Абе за вакви не треба да се чека настап па да се суди, 23 полни години, а буквално не постои на фудбалската мапа, никакви информации нема за тоа кај настапувал, а камоли за статистика. Ако Јаго и африканците беа „сумљиви“ со сепак какво-такво педигре, што останува за овој, па кутриот ни видео нема склопено, веројатно пошо нема ни играно утакмици за да склопи видео. И нека не продава Панчев филмови не сакаат да доаѓаат овде, лоша била лигата, знаеме како стоиме во фудбалскиот свет, ама играчи од рангот на Барсегјан, Фелипе, Хоф кога дојде, Максимов, ете можеш да донесеш, и такви засилувања се бараат кога веќе се носат странци. Веројатно ќе се насочат кон некои од африканците што се спомнаа (или пак некои нови), според тоа што го изјави Панчев, а инаку негира понуда и преговори за Велковски и Муслиу. Николов најверојатно ќе бега..