Чекајте сега кога ќе го земеме Вучиќ на лев бек, општо познато е дека 20 годишни деца кои се избрани во тим на сезона во Србија го бираат Вардар пред Ѕвезда, Партизан и Војводина. Промашени се трансферите и на оние од Пелистер, освен можеби на Цветановски само затоа што е млад. Поп Златанов и посебно Тошевски се добри фудбалери ама и двајцата се десни бекови, позиција на која сме најдобро пополнети во тимот, со тројца играчи од кои едниот е најголемиот талент на тимот. Сега ги имаме петорица таму, тие муабети може да игра и како крило и како лев бек не ми се допаѓаат воопшто, ако ти треба лев бек купи лев бек не да покриваш со играчи од други позиции.
Не ми е јасно како може просечен бугарски прволигаш како Ботев Пловдив да носи јужноамерикаци кои потоа ги продава по Апоели и Розенборг, а ние уште да се брукаме со вакви полуаматери. Уставри цела бугарска лига е полна со Хуан Фелипиња, не знам со кои менаџерски агенции соработуваат они, а со кои ние што сме волку очајни. Уште да почнат да си одат фудбалери и ќе биде ова катастрофален трансфер период.