилувањата. Освен Вучиќ, кој изгледа беше само обична шпекулација, засега ниту едно асално име не се спомна како засилување, оној Жулпа само екипа.мк го најавува така да веројатно и тоа е некоја глупа шпекулација, а од играчиве од Пелистер, освен Тошевски кој издвојува ама доаѓа на позиција која и онака ни беше добра, другото е просек, и нема ништо ново да донесе. Иначе, за Николов и Велковски уште летото мислам имав пишано, ако не летото, тогаш сигурно есента, дека нивните договори истекуваат во јуни, а тука малку вина има и кај Чеде и Панчев, со нив требаше да разрешат на што се уште во септември-октомври, а не сега да глумат изненадени, истото важи и за Муслиу, не може да не знаеш дека играчот што игра најдобра полусезона ти е на аматерски договор. А, Николов беше печен за продажба летово, само што тешки идиоти очигледно работат во Вардар, па на крај Спировски го шитнаа. Дечкото минатата сезона имаше страшна статистика, ги одигра сите натпревари за у21 и во квалификации и на европско, 500 илјади се вадеа ко ништо, друга работа е што реално нашата игра воопшто не зависеше од него и лесно ќе го заменеа (не сакам да го дискредитирам, секогаш оставал 100% на терен).
П.С. Ако веќе и Даре е пред трансфер, нека пробаат со Зајков, барем на 6-месечна позајмица, ете Чеде има конекции во Белгија, па во меѓувреме ќе бараат солуција за на лето, а како што гледам од јуни слободен играч ќе биде Нехар Садики од Работнички, ми има добар впечаток оставено и по стил на игра е доста сличен со Муслиу.. И кога сме веќе кај штопериве, некој да не го гледал Личина сезонава за Скопје ?
П.С. Забораваш дека и на Спировски му беа останати 4 месеци од договорот, па и него беа приморани да го продаваат.